Македонија се декларира како земјоделска земја, но се уште увезува двојно повеќе храна отоколу што извезува. Упатените велат дека субвенциите не се доволни.
Македонија се декларира како земјоделска држава, а од владата сметаат дека континуираната поддршка на оваа гранка ги дава своите резултати. Но податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во минатата година биле потрошени речиси 672 милиони долари на увоз на храна, за разлика од тоа што од извозот сме оствариле добивка од околу 373 милиони. Таквиот тренд продолжува и во првите четири месеци од годинава.
Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев вели дека ние сме земјоделска држава само по бројот на вработени, а не по резултатите кои се постигнуваат.
„Субвенците не се многу високи, туку се малку и ниски. Ако сакаме во Македонија да направиме еден поголем квалитативен скок, тоа треба да биде во правец на обновување или модернизација на самиот процес на земјоделството.“
Претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров вели дека проблемот е во тоа што до 2006 година земјоделството немало никаква поддршка од власта, при што околу 200 илјади хектари површина биле необработени и напуштени.
„Полека, полека од година во година таа бројка на овие хектари се наголемува и ние сметаме дека ако продолжи со една ваква аграрна политика, не само владата на Груевски и било која друга влада што ќе дојде, ние брзо ќе го елиминираме тој поголем увоз од извоз. Уште еднаш го замолуваме Заводот за статистика да објави кои се тие прозиводи што се увезуваат. “
Според Шаклев потребно е поголемо вложување во земјоделието за да може да ги стигнеме виско продуктивните земји.
„Ние мора да размислуваме во тој поглед, како и на кој начин што побргу да бидеме попрофитабилни отколку западна Европа, знаеме дека сега скоро секаде пазарот е ист, нашите граници се отворени и може секој своите производи да ги пласира било каде. За да бидеме конкуренти ние мора да имаме ефтин производ, а за да имаме ефтин производ мора да имаме висока технологија за произодство. “
Тантаров вели дека во текот на наредната недела аграрниот совет на владата треба да ја донесе програмата за субвенционирање на земјоделството во нареднитте три години. Тие очекуваат уште повеќе субвенции за да може земјоделството конечно да излезе од кризата во која се наоѓа со години.
Субвенците не се многу високи, туку се малку и ниски. Ако сакаме во Македонија да направиме еден поголем квалитативен скок, тоа треба да биде во правец на обновување или модернизација на самиот процес на земјоделството.Ефтим Шаклев, Федерација на фармери.
Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев вели дека ние сме земјоделска држава само по бројот на вработени, а не по резултатите кои се постигнуваат.
„Субвенците не се многу високи, туку се малку и ниски. Ако сакаме во Македонија да направиме еден поголем квалитативен скок, тоа треба да биде во правец на обновување или модернизација на самиот процес на земјоделството.“
Претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров вели дека проблемот е во тоа што до 2006 година земјоделството немало никаква поддршка од власта, при што околу 200 илјади хектари површина биле необработени и напуштени.
Полека, полека од година во година таа бројка на овие хектари се наголемува и ние сметаме дека ако продолжи со една ваква аграрна политика, не само владата на Груевски и било која друга влада што ќе дојде, ние брзо ќе го елиминираме тој поголем увоз од извоз.Вељо Тантаров, Асоцијација на земјоделци.