„Колоритни вибрации“ е насловена осмата самостојна изложба на академската сликарка Дита Старова Ќерими што од денеска, во рамките на културната манифестација Скопско лето, се одржува во Националаната галерија Чифте амам.
Седумте полиптиси на Старова се жолти, виолетови, сини, зелени, црвени, портокалови и сиви во нивната посебност, а во нивната интегрирачка визуелност го содржат сончевиот спектар, сончевината на Македонија. Тоа чувство за ова природно богатство со кое се наградени големите култури, меѓу кои и нашата, е вистинскиот избор на авторката, нејзиниот заштитен знак - пренесувач на топлината во нејзините оптимистички пораки.
Ова, меѓу другото, ќе го забележи Соња Абаџиева во инспиративниот текст за каталогот за најновата постановка на Дита Старова Ќерими, уметницата чие ликовно творештво и досега било пречекувано со нагласена возбуда и љубопитност и кај критиката и кај публиката. А, Старова, пак, за своите „Колоритни вибрации“ вели дека за неа тие се посебна енигма и појаснува дека доколку една боја нема светлина таа не би вибрирала. Таа дополнува дека секој човек посебно ја гледа бојата, а уметникот е тука со користење на различните нејзини тоналитети – хроматски, ахроматски, комплементарни... за да направи убава атракција за окото на посетителот на изложбата.
„Тоа се полиптиси кои, кога ги гледаме, овозможуваат едно чувство на вибрирање. Како што имаме во музиката вибрирање, исто така за мене и во уметноста имаме еден вид на колористична вибрација.“
За својата вљубеност во боите, за сопствената мисија да создава чувство на исполнетост и така да го возобнови емотивниот статус на гледачот, сликарката истакнува дека на тој начин се обидува да се справи со сивилото што не опкружува во времето во кое битисаме.
„Токму ние треба некако со таа боја да го обоиме тоа сивило и за нас да биде поубаво и гледачите да имаат едно чувство дека некој што се разбира во уметноста го има допрено тоа дело.“
Родена 1984 година во Скопје, Дита Старова Ќерими дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професор Симон Шемов. По магистрирањето работи како асистент на Факултетот за архитектура и дизајн на Американскиот колеџ и ликовен уредник во издавачката куќа Серембе. Член е на ДЛУМ, здружението „Арт визион“ и ДРАУДАКУМ. Зад себе има неколку самостојни и голем број групни изложби во Франција, Турција, Косово, Бугарија и во Македонија.
Таа не милува предвреме да говори за своите идни постановки, но едно е сигурна – дека би сакала своите актуелни „Колоритни вибрации“ да ги види како интерактивна инсталација.
„Би сакала овие колоритни вибрации во мојата идна замисла да бидат интерактивни, значи гледачот, освен што ги гледа, да може да ги допира, да може и да учествува, да игра со тие колористични вибрации.“
Тоа се полиптиси кои, кога ги гледаме, овозможуваат едно чувство на вибрирање. Како што имаме во музиката вибрирање, исто така за мене и во уметноста имаме еден вид на колористична вибрација.Дита Старова Ќерими, сликарка.
Би сакала овие колоритни вибрации во мојата идна замисла да бидат интерактивни, значи гледачот, освен што ги гледа, да може да ги допира, да може и да учествува, да игра со тие колористични вибрации.Дита Старова Ќерими, сликарка.