Расизам на „Еуро 2012”?

УЕФА соопшти дека добила две нови пријави за наводно извикување на расистички навреди и најави проширување на истрагата

Фудбалски фанови од афро-американско потекло патуваат за Украина во услови на зачестени обвинувања за расизам на трибините.
Тренер кој ги нарече играчите со африканско потелко во Европа „зумба бумба” фудбалери на кои може да им се плати со банани; расистичко насилство и нацистички поздрави за време на меч на украински клуб; поранешен играч од Англија кој ги предупреди фановите да не присуствуваат на натпреварите доколку не сакаат да се вратат во мртовечки ковчези. Сите овие инциденти го покреваат прашањто колку е безбедно за фанови со различнo расно потекло да присуствуваат на фудбалските натпревари во Украина?

Странците кои патуваат во Украина и Полска за да ги проследат натпреварите на “Еуро 2012” сметаат дека постои причина за загриженост.

Во Киев фановите се со различни мислења. Некои велат дека тврдењата за постоење на расизам се претерани. Други, пак, велат дека имало спонтани инциденти на насилство.

Стравувањата од нацизам се интензивираа по емитувањето на документарец на „Би-Би-Си” во кои беа вклучени снимки од украински фанови како претепуваат азиски студенти и прават нацистички поздрави за време на eден фудбалски меч. Поранешниот играч на англиската репрезентација Сол Кемпбел, во врска со снимките изјави дека одењето во Украина или Полска претставува ризик за некои фанови, кои може да се вратат во мртовечки ковчези.

Сметам дека тие неколкумина не се представителни за целата земја...

Но и покрај медиумските извештаи за вакви инциденти, 27 годишните Емека и Бона одлучија да присуствуваат на најголемиот европски фудбалски фестивал, верувајки дека инцидентите ги предизвикувале малцинство десничарски екстремисти.

”Сметам дека тие неколкумина не се представителни за целата земја. Одлучив да дојдам. Направив планови и сега ги остварувам”

вели Бона

Лишен, кој е 30 годипшен жител на Лондон, вели дека Украинците биле многу гостопримливи во текот на неговиот престој во изминативе 36 часа. Тој вели дека со пријателот од Соединетите американски држави и украински фанови седеле во паркот, пиеле пиво и пееле песни од Боб Марли.

”Откако го видов документарецот на ”Би-Би-Си” и откако ги слушнав коментарите на Сол Кемпбел навистина се загрижив. Но да бидам искрен, до сега немав никакви проблеми” вели Лишен.

Но дел од студентите со афро-американско потекло во Киев раскажуваат поинакви приказни. Пиернот Каја е 22 годишен студент од Франција кој четири месеци престојува во Киев.

“Лично бев нападнат четири пати и затоа верувам дека овдека постои расизам. Очигледно е дека црната кожа е закана за Украинците. Би им препорачал на лицата со темен тен да не доаѓаат овдека и да останат таму каде што се. Одете во Европа но не доаѓајте во Украина. За мене, Украина не е во Европа” вели Каја.

Неговите пријатели од Франција се согласуваат со неговото мислење, додека пак, од друга страна, студенти од Конго, Нигерија и Камерун се со поделени мислења. Хамуил Патрик од Конго вели дека не се соочил со расизам во текот на трите години од неговите студии во Украина, но дополнува дека некој во метрото фрлил флаша кон неговиот пријател Џосеф а група други негови пријатели биле нарекувани мајмуни во некое кафуле, што довело до тепачка.

Лично бев нападнат четири пати и затоа верувам дека овдека постои расизам ...
Прехус од Нигерија, кој следеше натпревар во центарот на Киев вели дека неговите пријатели останале дома, поради стравувања од зачерстен расизам за време на “Еуро 2012”

„Моите пријатели не доаѓаат овдека бидејки се плашат дека расизмот се интензивира за време на фудбалски натпревари. Јас лично не сум сведок на расизам. Затоа од тука го следам натпреварот” вели Прехус.

Украинските фудбалски коментатори Денис Босјанов и Михаил Герасименко сметаат дека медиумското покривање издвоило „помалку од 2.000 ултраши” во Украина, со што настанала генерализација за односот кон припадниците на друга раса на целата украинска јавност. Двајцата тврдат дека проблемот со расизмот е позастапен на трибините на други европски локации.

Тренерот на украинската репрезентација Олех Блохин, човекот кој искоментира за „зумба-бумба” фудбалерите во 2006 година, денес тврди дека во Украина нема расизам.

Фактички, инцидентите за кои се известуваше до сега ги предизвикаа навивачи од Полска и Русија.

Минатата недела извици за мајмуни се слушаа за време на тренинг на холандската репрезентација во Полска. Фудбалерите реагираа заканувајки се дека ќе си заминат од теренот ако истото се случи среде натпревар. Руски навивачи навредиле фудбалер на чешката репрезентација со афро-американско потекло на мечот со Русија во Полска.

Сепак, фановите Емека и Бона сметаат дека известувањето за ваквите инциденти може да се користи како напад против расизмот во Европа и подалеку. Светското првенство е закажано во Русија во 2018 година.

„Овдека се создава обединет фронт за борбра против расизмот. Сите внимаваат на тоа и се надеваме дека ваквата појава ќе се истреби од играта. Знам дека звучи амбициозно, но сметам дека станува збор за почеток и мислам дека борбата треба да започне додека Светот гледа” вели Бона.