Достапни линкови

Предупредување за руските навивачи


Руската фудбалска федерација испрати предупредување до навивачките групи, тврдејки дека руската репрезентација може да добие негативни поени поради насилно однесување на дел од навивачите. Предупредувањето на руската организација следи по одлуката на УЕФА за отпочнување на дисциплинска постапка поради насилство и наводно расистичко однесување на руските навивачи. Низ социјалните мрежи кружат видео записи од руски навивачи кои напаѓаат редари на стадионот во Полска на 8 овој месец за време на натпреварот меѓу Русија и Чешка.

Рускиот сервис на Радио Словодна Европа дополнително јави дека, според Министерството за внатрешни работи во Москва, четири лица биле уапсени поради предизвикување тепачка во бар во Варшава.
XS
SM
MD
LG