Жешкото време ја „исуши“ пченицата

Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија.

Земјоделците очекуваат намалување на приносите на пченица меѓу 15 и 40 отсто. Помалите приноси, според нив, се должат на минатогодишната суша, како и на дождовите кои оваа пролет доцна паднаа, а сега проблем се и високите температури.
Приносите на пченица се помали од планираните, но сè уште е рано да се зборува дали ќе биде потребно да се зголеми увозот на пченица, а со тоа да поскапат брашното и лебот во наредните месеци, велат од земјоделските здруженија. Македонија увезува околу 18 илјади тони пченица, кои покриваат половина од годишните потреби. Владата во изминатите години го услови увозот со тоа што за секој увезен килограм откупувачот треба да купи три килограми домашна пченица.
И покрај тоа што жетварите први влегуваат во полето, а последни излегуваат од полето, на нивните лица летово нема радост, бериќетот е слаб и во некои подрачја жетвените приноси ќе бидат преполовени. Во Пелагонија во приватниот сектор се очекува намалување на приносите за некаде 30 до 40 насто, а исто така во комбинатот Пелагонија ќе има намалување за 15 до 20 насто.
Вељо Тантаров, Сојуз на земјоделци.

Претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров вели дека жетвата е во полн ек, но годинашниот род е најслаб во последните дваесетина години.

„И покрај тоа што жетварите први влегуваат во полето, а последни излегуваат од полето, на нивните лица летово нема радост, бериќетот е слаб и во некои подрачја жетвените приноси ќе бидат преполовени. Во Пелагонија во приватниот сектор се очекува намалување на приносите за некаде 30 до 40 насто, а исто така во комбинатот Пелагонија ќе има намалување за 15 до 20 насто.“

Според Тантаров, добро е што и покрај ниските приноси, зрното е квалитетно и ќе може да се добие добро брашно. Цената на пченицата изнесува 15 денари по килограм.

„Ние се надеваме дека сепак на откупните пунктови ќе има повеќе пченица да се однесе во споредба со ланската година, затоа што годинашнава цена на пченицата што ја договоривме со мелничарите е значително поголема во однос на ланската година и малку од пченицата сега ќе оди за добиточна храна.“

И претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев вели дека жетвата во Пелагонија не е завршена и сè уште не се знае колкави ќе бидат годинашните приноси.

„Потоа ќе пресметаме дали треба пред време да се укине мерката за условен увоз на пченица или не. За цената колку ќе биде сè уште не се знае, и тоа ќе зависи од понудата и побарувачката. Сè уште е рано да донесуваме такви одлуки, меѓутоа за неколку дена, за 10 до 15 дена сите овие работи ќе бидат појасни.“

Помалите приноси, според нив, се должат на минатогодишната суша, како и на дождовите кои оваа пролет доцна паднаа, а сега проблем се и високите температури.