Сите мерки или разговори кои може да ги придвижат Македонија и Грција напред и да ја подобрат атмосферата се позитивна идеја, рече американскиот амбасадор Пол Волерс.
САД поддржуваат секакви позитивни идеи за приближување меѓу Македонија и Грција. Ова е одговорот на американскиот амбасадор Пол Волерс на прашањето како гледа на листата од иницијативи за поттикнување на добрососедските односи со Грција и конкретно на прашањето за името.
„Ги поддржуваме дискусиите што ги води Македонија за сите прашања, особено за прашањето за името. Сите мерки или разговори кои може да ги придвижат двете страни напред и да ја подобрат атмосферата се позитивна идеја“, рече Волерс по примопредавањето на донација за Граничната полиција на МВР од американската амбасада во вредност од 68 илјади долари.
Оваа донација треба да го зајакне капацитетот на граничната полиција за надзор на следење илегални имигранти во рамки на зелената граница и треба да има значење во подобрувањето на безбедноста на границите.
Американската програма за гранична безбедност е активна во Македонија во изминатите 8 години и дава поддршка во вид на обуки и опрема, а нејзина цел е борба против оружјето за масовно уништување. Досега се обезбедени над 850 илјади во опрема и реализирани се повеќе од 50 обуки на над 300 лица во граничната контрола.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека донацијата што преку амбасадата ја добива граничната полиција е дел од повеќегодишна континуирана соработка и дава значително материјално-техничко зајакнување на капацитетите на граничната полиција. Напливот на имигранти, особено од земјите од Азија и Африка, е во нагорна линија и тоа го потврдуваат податоците од изминатите шест месеци, рече Јанкулоска.
„Сумарно, на територијата на земјава се откриени 316 илегални мигранти, што е за 50 проценти повеќе од истиот период лани. Притоа, речиси половина од нив се од Пакистан, Авганистан, Сомалија, Палестина, Еритреја, Бангладеш, Алжир“, рече Јанкулоска.
Во рамки на полициските активности разоткриени се 21 случај, а против 29 лица поднесени се пријави. Економската ситуација во Грција има огромен удел во новонастанатата состојба, а нејзиното нерешавање само ќе ги зголеми ризиците по земјата во наредниот период, рече Јанкулоска. И претходно јужната граница беше најмногу на удар од илегалците кои во потрага по подобар живот сакаат да заминат во побогатите земји од ЕУ.
Ги поддржуваме дискусиите што ги води Македонија за сите прашања, особено за прашањето за името. Сите мерки или разговори кои може да ги придвижат двете страни напред и да ја подобрат атмосферата се позитивна идеја.Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.
„Ги поддржуваме дискусиите што ги води Македонија за сите прашања, особено за прашањето за името. Сите мерки или разговори кои може да ги придвижат двете страни напред и да ја подобрат атмосферата се позитивна идеја“, рече Волерс по примопредавањето на донација за Граничната полиција на МВР од американската амбасада во вредност од 68 илјади долари.
Оваа донација треба да го зајакне капацитетот на граничната полиција за надзор на следење илегални имигранти во рамки на зелената граница и треба да има значење во подобрувањето на безбедноста на границите.
Сумарно, на територијата на земјава се откриени 316 илегални мигранти, што е за 50 проценти повеќе од истиот период лани. Притоа, речиси половина од нив се од Пакистан, Авганистан, Сомалија, Палестина, Еритреја, Бангладеш, Алжир...Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.