Охрид под засилено обезбедување го дочекува Бан Ки-мун

Архивска фотографија: Претседателот Ѓорге Иванов и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Покрај од копно, безбедноста на Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун се следи и од воздух и од вода. Локалните власти ги тргнаа контејнерите од главниот булевар „Туристичка“ и „Македонски Просветители“ и ги поставија во споредните улички.
Безбедноста во Охрид е подигната на највисоко можно ниво. Сигурноста на високиот гостин, на Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун покрај од копно се следи и од вода и воздух. Колку полицајци го обезбедуваат градот од СВР Охрид не откриваат, велат имало доволно неопходно за ваков тип на гости.
Тоа е една голема обврска и чест за Охрид. Мислам дека ние како охриѓани сме подготвени да пречекуваме едни такви личности. Посетата на Бан Ки-мун е уште поинтересна бидејќи е по негово барање да се случи во Охрид и да го види Охрид онака како што му го раскажувале дека е едно од најубавите места во светот.
Симон Илиевски, долгогодишен новинар од Охрид.

На Бан Ки-мун друштво во Охрид и Македонија ќе му прави и неговата сопруга како и преговарачот во спорот за името Метју Нимиц. Тој е прв Генерален секретар на Обединетите нации што е во посета на земјава.

Од посебно значење тоа е за Охрид, еден од ретките градови во светот каде и природното и културното наследство се под заштита на УНЕСКО, меѓународната организација која се грижи за светското наследство, а која е под капата токму на Обединетите нации, вели долгогодишниот новинар Симон Илиевски.

„Тоа е една голема обврска и чест за Охрид. Мислам дека ние како охриѓани сме подготвени да пречекуваме едни такви личности. Посетата на Бан Ки-мун е уште поинтересна бидејќи е по негово барање да се случи во Охрид и да го види Охрид онака како што му го раскажувале дека е едно од најубавите места во светот“, вели Илиевски.

Локалните власти ги дислоцираа контејнерите од главниот булевар „Туристичка“ и „Македонски Просветители“ на други локации. Ги поставија во споредните улички за да не ги види Бан Ки-мун. Негов домаќин во Охрид му е претседателот Ѓорге Иванов. Бан Ки-мун ќе направи кратка обиколка и низ Охрид. Ќе ги посети Плаошник, Галеријата на икони, како и црквите „Света Богородица Перивлепта“ и „Света Софија“. Средба со него побара и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, но засега нема информации дали таква средба ќе биде реализирана.