Богатството од 10 илјади златни фунти останало во Националната банка на Грција, со обврска главнината да остане за банката, но каматата да се користи во Битола за добротворни цели.
Досега безуспешно, две децении, битолскиот професор Александар Стериовски се обидува на Битола да и го врати големото богатство што пред повеќе од еден век и го оставиле браќата Пиника. Богатството од 10 илјади златни фунти останало во Националната банка на Грција, со обврска главнината да остане за банката, но каматата да се користи во Битола за добротворни цели. Но, јужниот сосед сега не признава дека постои таков тестамент.
„Јас 20 години се борам да се обидеме да се добијат тие пари. Знаете што значи сто години, камата на камата. Малку ми е и смешно, веројатно ме третираат како Дох Кихот кој се бори со ветерните мелници. Но, јас парите ги барам за градот. Најдов адвокат битолски кој се виде со адвокат од Солун. Тој бил во Атина во банката, а од таму му рекле дека таков тестамент нема. Јас го имам тестаментот, на грчки јазик е“, вели Стериовски.
Пари од донацијата стигнувале се до 1926 година, а потоа испораките запреле.
„Причина да прекине таа достава била тоа што Битола тогаш територијално се проширила. Станала област која опфаќала простор од Дебар до Струмица. Нашле рачка Грците дека тестаментот не одговара на фактичката состојбата. Сега треба, не пари да даваат, не за некој град, туку за цела област и ги прекинале доставите“, објаснува професорот.
Инаку браќата Јован и Теохар Димитриу, познати како Пиника, биле сиромашни битолчани кои живееле во 19 век. За да го платат патот за печалба од црквата „Св. Димитрија“ во Битола украле сребрен бутир. Ветиле дека ако спечалат пари, стократно тоа ќе го вратат. Заминале во Александрија и станале богати луѓе. Ја помагале Битола, го обновиле покривот во „Свети Димитрија“, го изградиле стариот објект од библиотеката, подготвувале чеиз за сиромашни девојки и друго.
Јас 20 години се борам да се обидеме да се добијат тие пари. Знаете што значи сто години, камата на камата. Малку ми е и смешно, веројатно ме третираат како Дох Кихот кој се бори со ветерните мелници. Но, јас парите ги барам за градот. Најдов адвокат битолски кој се виде со адвокат од Солун. Тој бил во Атина во банката, а од таму му рекле дека таков тестамент нема. Јас го имам тестаментот, на грчки јазик е.Александар Стериовски, професор.