Лекарите чекаат да видат како ќе профункционира новиот правилник за оценување на нивната успешност, но се сомневаат дека со тоа ќе се подобри состојбата во здравството.
За тоа каков резултат ќе даде во здравството новиот модел на плаќање по успешност, докторите велат дека ќе треба да се почека, наведувaјќи дека најголемиот дел од нив го немаат видено правилникот на Министерството за здравство. Идеjата е да се подобри квалитетот и да се мотивираат докторите, но според првичниот впечатокот, новиот модел има многу недоречености.
Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец се согласува дека вреди да се направи стумулација, но забележува дека новиот правилник е само административно решение. Како причина зошто мисли дека во прашање е кампања, тој наведува дека нема методологија за оценување на успешноста. Оровчанец се залага за плаќање на лекарите според услуга.
„Популистички кажано не постои методологија по која тие го работат тоа, меѓутоа во секој случај никој нема да биде среќен со ова, затоа што оние кои работат со 20 проценти ништо нема да добија надокнада, а доминантно ќе бидат оние кои ќе бидат оштетени затоа што претпоставувам дека ќе им биде кажано дека не работеле доволно.“
Она што е познато дека здравствените работници во почетокот на месецот ќе ја имаат загарантирана сегашна 100 отсто плата, но на крајот од месецот, во зависност од нивното залагање, може да добијат 20 отсто поголема плата или да бидат казнети со најмногу 20 отсто помала плата.
Главните грижи кои докторите веќе ги изразија се дека ќе им се скрати од постоечкиот приход во случај да немаат доволно реализирано успешност. Затоа бараат да не се меша основната плата со награда за успешност. Клиничкиот синдикат, пак, праша како може да се воведува плата по успешност кога во здравството недостасуваат околу 500 специјалисти.
Доктор Владимир Лазаревик смета дека новите вработувања што ги планира министерството треба да го пополнат недостатокот, но дека тоа ќе биде делумно.
„Се уште во многу здравствени установи има недостаток на специјалисти, каде доктор специјалист понекогаш има по 40-50 прегледи на ден, што е нереално и вие не може да очекувате да имате висок квалитет на услуга, без разлика на начинот на плаќање, тоа е така досега, а сега како ќе се спроведе понатаму, треба времето да покаже.“
Но има и доктори кои имаат причина да се чувствуваат пооптимистично во врска со новиот модел. Професор доктор Јордан Савевски забележува дека здравството во изминатите години најмногу страдало поради тоа што немало модел на плаќање по успешност.
„Квалитетот многу лесно се мери. Ако докторот го прими пациентот, го оперира и за некој ден го пушти дома, тоа е квалитет, а ако го прими, го оперира и со недели го преврзува, тогаш тоа не е квалитет. Има мерка за се, само за незнаење и за хаос нема мерка.“
Овој концепт кој веќе се применува во 17 јавни здравствени установи, вклучува опомена да се подобри работењето, а предвид се земени и природни разлики, со што некои луѓе кои иако се залагаат, на крај постигнуваат различни резултати.
Популистички кажано не постои методологија по која тие го работат тоа, меѓутоа во секој случај никој нема да биде среќен со ова, затоа што оние кои работат со 20 проценти ништо нема да добија надокнада, а доминантно ќе бидат оние кои ќе бидат оштетени затоа што претпоставувам дека ќе им биде кажано дека не работеле доволно.Ѓорѓи Оровчанец, поранешен министер за здравство.
Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец се согласува дека вреди да се направи стумулација, но забележува дека новиот правилник е само административно решение. Како причина зошто мисли дека во прашање е кампања, тој наведува дека нема методологија за оценување на успешноста. Оровчанец се залага за плаќање на лекарите според услуга.
„Популистички кажано не постои методологија по која тие го работат тоа, меѓутоа во секој случај никој нема да биде среќен со ова, затоа што оние кои работат со 20 проценти ништо нема да добија надокнада, а доминантно ќе бидат оние кои ќе бидат оштетени затоа што претпоставувам дека ќе им биде кажано дека не работеле доволно.“
Она што е познато дека здравствените работници во почетокот на месецот ќе ја имаат загарантирана сегашна 100 отсто плата, но на крајот од месецот, во зависност од нивното залагање, може да добијат 20 отсто поголема плата или да бидат казнети со најмногу 20 отсто помала плата.
Квалитетот многу лесно се мери. Ако докторот го прими пациентот, го оперира и за некој ден го пушти дома, тоа е квалитет, а ако го прими, го оперира и со недели го преврзува, тогаш тоа не е квалитет. Има мерка за се, само за незнаење и за хаос нема мерка.Јордан Савевски, доктор.