А2 испадна кабаетлија, а другите телевизии се толерираат. Законите во Македонија треба да се применуваат ама не селекективно.
Советот за радиодифузија се претвори во совет за лустрација на радиодифузери затоа што се однесува како лустратор и со својата селективност во постапувањето ќе и помогне на власта да ја исполни крајната цел, а тоа е да го држи под контрола целиот медиумски простор, вели поранешниот претседател на Советот, Мирче Адамчевски. Тој објаснува дека причина за селективното споведување на законите, односно за одземањето на дозволата на А2 телевизија поради непочитување на програмскиот формат е партизираноста на општеството и институциите.
„Во крајна линија го партизираа и Советот за радиодифузија со изборот на шестемина нови членови коишто се знае дека се луѓе од власта и нормална последица на сето тоа е партизирана држава и партизирани одлуки. Очигледно некому му пречи А2 телевизија, како што пречеше А1 и според мене ова сега не е Совет за радиодифузија, туку совет за лустрација на радиодифузери.“
Тој додава дека уште кога тој бил дел од Советот постоеле проблеми околу форматот на медиумите, но законот не е дециден дека може поради тоа да се одземе лиценцата, но од друга страна законот е дециден дека член на семејство на пратеник не може да има свој медиум, па телевизиите Канал 5 и Сител добија време до септември да го решат тој проблем.
„Така што за А2 се работи експедитивно, нема одлагање, а за тие телевизии како што знаете им дадоа рок мислам дека до септември, за да си го решат проблемот со сопстевноста. Очигледно е дека се работи за двојни аршини во носењето на одлуките, инаку се е законски, но се гледа дека тука има двојни аршини.“
Во истиот ден кога Советот ја донесе одлуката за А2 телевизија, новинарите добија уште едно изненадување - договор на Владата со Здржението на новинарите за декриминализација на клеветата. Од една страна, новинарите повеќе нема кривично да одговараат за изречена клевета или навреда, но автоцензурата сега доби нов ценовник, па така на граѓански суд тужените за клевета односно новинарите може да бидат казнети со 2.000 евра, 10.000 евра за главниот уредник и 15.000 евра за сопственикот на медиумот. Но, парични казни ќе следуваат дури откако ќе бидат исцрпени неколку други инструменти кои новинарите и досега ги имаа на располагање како што е јавно извинување или објавување демант.
Новинарот Борјан Јовановски вели дека не очекува со новиов договор да се сменат работите.
„Новиот договор може само да значи едно фино искушение за судскиот систем, односно да се види дали судскиот систем има намера да профункционира како независен или ќе продолжи да биде, да работи под политички влијанија. А со оглед на целата ситуација и досегашното искуство тешко е да се очекува тој систем ќе профункционира онака како што треба и во таа смисла тој притисок врз новинарите ќе продолжи.“
Но казните се наменети само за новинарите, затоа што кога од другата страна се политичарите или новинари од медиуми кои се блиски со власта, односно кога за клевета се тужени приданиците на владејачкото мнозинство, тие не се појавуваат на рочишта од секогаш наведени „оправдани причини “ па нивните спорови немаат завршница.
Додека кога станува збор за другите луѓе кои се тужени за клевета досегашното искуство покажало дека споровите се решаваат брзо и со полициска придружба ако е потребно.
„По она што го имаме како пракса и тоа од неодамна, судиите на пример одлучуваат и ја проценуваат душевната болка на еден министер многу поскапо од душевната болка на кој било друг обичен човек, особено најевтино ја проценуваат на оние кои што не се истомисленици со Владата, ако воопшто мислат дека тие луѓе можат да доживеат душевна болка. Според искуствата што ги имаме, судиите сметаат дека се што не ја подржува Владата воопшто и не може да доживее душевни болки“, вели Јовановски.
Редакцијата на весникот „Вест“ денеска одлучи да излезесо целосно бела насловна страница на која во долниот десен агол има мало појаснување „Договорот меѓу ЗНМ и Владата, место декриминализација на клеветата, озаконува уште посилен притисок врз слободата на медиумите. Вака отсега ќе изгледаат насловните страници“. Во реакцијата на редакцијата е наведено дека ако се избере ваков модел на декриминализација, висината на казната воопшто не е важна и дека ова го зголемува притисокот врз медиумите.
Во понеделникот новинарите излегоа на протест поради големите притисоци со кои се соочуваат, големиот број тужби што најчесто ги добиваат од политичарите и казните од судовите. Новинарите со протестот ги предупредија судиите да не произведуваат селективна правда, туку аршинот да биде еднаков за сите.
Преговорите меѓу Владата и ЗНМ траеја осум месеци. До пред само една недела преседателот на ЗНМ Насер Селмани тврдеше дека дијалогот е неуспешен.
Така што за А2 се работи експедитивно, нема одлагање а за тие телевизии како што знаете им дадоа рок мислам дека до септември, за да си го решат проблемот со сопстевноста. Очигледно е дека се работи за двојни аршини во носењето на одлуките, иначе се е законски.Мирче Адамчевски, поранешен претседател на СРД.
Тој додава дека уште кога тој бил дел од Советот постоеле проблеми околу форматот на медиумите, но законот не е дециден дека може поради тоа да се одземе лиценцата, но од друга страна законот е дециден дека член на семејство на пратеник не може да има свој медиум, па телевизиите Канал 5 и Сител добија време до септември да го решат тој проблем.
Новиот договор може само да значи едно фино искушение за судскиот систем, односно да се види дали судскиот систем има намера да профункционира како независен или ќе продолжи да биде, да работи под политички влијанија. А со оглед на целата ситуација и досегашното искуство тешко е да се очекува тој систем ќе профункционира онака како што треба и во таа смисла тој притисок врз новинарите ќе продолжи.Борјан Јовановски, новинар.