Предизборната кампања почна, иако изборите се далеку. Партиите се фалат за сработеното и меѓусебно се обвинуваат за несработеносто. Граѓаните велат оти им е смачено од истите работи 20 години.
Под превезот на отчетност пред граѓаните, директни средби со нив, за да им ги слушнат проблемите, дебати за решенија, партиите на големо ја шетаат земјата. Сдсмовците им спијат по дома на своите симпатизери, вмровците организираат трибини по градовите за да се пофалат што сработиле. Иако локалните избори се наредната година, не изостанува предизборната реторика, но ни обвинувањата земаат залет.
Опозицијата се симна на улица и ќе бара поддршка од народот за пресметка со погрешните владини потези, власта, пак, нуди нови мерки, најави за вработувања на неколку илјади луѓе, кредити, субвенции, попусти за балетски претстави за пенизонери. Но не изостануваат ни обвинувањата стари пет па и повеќе години, кои секојдневно на неколку прес-конференции, партиите ги објавуваат.
„Вистина е дека ние вложуваме, дека правиме, дека создаваме и дека нашите дела се видливи, а некој нека ги каже делата и проектите на СДСМ“, изјави пред три дена Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Истото прашање ден потоа го постави и неговиот сопартиец Александар Бичиклиски.
„Главното прашање е каде оделе парите претходно во времето на СДСМ!? Во чии џебови завршувале овие пари, кога немаше ни порти, ни споменици, ни булевари, ни субвенции за земјоделците, ни бесплатни учебници.“
Велат само упорните успеваат, па за секој случај на уште една прес-конференција вчера истото си го праша Сашо Стефаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Каде завршуваа парите во време на СДСМ кога не се градеше ништо?! Ова е главното прашање.“
Од друга страна, пак, опозицијата настапува со обвинувања дека власта прави непродуктивни трошења во време кога се планира штедење со ребалансот.
„Вистина е дека мораше да се крати за да Владата има уште пари за реклами, фасади и споменици“, изјави пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски од Струмица, пак, порача:
„Драги пријатели, точно знаете кој е кој, а што е што, кој е чесен, а кој е криминалец, кој е домаќин, а кој е растурикуќа и тука не им помагаат ниту црните кампањи, ниту лагите и клеветите. Што и да прават џабе им е.“
Колку протестите на опозицијата ќе имаат ефект кај граѓаните, може ли нешто да се смени и колку можат на тој начин да и се спротивстават на власта? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
На телевизија веќе се вртат реклами платени од владејачката ВМРО-ДПМНЕ кои ги потсетуваат граѓаните за транизициското минато, се даваат отворени понуди за дуели, а прашањето за името и кој што направил во 2005-тата повторно е актуелно.
Граѓаните велат дека им е здодеано да ги слушаат едните исти работи.
„Не ме прашувај за нив, што да кажам, нам исто ни се фаќа, тие само зборуваат, зборуваат, а ништо не прават.“
„Дигнавме раце од се, и од радио и од телевизија и од власт, од се. Не ме интересира ништо, разочарани сме од се.“
„Порано почнаа, ќе им здосадат, народот нема да гласа.“
Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека раното и засега неофицијално стартување на предизборната кампања ќе донесе два ефекта, позитивниот е дека институциите и владејачките партии да се консолидираат и да се потрудат да покажат некакви разултати под пресија од опозицијата.
„Од друга страна, негативниот ефект ќе биде, затоа што ќе се зголемат тенизиите меѓу граѓаните. Од друга страна, пак, морам да признаам дека ние во некоја константна предизборна кампања сме цело време, како медиумска, така и партиска и политичка, но ова дополнително ќе ги зголеми тие тензии и таа поделба на општеството кое постои.“
Тој додава дека честите прес-конференции и тензиите кои се креираат ја намалуваат ефективноста кај гласачкото тело, а отворањето на старите теми, како тоа за името од пред 7 години, ќе донесе негативен ефект на надворешно-политичката сцена, односно на сметка на изборните потреби на политичарите ќе се намалат шансите за одблокирање на процесот на евроатлантски интеграции.
Главното прашање е каде оделе парите претходно во времето на СДСМ!? Во чии џебови завршувале овие пари, кога немаше ни порти, ни споменици, ни булевари, ни субвенции за земјоделците, ни бесплатни учебници.Александар Бичиклиски, ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата се симна на улица и ќе бара поддршка од народот за пресметка со погрешните владини потези, власта, пак, нуди нови мерки, најави за вработувања на неколку илјади луѓе, кредити, субвенции, попусти за балетски претстави за пенизонери. Но не изостануваат ни обвинувањата стари пет па и повеќе години, кои секојдневно на неколку прес-конференции, партиите ги објавуваат.
„Вистина е дека ние вложуваме, дека правиме, дека создаваме и дека нашите дела се видливи, а некој нека ги каже делата и проектите на СДСМ“, изјави пред три дена Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Точно знаете кој е кој, а што е што, кој е чесен, а кој е криминалец, кој е домаќин, а кој е растурикуќа и тука не им помагаат ниту црните кампањи, ниту лагите и клеветите. Што и да прават џабе им е.Бранко Црвенковски, СДСМ.
Истото прашање ден потоа го постави и неговиот сопартиец Александар Бичиклиски.
„Главното прашање е каде оделе парите претходно во времето на СДСМ!? Во чии џебови завршувале овие пари, кога немаше ни порти, ни споменици, ни булевари, ни субвенции за земјоделците, ни бесплатни учебници.“
Велат само упорните успеваат, па за секој случај на уште една прес-конференција вчера истото си го праша Сашо Стефаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Каде завршуваа парите во време на СДСМ кога не се градеше ништо?! Ова е главното прашање.“
Од друга страна, пак, опозицијата настапува со обвинувања дека власта прави непродуктивни трошења во време кога се планира штедење со ребалансот.
„Вистина е дека мораше да се крати за да Владата има уште пари за реклами, фасади и споменици“, изјави пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски од Струмица, пак, порача:
„Драги пријатели, точно знаете кој е кој, а што е што, кој е чесен, а кој е криминалец, кој е домаќин, а кој е растурикуќа и тука не им помагаат ниту црните кампањи, ниту лагите и клеветите. Што и да прават џабе им е.“
Колку протестите на опозицијата ќе имаат ефект кај граѓаните, може ли нешто да се смени и колку можат на тој начин да и се спротивстават на власта? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Морам да признаам дека ние во некоја константна предизборна кампања сме цело време, како медиумска, така и партиска и политичка, но ова дополнително ќе ги зголеми тие тензии и таа поделба на општеството кое постои.Алберт Муслиу, политички аналитичар.