Достапни линкови

Лајчак и Шпинделегер - Името да не ги блокира евроинтеграциите


Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски се сретна со австрискиот заменик-канцелар и министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер и словачкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Мирослав Лајчак во Скопје.
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски се сретна со австрискиот заменик-канцелар и министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер и словачкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Мирослав Лајчак во Скопје.

Ние ќе лобираме за почеток на преговорите, а вие воздржете се од акти кои може да се протолкуваат како провокација, порача шефот на австриската дипломатија Михаил Шпинделегер.

Со оваа заедничка посета испраќаме силна поддршка и охрабрување до Македонија за интегрирањето во ЕУ и НАТО. 2012 треба да биде година на Македонија зашто предолго чека со статусот кандидат и крајно време е да ги отпочне преговорите со Унијата, изјави австрискиот министер за надворешни работи Михаил Шпинделегер по средбата со својот македонски колега Поповски. При тоа, ја потенцираше важноста на пристапниот дијалог но и на тоа спорот за името да се раздвои од почетокот на преговорите, бидејќи, како што рече, станува збор за билатерално прашање.
Ние ќе лобираме во ЕУ за да донесе одлука за почеток на преговорите до крајот на оваа година. Вие, исто така, треба да бидете проактивни во спорот за името и да се воздржувате од секакви акти кои можат да се протолкуваат како провокација.
Михаил Шпинделегер, министер за надворешни работи на Австрија.

„Ние ќе лобираме во ЕУ за да донесе одлука за почеток на преговорите до крајот на оваа година. Вие, исто така, треба да бидете проактивни во спорот за името и да се воздржувате од секакви акти кои можат да се протолкуваат како провокација и кои можат да послужат како оправдување за блокирање на напредокот“, порача Шпинделегер, поддржан и од својот словачки колега со кој се наоѓа во заедничка посета на Скопје, дека македонските власти сега треба да направат сè што можат за да се надмине спорот.

Мора да ја придобиете поддрршката на сите земји членки и да ги убедите дека имате вистинска волја и сте посветени да го надминете спорот.
Мирослав Лајчак, министер за надворешни работи на Словачка.
„Постојат технички и политички аспекти на овој процес. Техничките, комисијата лесно ги решава, но што се однесува до политичките, мора да ја придобиете поддрршката на сите земји членки и да ги убедите дека имате вистинска волја и сте посветени да го надминете спорот. Посветивме доста време на тоа што мислиме дека вашата земја треба да направи за да ја надмине оваа пречка“, додаде словачкиот министер за надворешни Мирослав Лајчак.

На прашањето од странските новинари што значи тоа Македонија да направи сè, македонскиот министер Попоски одговори:

„Ние сме целосно посветени со било која грчка влада да имаме отворен дијалог за надминување на сите прашања кои можат да стојат на патот на нашите билатерални односи. И со оваа влада, како и со претходната, оценката за конструктивноста и искреноста во пристапот ќе го носиме врз основа на гестовите, а не врз основа на декларираните заложби.“

Лајчак и Шпинделегер се сретнаа и со претседателот на Собранието, а попладнево ќе имаат средба и со претседателот Иванов.
XS
SM
MD
LG