На политичките надмудрувања меѓу политичките партии им нема крај. Во трката по гласови, добрите идеи тешко се усвојуваат, а граѓаните секогаш го извлекуваат подебелиот крај.
Опозицијата оди на митинг во Прилеп, а владата експресно најавува отварање на нова технолошка зона во градот. Опозицијата ќе бара инвестиции за гасификација на општините, власта веќе најавува реализација на проектот.
На политичките надмудрувања меѓу политичките партии им нема крај, особено пред одржувањето на избори во земјата.
И во сета трка по гласови, најмалку се работи за усвојувањето на некоја добра идеја за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, туку ги одмеруваат силите.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека во идеалните демократии опозицијата е коректив, а власта секоја добра идеја ја прифаќа и ја спроведува во интерес на граѓаните, но за жал кај нас то звучи преубаво за да биде вистинито.
„Секој сака да ја присвои добрата идеја, дали е тоа поради недостиг на многу добри големи идеи во политичкиот дискурс или едноставно партиите одат во надвладување на едната над другата. Но, не е симптоматично ако пласирана активност од опозицијата, следи активност на владата.“
Политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил, кој е член и на Дипломатскиот совет на СДСМ, вели дека воопшто не ги поврзува, ниту става во интеракција идеите на опозицијата и реализацијата на истите од страна на власта.
„Оваа власт покажа дека секој што не гласал за нејзе е нејзин непријател, така ги третира. Досега јас не можам да посведочам некакво прифаќање или одење на дебата околу која нели на крајот во демократските процеси ќе има усогласување, на крајот ќе има надгласување и слично. Оваа власт владее со помош само на аритметика.“
Според Муслиу, токму граѓаните секогаш го извлекуваат подебелиот крај.
„За жал ние како граѓани сме во константна пресија од политичките партии и од нивните латентни и активни кампањи.“
Според експертите, власта досега покажала и дека воопшто не води сметка за гласачите на опозицијата.

Секој сака да ја присвои добрата идеја, дали е тоа поради недостиг на многу добри големи идеи во политичкиот дискурс или едноставно партиите одат во надвладување на едната над другата.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
И во сета трка по гласови, најмалку се работи за усвојувањето на некоја добра идеја за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, туку ги одмеруваат силите.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека во идеалните демократии опозицијата е коректив, а власта секоја добра идеја ја прифаќа и ја спроведува во интерес на граѓаните, но за жал кај нас то звучи преубаво за да биде вистинито.
„Секој сака да ја присвои добрата идеја, дали е тоа поради недостиг на многу добри големи идеи во политичкиот дискурс или едноставно партиите одат во надвладување на едната над другата. Но, не е симптоматично ако пласирана активност од опозицијата, следи активност на владата.“
Оваа власт покажа дека секој што не гласал за нејзе е нејзин непријател, така ги третира.Ѓунер Исмаил, политичкиот аналитичар и член на Дипломатскиот совет на СДСМ.