Власта нервозно реагира на критика, а многу интензивно ги нагласува пофалбите нотирани во извештаите на меѓународните организации, велат аналитичарите.
Кога од меѓународните организации ќе добиеме позитивен извештај, тогаш сите ќе разберат дека сме меѓу најдобрите. Владата држи прес-конференции, се прават видео спотови. Кога истите тие организации ќе ни дадат, како што би рекол премиерот, помалку позитивен извештај, тогаш властите молчат или се сомневаат во релевантноста на организацијата и на извештајот.
Аналитичарот Петар Арсовски вели дека се соочуваме со една власт која е зависна од публицитет, кој за неа е супститут за нејзиното добро работење.
„Во таа смисла таа нервозно реагира на критика, а многу интензивно реагира на пофалба и во тој контекст треба да се разгледуваат нејзините реакции на извештаите на меѓународните организации. Најдобро би било да се однесува така што забелешките на меѓународните релевантни организации ќе ги примени и ќе ги поправи, ќе ги елиминира, бидејќи тоа е единствениот начин да се придвижиме напред. Но, во моментот таа е позаинтересирана за рејтингот отколку за суштински реформи.“
Извештаите и ранг листите секој си ги чита во зависност од тоа на која политичка опција и припаѓа. Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека власта си ги чита извештаите како сака, ги потенцира работите што и одговараат, а недостатоците ги крие под тепих. Тој вели дека ја разбира потребата позитивните работи да се пренагласуваат, а за негативните да се молчи, но според него тоа не е решение, зашто извештаите не служат за тоа.
„Правилниот пристап е и негативните извештаи објективно да се анализираат и да се сработи нешто во врска со забелешките кои се таму потенцирани, а не да се кријат под тепих. Секое криење под тепих на проблемите само ги таложи, а не ги решава. А, владата има обврска сите проблеми да ги реши.“
Неодамна по извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во земјата, кој содржеше критики за мешање на владата во судството и медиумите и гонење политички противници, Груевски изјави дека тоа се стандардни критики кои ги имало и минатите години. Сега пак кога истиот извор пласира извештај за борбата со трговија со луѓе, во кои Македонија се наоѓа меѓу поуспешните земји, веднаш се организираше прес-конференција на која владините министри се пофалија дека успешно ја сработиле својата работа.
Сличен пример имавме и кога за извештајот на Дуинг бизнис за топ реформатори, владата се пофали насекаде, па дури и направи рекламни спотови, а кога Македонија беше прогласена за лидер по мизерија во Европа од Економист, во кој владата наголемо се рекламираше, власта извештајот го оцени како нерелевантен.
Во таа смисла таа нервозно реагира на критика, а многу интензивно реагира на пофалба. Најдобро би било да се однесува така што забелешките на меѓународните релевантни организации ќе ги примени и ќе ги поправи, ќе ги елиминира, бидејќи тоа е единствениот начин да се придвижиме напред.Петар Арсовски, политички аналитичар.
Аналитичарот Петар Арсовски вели дека се соочуваме со една власт која е зависна од публицитет, кој за неа е супститут за нејзиното добро работење.
„Во таа смисла таа нервозно реагира на критика, а многу интензивно реагира на пофалба и во тој контекст треба да се разгледуваат нејзините реакции на извештаите на меѓународните организации. Најдобро би било да се однесува така што забелешките на меѓународните релевантни организации ќе ги примени и ќе ги поправи, ќе ги елиминира, бидејќи тоа е единствениот начин да се придвижиме напред. Но, во моментот таа е позаинтересирана за рејтингот отколку за суштински реформи.“
Правилниот пристап е и негативните извештаи објективно да се анализираат и да се сработи нешто во врска со забелешките кои се таму потенцирани, а не да се кријат под тепих. Секое криење под тепих на проблемите само ги таложи, а не ги решава. А, владата има обврска сите проблеми да ги реши.Алберт Муслиу, политички аналитичар.