Двајца повредени од пожарот во Струмица починаа, еден во животна опасност

Повредените во пожарот кај Струмица хоспитализирани во Градската болница во Скопје.

Двајца од повредените почина, а двајца се во критична состојба.
Двајца браќа, повредени во пожарот во Струмица, кои со големи изгореници беа хоспитализирани во Градската болница во Скопје попладнево починаа, а двајца за чиј живот исто така стравуваат лекарите и натаму се во тешка општа состојба. Во пожарот, четворицата повредени се луѓето кои биле во обезбедување на шумите и биле ангажирани во гаснењето, а најмладиот хоспитализиран е дете кое си играло во близина на шумата.
Имаат изгореници од над 90 проценти од трет и четврти степен. Едниот пациент е со изгореници од негде околу 50 отсто, тој исто така е витално загрозен, но во нешто подобра состојба во однос на претходните. Детето се наоѓа во добра општа состојба, со изгореници од втор степен, витално не е загрозено.
д-р Јасминка Чабуковска, директор на Градската општа болница во Скопје.

„Имаат изгореници од над 90 проценти од трет и четврти степен. Едниот пациент е со изгореници од негде околу 50 отсто, тој исто така е витално загрозен, но во нешто подобра состојба во однос на претходните. Детето се наоѓа во добра општа состојба, со изгореници од втор степен, витално не е загрозено“, изјави претходно д-р Јасминка Чабуковска, директор на Градската општа болница во Скопје.

Повредените во пожарот кај Струмица хоспитализирани во Градската болница во Скопје.


Таа посочува дека детето утре ќе биде префрлено на одделот за пластична хирургија. Во пожарот вкупната бројка на настраданите е 14. Во Струмичката болница состојбата на десетте хоспитализирани е добра и тие се наоѓаат надвор од животна опасност. Од Центарот за управување со кризи соопштија дека пожарот кој изби вчера попладне во Струмица и уништи 50 хектари борова шума е предизвикан од човечки фактор и дека надлежните најавија опсежна истрага.
Од она што го изјавуваа претставниците на Територијалната противпожарна единица, несомнено дека причината за избувнување на пожарот е човечки фактор. Ноќеска имаше дежурна екипа на терен, а денеска, од утрово веќе се отидени и прават обиколка претставници од Територијална противпожарна единица, од единицата на локалната самоуправа, од шумско стопанство.
Надица Вучкова, портпарол на Центарот за управување со кризи.

„Од она што го изјавуваа претставниците на Територијалната противпожарна единица, несомнено дека причината за избувнување на пожарот е човечки фактор. Ноќеска имаше дежурна екипа на терен, а денеска, од утрово веќе се отидени и прават обиколка претставници од Територијална противпожарна единица, од единицата на локалната самоуправа, од шумско стопанство“, информира Надица Вучкова, портпарол на Центарот за управување со кризи.

Таа посочува дека пожарот брзо се ширел поради сувата шума, но и поради ветерот кој дувал со променлив правец.

Противпожарните екипи не можеле да го смират огнот поради невремето кое се очекуваше во Струмица. Случаите како овие упатуваат на потребата од отворање работа и за судовите. Пред десет дена педесетгодишен жител подметна пожар од кој се запали цело село во светиниколско. Од МВР велат дека во случајот со селото Патетеино е поднесена кривична пријава против човекот кој го подметнал пожарот. Нема точни информации во колкав дел пријавите против луѓето кои подметнале пожар се процесуираат во судовите, вели Вучкова.

„По почнувањето на процедурата за кривична пријава, односно наоѓање на сторителот, веќе понатаму си презема МВР, шумска полиција, така што не е во наша надлежност.“

Паричната казна за предизвикување пожар се движи до најмногу пет илјади евра. Причините за подметнување пожар, според надлежните, се различни, но најчесто тоа е поради невнимание, кога од запалени стрништа може да се разгорат и големи пожари, а шуми се палат и поради добивање огревно дрво.