Пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата се задоволни од најавите на шефот на ОН Бан ки-мун дека лично ќе се заложи кај грчките власти за забрзување на процесот за решавање на спорот за името.
Знам дека имате цел да се приклучите кон ЕУ и НАТО и знам дека имате пречка во оваа ваша цел. Императив е да се разреши прашањето за името. Јас сум посветен да помогнам, да олеснам во решавањето на ова прашање. Тука сум со мојот личен пратеник, медијаторот Нимиц и ќе го испратам во Атина за да продолжи со преговорите за ова прашање, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во своето обраќање во Парламентот.
„Може да сметате на ОН и во исто време ги охрабрувам премиерот, претседателот на државата и претседателот на Собранието да бидат обединети и посветени да го решат ова прашање. Двете страни мора да демонстрираат посветеност преку промовирање на позитивна атмосфера, преку нивните активности и јавни изјави.“
Партиите во Собранието посетата на Бан Ки-мун ја оценија како многу значајна, особено во делот на неговата јасно искажана подготвеност да се заложи лично во насока на надминување на спорот за името.
„Цениме дека е од исклучителна важност тоа што господинот Бан Ки-мун јавно потврди дека лично ќе се заложи за побрзо решавање на спорот за името, притоа повторно реафирмирајќи го многу значајното покровителство на ОН во овој процес кој има суштинско значење за евроатлантската иднина на Македонија“, изјави Јани Макрадули од СДСМ.
Демократската унија за интеграција очекува дека по ова преговорите за надминување на спорот ќе се интензивираат и очекува дека сите политички субјекти во државата ќе ги искористат овие заложби.
„Да се прифати од сите засегнати страни во Македонија, а посебно од сите политички субјекти оваа искажана добра волја за личен ангажман на генералниот секретар на ОН, да се искористи за целосно и што побрзо изнаоѓање на конечно решение на спорот за името“, рече Талат Џафери од ДУИ.
Во оваа партија се задоволни од тоа што генералниот секретар го забележал напредокот во развојот на мултиетничкото општество и недискриманацијата.
За ДПА, овој дел од обраќањето, пак, остава простор за потенцирање на реалноста која, како што велат, во меѓуетничките односи во Македонија стои поинаку.
„Не е направено ништо друго, туку тие измени на Уставот што се направија преку Охридскиот рамковен договор се вратија уште 20 години назад“, изјави Зијадин Села од оваа партија.
Бан Ки-мун пред пратениците искажа пофалби за посветеноста на земјава на изградба на мирно мултиетничко општество, развојот на децентрализацијата и мирното осамостојување.
Може да сметате на ОН и во исто време ги охрабрувам премиерот, претседателот на државата и претседателот на Собранието да бидат обединети и посветени да го решат ова прашање. Двете страни мора да демонстрираат посветеност преку промовирање на позитивна атмосфера, преку нивните активности и јавни изјави.Бан Ки-мун, генерален секретар на ОН.
„Може да сметате на ОН и во исто време ги охрабрувам премиерот, претседателот на државата и претседателот на Собранието да бидат обединети и посветени да го решат ова прашање. Двете страни мора да демонстрираат посветеност преку промовирање на позитивна атмосфера, преку нивните активности и јавни изјави.“
Партиите во Собранието посетата на Бан Ки-мун ја оценија како многу значајна, особено во делот на неговата јасно искажана подготвеност да се заложи лично во насока на надминување на спорот за името.
„Цениме дека е од исклучителна важност тоа што господинот Бан Ки-мун јавно потврди дека лично ќе се заложи за побрзо решавање на спорот за името, притоа повторно реафирмирајќи го многу значајното покровителство на ОН во овој процес кој има суштинско значење за евроатлантската иднина на Македонија“, изјави Јани Макрадули од СДСМ.
Цениме дека е од исклучителна важност тоа што господинот Бан Ки-мун јавно потврди дека лично ќе се заложи за побрзо решавање на спорот за името, притоа повторно реафирмирајќи го многу значајното покровителство на ОН во овој процес кој има суштинско значење за евроатлантската иднина на Македонија.Јани Макрадули, СДСМ.