„Апасионато“ е насловен новиот албум на виолинистката Пламенка Трајковска со кој таа, преку изведбата на дела од Чајковски, Вивалди, Бах и други на модерен начин, ја продолжува својата мисија класичната музика да и ја приближи на пошироката публика.
Пламенка Трајковска влегува во редот на македонските инструменталисти кои музиката ја живеат со полна страст. Токму онака како што е насловен нејзиниот нов албум „Апасионато“ на кој таа претставува 10 изведби во модерен стил на композиции од големите Чајковски, Вивалди, Бах, Едвард Григ и други...со што ја продолжува мисијата на приближување на класичната музика на пошироката слушателска публика.
„Сите тие композиции се обработени во еден модерен стил, со цел со едно такво спојување да се создаде една симбиоза, да направиме нова естетика, меѓутоа и да направиме нови композиции кои ќе бидат полесно прифатени.“
Трајковска е виолинистка која дипломирала на Факултетот за музичка уметност во класата на професор Михајло Куфојанакис и од 1994 година член на Македонската филхармонија. Во последнава декада и нешто повеќе настапува со гудачкиот квартет „Марија“, ансамблот „Виртус“, со „Скопските солисти“ и со фолклорната група „Келтикум“. Наедно работи со дуото „Талија“ со кое има одржувано перформанси и во Франција, Италија, Хрватска, Грција и во Бугарија.
Таа во 2009 година го промовираше своето деби авторско издание за соло виолина „Треперења“, а три години подоцна, со несвојствена за наши прилики ангажираност, ја нуди и својата нова колекција изведби.
„Јас пред се сум академски музичар, член на македонската филхармонија, сосема добро ги знам приликите во класичната музика, не само кај нас, туку и светските прилики. Трендот е токму ова што јас го правам, меѓутоа ова е еден македонски пример како тоа изгледа.“
„Апасионато“ на Трајковска веќе се продава на светските сервиси за дигитална музика, а виолинистката истакнува дека во периодов што следува ја чекаат бројни промотивни настапи на културните манифестации во земјава со кои ќе се обиде да ја анимира главно младата публика.
„Секогаш кога се интерпретирани класичните композиции на ваков начин, тие се доживуваат како блиски и оттука нивната подобра прифатеност во споредба со интерпретација на класична музика онака како што е оригинално напишана. Бидејќи има ритам, децата кога ќе ги слушнат овие модерни музички изрази полесно ги прифаќаат бидејќи тие почесто ги среќаваат.“
Инаку, Пламенка Трајковска е член и на минатата година формираното „Танго трио“ кое летово е планирано да одржи серија на концерти во Македонија и во соседна Грција на кои ќе им гостува гостинката од Аргентина – Алисија.
Сите тие композиции се обработени во еден модерен стил, со цел со едно такво спојување да се создаде една симбиоза, да направиме нова естетика, меѓутоа и да направиме нови композиции кои ќе бидат полесно прифатени.Пламенка Трајковска, виолинистка.
„Сите тие композиции се обработени во еден модерен стил, со цел со едно такво спојување да се создаде една симбиоза, да направиме нова естетика, меѓутоа и да направиме нови композиции кои ќе бидат полесно прифатени.“
Трајковска е виолинистка која дипломирала на Факултетот за музичка уметност во класата на професор Михајло Куфојанакис и од 1994 година член на Македонската филхармонија. Во последнава декада и нешто повеќе настапува со гудачкиот квартет „Марија“, ансамблот „Виртус“, со „Скопските солисти“ и со фолклорната група „Келтикум“. Наедно работи со дуото „Талија“ со кое има одржувано перформанси и во Франција, Италија, Хрватска, Грција и во Бугарија.
Секогаш кога се интерпретирани класичните композиции на ваков начин, тие се доживуваат како блиски и оттука нивната подобра прифатеност во споредба со интерпретација на класична музика онака како што е оригинално напишана. Бидејќи има ритам, децата кога ќе ги слушнат овие модерни музички изрази полесно ги прифаќаат бидејќи тие почесто ги среќаваат.Пламенка Трајковска, виолинистка.