Обединетите нации и Соединетите американски држави бараат имплементација на мировниот план на специјалниот пратеник во Сирија Кофи Анан.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека режимот на сиријскиот претседател Башар Ал Асад го изгубил легитимитетот. Бан го прозва режимот на Асад за убиствата на повеќе луѓе меѓу кои жени и деца и дополни дека набљудувачите на Обединетите нации се обидуваат да пристапат до локација каде наводно се случил уште еден масакар по оној во Хула, каде беа убиени над 100 лица. Сиријските активисти тврдат дека лојалисти на сиријскиот претседател убиле осумдесетмина во провинцијата Хама. Бан го осуди инцидентот, и го нарече свирепост, повторно повикувајки го шефот на сиријската држава да го примени мировниот план на специјалниот пратеник во земјата Кофи Анан.
„Планот на Анан се уште е централна точка во напорите. Продолжуваме со силни чекори да го подржуваме со цел да се обезбеди почитување на истиот. Истовремено, во поглед на ситуацијата која се влошува, препорачувам понатамошна меѓународна дискусија меѓу клучните фактори околу тоа како би можеле поефикасно да дејствуваме“ рече Бан Ки Мун.
„Сирија и регионот може брзо да тргнат од точна на нестабилност до точка на вриење. Опасноста од граѓанска војна е вистинска и неизбежна. Затоа го повикувам претседателот Асад под итно и безусловно да го имплементира планот на Анан“ дополни генералниот секретар на светската организација.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека новото насилство во Сирија е едноставно неприфатливо и го повтори повикот на Соединетите американски држави претседателот Башар Ал Асад да отстапи од лидерската фунцкија:
„Насилството подржано од режимот, на кое од вчера повторно сме сведоци во Хама, е незамисливо. Асад повторно демонстрираше бруталност и дволичност. Сирија не може и нема да биде мирна стабилна и демократска се додека Асад не си замине“ изјави Клинтон во Турција.
Државниот секретар презентираше неколку клучни принципи за кои се залагаат Соединетите американски држави:
„Најпрвин, Сиријската влада мора да ги имплементира сите шест точки од иницијативата на Анан, вклучувајки го и прекинот на насилството кое беше договорено и ќе биде надгледувано од сите страни. Второ, Асад мора да отстапи од власт и да си замине од Сирија. Трето: преку преговори да се состави техничка и репрезентативна влада“ рече Клинтон.
Инаку, Сиријската влада деновиве дозволи влез на 17 агенции на Обединетите нации и невладини организации во земјата, откако прогласи 17 дипломати во земјата за „персона нон грата“.

Асад мора да отстапи од власт и да си замине од СиријаХилари Клинтон