За странските мајка, за домашните инвеститори - маќеа

Почеток на изградбата на висококатниците на „Џевахир холдинг“ во општина Аеродром .

Стотина илјади евра државна помош за изградба на производствени објекти, обуки за вработените како и ослободување од давачки како царина и комуналии. Ваквите бенефиции за потенцијалните странски инвеститори неретко предизвикуваат реакции кај домашните фирми, од каде велат дека државата има дискриминаторски однос. Од надлежните институции, пак, забележуваат дека од македонските фирми речиси и да нема солидни бизнис планови со кои би им се доделило место во слободните економски зони.
На домашните инвеститори им се нудат поволности во општински индустриски зони, но и покрај тоа дел од стопанствениците велат дека странците се попривилегирани. Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека домашните компании треба да добијат ист третман како странците во соодветните зони.
Домашните фирми можат да се најдат во другите индустриски зони кои владата треба да ги промовира, а ги промовира колку што знам многу, но од тоа има многу слаби или никакви резултати и на тие домашни компании во тие индустриски зони да им се даде ист третман, односно исти поволности за креација на нови работни места, за внесување на нова технологија, за креирање на производ за извоз кој ќе ја подобри целата финансиска карта на Република Македонија. Не треба да се прави никаква дискриминација бидејќи на крајот на краиштата домашните фирми се тие кои треба да го понесат товарот на економскиот развој на државата.
Ристо Гуштеров, бизнисмен.

„Домашните фирми можат да се најдат во другите индустриски зони кои владата треба да ги промовира, а ги промовира колку што знам многу, но од тоа има многу слаби или никакви резултати и на тие домашни компании во тие индустриски зони да им се даде ист третман, односно исти поволности за креација на нови работни места, за внесување на нова технологија, за креирање на производ за извоз кој ќе ја подобри целата финансиска карта на Република Македонија. Не треба да се прави никаква дискриминација бидејќи на крајот на краиштата домашните фирми се тие кои треба да го понесат товарот на економскиот развој на државата.“

Гуштеров забележува дека државните контролни служби под капа на државата можат многу полесно да влијаат во домашните фирми.

Претседателот Ѓорѓе Иванов во посета на индустриската зона „Жабени“ во Битола.


„Да влезат и да извршат притисок кај домашните инвеститори, кај домашните фирми, отколку кај странските фирми ако во прашање е еден гигант како Џонсон Контролс или Џонсон Мети, спрема кој ќе се има едно далеку поинтензивно чувство на тоа да се решат проблемите на пријателски начин.“

Поинаку се третираат домашните фирми, забележува бизнисменот.

„А кај нашите домашни фирми, домашни инвеститори администрацијата е бескрупулозна и може да влезе во секој момент и на некој начин да изврши уцена на газдите, на компаниите за да добијат некои поволност како влада или како држава.“
Воопшто климата на инвестирање во Македонија не е таа што се прикажува. Ние цело време велиме дека тоа треба да се поправи, на тоа прашање треба сериозно да се гледа затоа што цело време ни недостасуваат свежи пари, а свежите пари доаѓаат преку новите инвестиции. А тоа натака значи нови вработувања, нови вредности и значи покренување на стопанството.
Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.

Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека стопанствениците немаат ништо против странските инвеститори .

„Додека од друга страна внатрешниот инвеститор нема никаков третман, дури некогаш не е ни рамноправен со оној што доаѓа од надвор, затоа што за него работите се отежнуваат, од причина што веројатно некој поинаку гледа на тој инвеститот и сака преку тоа да профитира лично.“

Кучи забележува дека и странските инвеститори се соочуваат со потешкотии при работењето воМакедонија, но вели дека странците полесно може да се пожалат.

„Воопшто климата на инвестирање во Македонија не е таа што се прикажува. Ние цело време велиме дека тоа треба да се поправи, на тоа прашање треба сериозно да се гледа затоа што цело време ни недостасуваат свежи пари, а свежите пари доаѓаат преку новите инвестиции. А тоа натака значи нови вработувања, нови вредности и значи покренување на стопанството.“
Мораме да признаеме дека има одредени закони кои малку го попречуваат работењето на странските инвеститори. Знам дека Вие работите на овој план, и ќе ве замолам сите овие работи позитивно да завршат во најскоро време.
Ибраим Џеваир, странски инвеститор, прв човек на Џеваир Холдинг.

Последниот поголем инвеститори кој почна со изградба на високоградби во општина Аеродром јавно забележа дека постојат потешкотии. Првиот човек на Џеваир Холдинг, Ибраим Џеваир ја даде забелешката на церемонијата за почеток на изградбата на стамбено – деловниот комплекс.

„Мораме да признаеме дека има одредени закони кои малку го попречуваат работењето на странските инвеститори. Знам дека Вие работите на овој план, и ќе ве замолам сите овие работи позитивно да завршат во најскоро време.“

Премиерот Никола Груевски изјави дека се работи на проблемот.
Во овој случај компанијата ’Џеваир Холдинг’ имаше проблеми со носење на некои експерти од страна и добивање на работни дозволи – на тој закон се мислеше цело време. Веќе пристапивме на подобрување на тој закон, така што можам да кажам дека Македонија ќе продолжи и понатаму со подобрување на условите за водење бизнис.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

„Во овој случај компанијата ’Џеваир Холдинг’ имаше проблеми со носење на некои експерти од страна и добивање на работни дозволи – на тој закон се мислеше цело време. Веќе пристапивме на подобрување на тој закон, така што можам да кажам дека Македонија ќе продолжи и понатаму со подобрување на условите за водење бизнис.“

Имајќи ги предвид олеснувањата за потенцијалните инвеститори ос странство, се поставува прашањето дали странскиот капитал се смета за повреден во Македонија отколку домашниот?Др. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека нема причина да се бенефицира било кој инвеститор.

Премиерот Никола Груевски присуствуваше на почетокот на изградбата на фабрика за автобуси од белгиската компанија „Ван Хол“ .


„Претполагам да има некој осет дека странците, бидејќи доаѓаат со странски пари и можеби со некој поатрактивни проекти, да имаат подобар третман од владата за разлика од домашните бизнисмени. Тоа во секој случај не е невозможно но не би требало да биде така и тоа да се рефлектира и во некои законски одредби или во практична политика да се преферираат едни или други.“

Поплаки за нееднаков третман има и од кај странските инвеститори, забележува Глигоров.
Обично странските инвеститори пак се жалат дека домашните инвеститори имаат предност бидејќи имаат подобри врски, имаат подобро сознание за домашните прилики, така да тие взаемни обвинувања се доста чести практично секаде, но клучно е дали легислативата е таква, а друго се зависи од имплементација и евентуално корупција во таквите работи.
Владимир Глигоров, Виенскиот институт за економски студии.

„Обично странските инвеститори пак се жалат дека домашните инвеститори имаат предност бидејќи имаат подобри врски, имаат подобро сознание за домашните прилики, така да тие взаемни обвинувања се доста чести практично секаде, но клучно е дали легислативата е таква, а друго се зависи од имплементација и евентуално корупција во таквите работи.“

Едно од последните обвинувања за поголемои бенефицирање на странски инвеститор дојде од редовите на локалната опозиција во Битола. Локалниот лидер на СДСМ во Битола Васко Ковачевски забележа дека поволностите кои им биле понудени на германски инвеститори во слободната зона „Жабени“ се државна тајна.

„Кои се посебните поволнисти што ги доби „Кромберг и Шуберт“ од страна на Владата на Македонија? Зошто исти такви поволноти нема за другите инвеститори во индустриската зона Жабени и дали токму тоа е причината што никој друг не размислува за почеток на градежни работи“.

Социјалдемократите изјавија дека покрај неколку обиди, не успеале да добијат увид во документацијата во која се одредени бенефициите за германската компанија. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски по овој повод посочи дека на сите странци им се даваат истите услови.
Кои се посебните поволнисти што ги доби „Кромберг и Шуберт“ од страна на Владата на Македонија? Зошто исти такви поволноти нема за другите инвеститори во индустриската зона Жабени и дали токму тоа е причината што никој друг не размислува за почеток на градежни работи.
Васко Ковачевски, СДСМ- Битола.

„Сите напори и стратегијата што ја има Владата за привлекување на странски инвестиции и начинот на кој тоа го прави вродува со плод. Голем број на министри и институции беа вклучени во реалицијата на овој проект и во носењето на „Кромберг и Шуберт“. Тоа е инвестиција под принципи и поволности кои ќе важат и за други инвеститори овде и како определба ќе продолжи да важи“.

Премиерот Никола Груевски во посета на градилиштето на фабриката на Кромберг и Шуберт во индустриската зона Жабени кај Битола.


Покрај прозивањата за привилигирање на странците, се поставува прашањето дали инвестициите од надвор се клучни не само за создавање на работни места туку и за подобри плати? Др. Глигоров вели дека доколку не се создаде конкуренција, платите нема да одат нагоре.

„Од друга страна, невработеноста во Македонија е така голема да ќе треба едно определено време да тие ефекти на евентулано значително поголемо вработување да има ефекти врз општото ниво на платите во Македонија.“
Сите напори и стратегијата што ја има Владата за привлекување на странски инвестиции и начинот на кој тоа го прави вродува со плод. Голем број на министри и институции беа вклучени во реалицијата на овој проект и во носењето на „Кромберг и Шуберт“. Тоа е инвестиција под принципи и поволности кои ќе важат и за други инвеститори овде и како определба ќе продолжи да важи.
Владимир Пешевски,вицепремиер за економски прашања.

Кон ова и информацијата дека токму цената на трудот во Република Македонија претставува една од работите кои се наведени како наводна бенефиција за странците. Имено, на интернет страницата investinmacedonia.com во делот „инсентиви за инвестирање се наведува дека просечната бруто плата во земјава е 488 евра. Податокот е ставен во споредба со девет земји кои имаат повисоки месечни бруто плати, повеќето во соседството или Централна Европа. Сето тоа е презентирано заедно со информации за рамниот данок, како и информацијата дека странци може да купуваат или изнајмуваат земјиште во Македонија. Останува отворено прашањето дали може да се очекува раст на платите ако странците го толкуваат овој податок како бенефиција или некакво олеснување?

Вицепремиерот Владимир Пешевски со делегација на НР Кина која е во посета на Македонија


Законските прописи кои важат за слободните економски зони не прават разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо посочува дека постоечки погони не можат да се префрлаат во слободните економски зони.
Домашните компании е многу важно да се земе во обзир дека законот експлицитно забранува префрлање на постоечката дејност од територијата на Република Македонија во технолошко индустриските развојни зони, што значи дека ако една домашна компанија сака да инвестира таму слично како овие странски компании треба да има нов вид на производство, нов вид на производ кој во моментот не постои.
Виктор Мизо, Дирекција за технолошки индустриски развојни зони.

„Сите странски компании кои се како инвеститори кои се регистрирано на домашниот пазар во Централниот регистер и тие компании се оние кои се за купопримачи и ја добиваат официјалната државна помош од државата. Домашните компании е многу важно да се земе во обзир дека законот експлицитно забранува префрлање на постоечката дејност од територијата на Република Македонија во технолошко индустриските развојни зони, што значи дека ако една домашна компанија сака да инвестира таму слично како овие странски компании треба да има нов вид на производство, нов вид на производ кој во моментот не постои.“

Важно е и да се има предвид дека компаниите во зоните го пласираат производството на странските пазари, вели Мизо

„Бидејќи добивање на државна помош ако производот е наменет за локалниот пазар, директно може да влијае врз нелојалната конкуренција, што значи дека тоа според правила и прописи на Комисија за заштита на конкуренција но и на Светска трговска организација не е дозволено.“
Мизо забележува дека во последно време речиси и да не постои иницијатива од домашните компани

Виктор Мизо.


„Никогаш не сме добиле некој конкретен бизнис план од некоја домаша компанија како што добиваме од странските компании за разгледување на потенцијалниот пакет на помош кој таа компанија би го добила и што на крај би се реализирала самата инвестиција со закуп на земјиште и со градба на нов објект. Значи дискриминирањето на домашни компании спрема странските компании според мене не е нешто што се случува.“

Дали проблемот во крајна линија може да се бара и кај подготвеноста на домашните компании да превземат ризици и да го надградат производниот процес? Прашањето го свртува вниманието кон претприемачкиот дух во земјава. Тренерот за претприемништво Синиша Пекевски вели дека меѓу младите во Македонија не се развива претприемништвото поради тоа што државната служба е попривлечна.

„Од една страна се сака да се стимулира претприемачки дух кај младите, од друга страна се се прави тие луѓе да не отпочнат сопствен бизнис туку да се вработат во државната администрација. Цело време се отвараат некакви конкурси каде што тие нема да работат многу, нивните обврски ќе бидат многу помали, плата ќе им стига на секој први.“

Македонските претприемачи не се научени да работат согласно пазарните принципи, вели Пекевски.

„Цело време бараат некој да им помогне наместо да почнат самите да бараат начини како можат самите себе да си помогнат и каде може да продаваат, односно да извезуваат добар дел од своите услуги или производи. Покрај имплементација на различни стандарди, треба да бидат насочени, да му го понудат она на купувачот што му треба, а не да создадат производи и услуги па да ги бараат купувачите на веќе создадено. Тоа е неприфатливо за пазарните принципи.“

Досега во зоните инвестираа странските компании „Џонсон контролс“, „Џонсон Мети“, „Kемет електроникс“, „Текнохозе“, „Аутомотивес системс“, „Продис“, „Kроберг и Шуберт“, „Н и Н фибер“ и „Мадерсан груп“. Домашните компании добиваат шанса во општинските индустриски зони, каде што исто така може да купат земјиште по поволна цена и да добијат даночни олеснувања.