Те удираат по џебот и не ти даваат да плачеш

Граѓаните што се исклучија од парно мора повторно да се вклучат до 1 октомври, а ако не сакаат да грејат на овој начин ќе треба да плаќаат фиксен надоместок. Истовремено, струјата поскапе за 10 отсто, а се укинува и денската евтина тарифа.
Со новиот правилник на Регулаторната Комисија за енергетика, стигнаа и новите обврски за граѓаните. Потрошувачите што се откажаа од користењето на парно и се исклучиле од системот ќе треба повторно да се вклучат до 1 октомври, а доколку не сакаат да склучат договор за снабдување со топлинска енергија ќе треба да плаќаат фиксен надоместок, вели членот на Комисија Руфи Бакиу.
Во 2009-та година Уставниот суд на Македонија едно слично такво законско решение го укина. Мислам дека нема законски основ на таков начин со подзаконски акт да се доуредуваат таквите прашања, но моите колеги мислат поинаку од мене, но тие не се правници и затоа нашите гледишта се разликуваат..
Руфи Бакиу, Регулаторната Комисија за енергетика.

Според новите правила, потрошувачите што нема да склучат договор ќе треба да добијат согласност од станарите во зградата за да не користат топлинска енергија и при тоа ќе треба да и платат на топлификација по 10 денари од квадрат, односно за стан од 60 квадрати, ќе треба да плаќаат 600 денари месечно за услуга која нема да ја користат. Според правилникот, оваа обврска нема да важи за оние граѓани што живеат во згради што се целосно исклучени од системот за греење.

Сметка за парно.


Бакиу вели дека во Комисијата гласал против донесувањето на ваков правилник затоа што ваквите ограничувања на потрошувачите се незаконски.

„Во 2009-та година Уставниот суд на Македонија едно слично такво законско решение го укина. Мислам дека нема законски основ на таков начин со подзаконски акт да се доуредуваат таквите прашања, но моите колеги мислат поинаку од мене, но тие не се правници и затоа нашите гледишта се разликуваат.“
Се работи за една фирма која држи монопол на греењето во државата, но мислам дека треба граѓаните да се остават на свој избор за тоа дали сакаат да користат парно.
Анкетиран граѓанин.

Но тоа не е сè. ЕВН со новиот ценовник дополнително ги изненади граѓаните со укинувањето на евтината тарифа. Како што стои во новиот ценовник на ЕВН, кој стапува на сила од денеска, евтината струја која граѓаните ја користеа од 13 до 16 часот се укинува и нема да важи, туку електричната енергија ќе се пресметува по другата - поскапа тарифа. Останува да важи само евтината тарифа на струјата во ноќните часови - од 22 до 07 часот.

Граѓаните велат дека се револтирани од сето ова, затоа што џебот секој месец им станува се поплиток. А што се однесува до парното и новиот правилник велат дека со него се создава монопол и се кршат правата на потрошувачите со тоа што им се наметнува со сила да користат и да плаќаат за услуга која не сакаат да ја користат.

„Се работи за една фирма која држи монопол на греењето во државата, но мислам дека треба граѓаните да се остават на свој избор за тоа дали сакаат да користат парно.“

„Ако не сакам да користам, нема да користам, Топлификација нема право да присилува некого.“

„Да, но трпат оние кои плаќаат на сметка на оние кои се исклучија. Ова е нож со две острици.“

Регулаторната комисија очекува дека со новиот правилник, односно со приклучувањето на сите исклучени станови ќе им се намалат сметките на постојаните корисници и ќе се намалат злоупотребите од граѓани кои го исклучуваат парното, а потоа на диво се вклучуваат во системот.

Од Организацијата за заштина на потрошувачите велат дека во новиот правилник во најголем дел се прифатени нивните барања, за средување на хаосот со корисниците на парно греење кој настана по масовното исклучување на граѓаните од системот. Само минатата година околу 20 илјади луѓе се исклучија од системот за снабдување со топлинска енергија поради високите цени.