Спакувај си ги куферите и оди си. Флаери со ваква содржина наменети за градоначалникот Петрески се појавија во Охрид. Партиите се оградуваат од ваквите флаери.
Летоци преку кои се повикува градоначалникот на Охрид, Александар Петрески да си ги спакува куферите и да си замине од градоначалничкото место се појавија низ Охрид. На флаерите преку фотографии се илустрирани наводните проекти кои биле ветени а не се реализирани од страна на актуелната локална самоуправа во Охрид.
Сите политички партии се оградуваат од овие флаери, бидејќи на нив не стои кој е нарачател. Од кабинетот на градоначалникот, во писмена реакција, рекоа дека фактот што флаерите не биле потпишани од никого укажувало на тоа дека нарачателите немале храброст јавно да се идентификуваат.
„Содржината на флаерите е испратена на погрешна адреса. Вината за доцнењето на изградбата на неколкуте капитални објекти, кои ги има на флаерите, не е во локалната самоуправа, туку во централната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ. Овие објекти се на државно земјиште и локалната самоуправа одамна ја има испратено документацијата до Министерството за транспорт и врски за давање на земјиштето во сопственост на општината, но тие документи, по нечија партиска наредба стојат во фиоката на некој министер“, се вели во реакцијата на локалната самоуправа.
Од општинскиот комитет на СДСМ во Охрид велат дека флаерите се мизерни и ниски без разлика кој ги пуштил меѓу граѓаните. А, во меѓувреме продолжуваат обвинувањата на релација СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
„Со најновото непочитување на функцијата градоначалник, вие од ВМРО-ДПМНЕ испративте јасна порака дека тие што не се со вас се неподобни личности. Како можеше министерот Ставрески да го изнашета мултимилијардерот од Индија Рој, а при тоа да не го пречека првиот човек на градот. Зарем ова не е јасна порака од ВМРО-ДПМНЕ до светот дека во Македонија нема соработка со централната и локалната власт. Затоа досега нема никаков кам-бек во Охрид од странските инвеститори“, рече Љупка Ивановска, портпарол на СДСМ во Охрид.
Дејан Пановски координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека откако е Петрески на власт Охрид назадувал.
„Во Охрид не се случува ниту едно капитално дело кое ќе помогне во јавниот интерес. На тоа се додава и негативната урбанистичка политика која ги загрозува интересите на градот. Би претпоставил дека се дел од некоја граѓанска борба. Ние како политичари имаме секојдневна фронтална војна очи во очи и со градоначалникот и со оние кои го водат Охрид“, рече Пановски.
Во меѓувреме и од двете партии велат дека битката за Охрид продолжува се до локалните избори.
Со најновото непочитување на функцијата градоначалник, вие од ВМРО-ДПМНЕ испративте јасна порака дека тие што не се со вас се неподобни личности. Како можеше министерот Ставрески да го изнашета мултимилијардерот од Индија Рој, а при тоа да не го пречека првиот човек на градот. Зарем ова не е јасна порака од ВМРО- ДПМНЕ до светот дека во Македонија нема соработка со централната и локалната власт.Љупка Ивановска, СДСМ, Охрид.
Сите политички партии се оградуваат од овие флаери, бидејќи на нив не стои кој е нарачател. Од кабинетот на градоначалникот, во писмена реакција, рекоа дека фактот што флаерите не биле потпишани од никого укажувало на тоа дека нарачателите немале храброст јавно да се идентификуваат.
„Содржината на флаерите е испратена на погрешна адреса. Вината за доцнењето на изградбата на неколкуте капитални објекти, кои ги има на флаерите, не е во локалната самоуправа, туку во централната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ. Овие објекти се на државно земјиште и локалната самоуправа одамна ја има испратено документацијата до Министерството за транспорт и врски за давање на земјиштето во сопственост на општината, но тие документи, по нечија партиска наредба стојат во фиоката на некој министер“, се вели во реакцијата на локалната самоуправа.
Од општинскиот комитет на СДСМ во Охрид велат дека флаерите се мизерни и ниски без разлика кој ги пуштил меѓу граѓаните. А, во меѓувреме продолжуваат обвинувањата на релација СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Би претпоставил дека се дел од некоја граѓанска борба. Ние како политичари имаме секојдневна фронтална војна очи во очи и со градоначалникот и со оние кои го водат Охрид.Дејан Пановски, ВМРО-ДПМНЕ, Охрид.