СДСМ се сомнева во домаќинлукот на МРТВ

Подготовки за прославата на 20-годишнината од референдумот за независност на Македонија. 08 септември 2011.

Парламентарците дискутираа за финансиското работење на МРТВ, а особено за тоа колку пари се потрошиле за документарците за независноста на Македонија.
Годишниот извештај за финансиското работење на Македонската радио телевизија во 2011 за опозицијата е сомнителен, особено трошокот за изработка на документарни програми за одбележување на 20-годишнината од независноста на Македонија.
Еднаш е тврдењето дека се работи за 20 документарци, другпат за 110 документарци кои ги правеле овие приватни копродукции, се потврдува сомневањето дека со овие средства не се плаќале само 20-те документарци на МРТВ, туку се плаќале и друг тип на трошоци, кои се правени за време на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.
Емилијан Станковиќ, СДСМ.

На расправата во Собранието, пратеникот на СДСМ Емилијан Станковиќ, рече дека не е јасно колку точно спотови се изработени, бидејќи во извештајот се наведени 20, а една од продукцијата која ги изработувала вели дека со парите издвоени за таа намена, околу милион и двесте илјади евра, биле изработени 110 документарци.

„Расплетувањето на клопчето и вадење на различни информации. Еднаш е тврдењето дека се работи за 20 документарци, другпат за 110 документарци кои ги правеле овие приватни копродукции, се потврдува сомневањето дека со овие средства не се плаќале само 20-те документарци на МРТВ, туку се плаќале и друг тип на трошоци, кои се правени за време на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.“

Фрагмент од документарците за независноста на Македонија.


Претседателот на советот на МРТВ, Слободан Чашуле му одговори дека тој им верува на податоците и доколу е потребно да се спроведе истрага има надлежни за тоа.
Имено она што успеавме да го видиме од тие 20 серии е дека навистина се направи еден убав обид во рамки на македонските продукциски можности, да се синтетизира историјата низ овие 20 години, фактографски, со снимки од тие периоди, со актери од тие периоди.
Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, очигледно е дека СДСМ ја бојкотираше прославата и се обиде да го минимизира значењето на празникот за да добие политички поени.

„Имено она што успеавме да го видиме од тие 20 серии е дека навистина се направи еден убав обид во рамки на македонските продукциски можности, да се синтетизира историјата низ овие 20 години, фактографски, со снимки од тие периоди, со актери од тие периоди.“

Според Станковиќ, клучното прашање е дали вработените во МРТВ имаат капацитет да направат сами документарец, а не пари да добиваат приватни продукции.

„Наместо еден вработен како Миле Гроздановски да зема пари од приватна продукција, што му е спротивно на закон, на пример Илија Димовски и Аце Спасеновски кои во 1990 година имале само по 10 години и се стручни соработници во овој документарец, не би требало да земаат средства, туку тоа би требало да го направи МРТВ и архивата да не оди во ВМРО-ДПМНЕ.“

Пратениците расправаа и за собранискиот канал, кој според СДСМ е сервис само за рекламирање на владата, а не ја исполнува основната цел, да ги информира граѓаните за работата на Парламентот.