Со понсики цени на храната и пијалоците, струшките угостители се обидуваат да привлечат повеќе гости ова лето. Но се жалат дека досега сезоната поминувала многу послабо во однос на истиот период лани.
Струшките угостители со пониски цени на храната и пијалоците им контрираат на своите охридски колеги. Но по се изгледа дека и тоа не е доволно. Се жалат на слаба туристичка сезона до сега. Велат дека повеќе гости во градот имало само за викендите.
Боро Симјаноски е сопственик на „Женска плажа“ каде деновиве на прсти можеа да се избројат туристите.
„Очекувавме многу повеќе. Не е тоа тоа што го очекувавме. Можеби влеговме преоптимистички. Овде во Струга претежно се домашни и гости. Нашава понуда е многу подобра од охридската и во цени, плажите се средени тука се во град. Цените на храната и пијалоците се за 40 отсто поевтини од Охрид“, вели Симјановски.
И сопствениците на тезги на кои се продаваат разни реквизити за на плажа се жалат на слаб промет до сега. Велат дека во истиот период минатото лето имало многу повеќе работа вели Ариф Бичак, сопственик на тезга.
„Очекувавме повеќе гости. Викендите има повеќе гости.“
РСЕ: Како беше во истиот период лани?
„Подобро беше имаше повеќе гости, а годинава послабо. Каде одат гостите не знам“, вели Бичак.
Од Хотелите, пак, го тврдат спротивното. Задоволни се како се исполнети со гости нивните капацитети. Елизабета Маркоска од оделот за продажба во хотел Дрим вели:
„Исполнетоста во хотелите Дрим и Београд е максимална. Имаме голема заинтересираност кај индивидулаците од нашата држава и околните држави. Од гостите најмногу имаме од Холандија, Албанија, Грција и Турција. Добро работат и останатите хотели. Имаме специјални летни промоции кои ги нудиме на нашите гости.“
Туристите со кои разговаравме велат дека им се допаѓа Струга поради близината на плажите и условите кои ги нуди за фамилијарен одмор.
„Од Штип сме. Од секогаш во Струга доаѓаме и ми е многу убаво. Плажата е убава, не треба да си врзан со превоз. Го сакам народот. Охрид го прерипнувам одам само на шетање. Како Струга нема друга“, вели турист од Штип.
„Од Неготино сме. Одлично е.10 дена остануваме. Тука е подобро и поефтино од Охрид“, вели еден турист од Неготино.
Струга нуди и евтино приватно сместување. Најскапиот апартман е околу 30 евра, а може да се најде сместување и за 200 денари. Угостителите се надвеваат дека до крајот на летото сепак ќе поминат добро.
Очекувавме многу повеќе. Не е тоа тоа што го очекувавме. Можеби влеговме преоптимистички. Овде во Струга претежно се домашни и гости. Нашава понуда е многу подобра од охридската и во цени, плажите се средени тука се во град. Цените на храната и пијалоците се за 40 отсто поевтини од Охрид.Боро Симјаноски,сопственик на „Женска плажа“ во Струга.
Боро Симјаноски е сопственик на „Женска плажа“ каде деновиве на прсти можеа да се избројат туристите.
„Очекувавме многу повеќе. Не е тоа тоа што го очекувавме. Можеби влеговме преоптимистички. Овде во Струга претежно се домашни и гости. Нашава понуда е многу подобра од охридската и во цени, плажите се средени тука се во град. Цените на храната и пијалоците се за 40 отсто поевтини од Охрид“, вели Симјановски.
И сопствениците на тезги на кои се продаваат разни реквизити за на плажа се жалат на слаб промет до сега. Велат дека во истиот период минатото лето имало многу повеќе работа вели Ариф Бичак, сопственик на тезга.
Исполнетоста во хотелите Дрим и Београд е максимална. Имаме голема заинтересираност кај индивидулаците од нашата држава и околните држави. Од гостите најмногу имаме од Холандија, Албанија, Грција и Турција. Добро работат и останатите хотели.Имаме специјални летни промоции кои ги нудиме на нашите гости..Елизабета Маркоска, хотел Дрим.