Добра соработка, но слаб бизнис со збратимените градови

Куманово

Куманово е град пријател на српските градови Чукарица, Горњи Милановац и Врање, на бугарските Пловдив и Габрово, соработува со Ќустендил и Дупница, турскиот Чорлу, романскиот Кампина, словенечките Марибор и Словенградец, францускиот Епинал.
Збратимување на Куманово со други градови од земјите во регионот и подалеку од него е традиција. Поради тоа тој најчесто го носи епитетот град пријател. Некои збратимувања или, пак, потпишани меморандуми за соработка датираат од пред две-три децении. Тоа подразбира соработка, контакти, меѓусебни посети и едукации во областа на културата, образованието, ликовната уметност, но малку или незначителни се бизнис соработките.
Граѓаните тоа го гледаат најчесто како промена на спецификите, фестивалски, училишни, спортски, комуникација меѓу децата, ликовни секции, дружба на концерти и заеднички настапи. Тоа е влез во нови познанства осознавање на култури, традиции на живеење на определени региони, градови или земји со кои контактираат. Од тука се јавува и некоја желба за студии, контакти. Некои деца одат да студираат таму, има нови бракови од такви комуникации. Тој флуид, мешање на културите.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека има повеќе иницијативи од странски бизнисмени кои настојуваат да се воспостави бизнис соработка. Како граѓаните на Куманово ги восприемаат збратимувањата, Дамјановски објаснува:

„Граѓаните тоа го гледаат најчесто како промена на спецификите, фестивалски, училишни, спортски, комуникација меѓу децата, ликовни секции, дружба на концерти и заеднички настапи. Тоа е влез во нови познанства осознавање на култури, традиции на живеење на определени региони, градови или земји со кои контактираат. Од тука се јавува и некоја желба за студии, контакти. Некои деца одат да студираат таму, има нови бракови од такви комуникации. Тој флуид, мешање на културите.“

Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.


Тој потенцира дека конкретен стопански подем за сега нема:

„Императив на нас од политикката треба да ни биде промена на искуства и знаења, но и на капиталот од двете страни. Тоа е суштината на овие збратимувања. “

РСЕ: Каков бенефит имаат нашите сограѓани кои живеат во странство?
Императив на нас од политикката треба да ни биде промена на искуства и знаења, но и на капиталот од двете страни. Тоа е суштината на овие збратимувања.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

„Тоа е радост, задоволство, да се видиме, да поразговараме, ублажување на носталгијата, тие се дел од делегациите, нивна сатисфакција дека потекнуваат од градот кој го претставуваме ние. Ако е таа турнеја успешна и поволно оценета имаат сатисфакција. Конкретен бенефит нема.“

Понекогаш може да се помогне во надминување на некој индивидуален проблем, како што имало случај во Бања Лука и Бијељина, вели Дамјановски.

И додека Куманово е град пријател на српските градови Чукарица, Горњи Милановац и Врање, на бугарските Пловдив и Габрово, соработува со Ќустендил и Дупница, турскиот Чорлу, романскиот Кампина, словенечките Марибор и Словенградец, францускиот Епинал, утре можеби со Монмартр, албанскиот Драч и уште некои други, запрашан какви сме ние дома, Дамјановски со одговор:

„Македонија е мултиетничка земја и се разликуваме по религија, по обичаи, по јазик, по начинот на практицирање на семејните задачи. Во таа различност е богатство на државата, но токму тоа пак во транзицијата многу не подели“, вели Дамјановски и порачува:

„Политиката не треба да ги дели луѓето, особено во фаза на нашите интегративни процеси, а без тоа Македонија не може да биде модерна, прогресивна и економски развиена земја. Во мојата политичка практика работам на обединување, а тоа ми е и задача без оглед на припадноста, без оглед на која политичка опција припаѓаме. Треба да имаме стабилен концепт за стабилен развоен пат на РМ а тоа се создава со една константна политика, која мора да ја имаат политичарите пред себе ако сакаат да бидат успешни, ако и мислат добро на државата.“