Македонија не успеа да се врати против Ангола

Иако, македонските кошаркари на два пати во текот на натпреварот губеа со 17 разлика, во последната четвртина успеаја да се вратат во игра и на 2:15 пред крајот на натпреварот го намалија водството на Ангола на само 2 разлика за 80:78.
Македонските кошаркари загубија од Ангола 84-88 на првиот меч од групата Д на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон што се игра во главниот град на Венецуела, Каракас. За да остане во игра за пласман на Олимпијадата, Македонија вечерва(вторник) во 20 часот мора да ја победи репрезентацијата на Нов Зеланд.
Македонија одигра лошо во одбраната, а тоа го покажува и официјалната статистика. Ангола има 37 скокови од кои 23 дефанзивни, наспроти 25 на Македонија од кои 12 во одбраната.

Иако, македонските кошаркари на два пати во текот на натпреварот губеа со 17 разлика, во последната четвртина успеаја да се вратат во игра и на 2:15 пред крајот на натпреварот го намалија водството на Ангола на само 2 разлика за 80:78. Сепак, не успеаја да остварат резултатски пресврт.

Анголците имаа одличен шут за три поени во првото полувреме, кога погодија 9 пати од 13 обиди. Македонија одигра лошо во одбраната, а тоа го покажува и официјалната статистика. Ангола има 37 скокови од кои 23 дефанзивни, наспроти 25 на Македонија од кои 12 во одбраната.

Најефикасен на натпреварот беше репрезентативецот на Ангола Едуардо Мингаш со 24 поени. Олимпио Сиприано даде 23, а Карлос Мораиш 18. Првата петорка на Ангола постигна 84 од 88-те поени на Ангола.

Најефикасен во составот на Македонија беше Бо Мекејлеб со 21 поен. Капитенот Перо Антиќ даде 17, а Влатко Илиевски, Предраг Самарџиски и Војдан Стојановски уфрлија по 12 поени.

Освојувањето на најмалку второто место во групата Д, каде што се уште Ангола и Нов Зеланд, ја води Македонија во четвртфиналето каде што противник веројатно би и била Русија, која е фаворит за освојување на првото место во групата Ц, каде што играат уште и Доминиканската Република и селекцијата на Јужна Кореја.

Со триумф и во тој дуел, Македонија ќе си обезбеди полуфинале. Трите најдобри селекции на турнирот ќе се квалификуваат на Олимписките игри.

Од другата половина на турнирот, битката за влез во полуфиналето ќе се води меѓу Грција, Порторико и Јордан од групата А, односно Ливанија, Венецуела и Нигерија од групата Б.

Русија денеска ја победи Јужна Кореја 91:56, а Грција беше подобра од Јордан 107:63.