Скопје 2014 пералница за пари?

Собранието треба да расправа за проектот Скопје 2014. Опозицијата критикува за расипништво, власта се брани со промоција на културното богатство.
Проектот 2014 е екстраваганција што Владата ја манифестира во услови на најголема економска криза и затоа мора да биде тема околу која мора да се разговара, велат од опозицијата од каде што појаснуваат дека информацијата што ја имаат поднесено до Собранието, а која се најде на дневен ред на 35-тата седница има намера да отвори дебата околу ова.
Нашето мислење е дека овој проект е не само бескрупулозно трошење на народните пари не навлегувајќи во естетските моменти. Исто така има сериозни сомневања дека се работи за една огромна пералница на пари.
Андреј Петров, СДСМ.

Станува збор за класична измама со оглед на тоа што проектот кој требаше да чини 80 милиони евра, според последните проценки, достигнал и над 350 милиони евра, вели Андреј Петров од СДСМ.

„Нашето мислење е дека овој проект е не само бескрупулозно трошење на народните пари не навлегувајќи во естетските моменти. Исто така има сериозни сомневања дека се работи за една огромна пералница на пари“, вели Петров.

Поднесената информација е право на опозицијата, а ние ќе видиме како ќе учествуваме во дебатата, вели Талат Џафери до владината ДУИ.
Сходно на дебатата што ќе се одвива, нормално ќе се организираме и за наше учество во расправата. Сега однапред не можеме да го предвидиме текот на дебатата.
Талат Џафери, ДУИ.

„Сходно на дебатата што ќе се одвива, нормално ќе се организираме и за наше учество во расправата. Сега однапред не можеме да го предвидиме текот на дебатата“, вели Џафери.

Сепак, од оваа партија велат дека прашањето е исполитизирано. Секоја партија си има своја програма и за неа одговара пред своето членство. Ние во нашата програма имаме зацртано проекти кои се однесуваат на инвестирање во инфраструктурата, болници и училишта, другата партија си одлучува за своите приоритети, велат од ДУИ.

Во информацијата чии потписници, освен пратениците од СДСМ, се и пратениците од НСДП, ЛП и ПЕИ се реагира дека на сметка на проектот Скопје 2014 се скратени средствата за капитални инвестиции, образование и здравство. Само додека траеше ребалансот на буџетот, Владата одлучи да потроши вкупно 18 милиони и 246 илјади евра за проекти меѓу кои се трите жални врби, оградата на мостот, 3 нови фонтани, скулптурата на Прометеј, Филип 2 и ентериерот на Портата. А се наведуваат и разлики меѓу пресметковната вредност и склучените договори за одредени споменици, за што, како што потенцираат, и Државниот завод за ревизија утврдил разлика од 1.232.000 евра.

Контроверзниот проект власта го оправдува со зголемена промоција на културното и историско богатство на земјава и привлекување на поголем број туристи што би донело и зголемен прилив на средства. За евентуалните тендерски и други нејаснотии одговара дека се лаги и измислици на опозицијата.