Груевски не сака ТВ-дуел со Црвенковски

Премиерот Никола Груевски.

Црвенковски го повика Груевски на ТВ-дуел да ги „соочат аргументите“, но ВМРО-ДПМНЕ го одби овој предлог.
Груевски и Црвенковски и натаму не се откажуваат од серијалот на докажувања кој бил подготвен а кој не да прифати предлог од медијаторот Нимиц за компромис околу името кој би и наштетил на Македонија. Откако не успеаја да се разберат што било поприфатливо во предлозите од 2005 и од 2008 препукувајќи се преку медиумите, лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски го повика премиерот на ТВ дуел.
И затоа господине Груевски ајде да му ја кажеме вистината на македонскиот народ, ајде веќе еднаш јас и вие да седнеме на едно јавно соочување, на еден ТВ дуел и пред целата македонска јавност да ги предочиме фактите и да ги соочиме аргумуентите.
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.

„И затоа господине Груевски ајде да му ја кажеме вистината на македонскиот народ, ајде веќе еднаш јас и вие да седнеме на едно јавно соочување, на еден ТВ дуел и пред целата македонска јавност да ги предочиме фактите и да ги соочиме аргумуентите. Да проговориме за се, буквално за се што било до сега, но што е уште поважно и за тоа кој каква иднина нуди за нашата земја.“

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Црвенковски се издрибла самиот себе па сега не знае како да се извади, му реплицираше веднаш премиерот, а малку подоцна од прес-центарот на неговата партија стаса и одговор на повикот за дуел. Целта на овој дуел е со калта во која се наоѓа Бранко Црвенковски, да се изгнаси Груевски. Дуелот се случи на избори. Но приказната доби продолжение и Груевски му одговори на лидерот на СДСМ - предлогот на Нимиц од 2005 има сериозни проблеми во делот на јазикот и националноста и не нуди гаранции за нив.
Тоа беше прв момент кога Македонија покажа подготвеност со прифаќањето, експресно прифаќање и тоа на веќе одбиен предлог од Грција, покажа една спремност дека може да се пазари и околу идентитетските прашања.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

„Тоа беше прв момент кога Македонија покажа подготвеност со прифаќањето, експресно прифаќање и тоа на веќе одбиен предлог од Грција, покажа една спремност дека може да се пазари и околу идентитетските прашања кога тие се нејасни, кога се напишани на начин којшто не покажува дека има гаранција, практично таму нема ниту г од гаранција за идентитетот и во делот на јазикот и во делот на националноста.“

Сето ова откао претходно на прес-конференција Црвенковски праша зошто предлогот од 2008-та кој заедно го прифатиле е подобар од оној од 2005-тата и на кој начин подобро го гарантирал националниот идентитет.

Експертската јавност сите овие препукувања во деновите по самитот во Чикаго ги гледа како демонстрација на егоизам и отсуство на храброст кај политичките елити да се соочат со проблемот и да постигнат договор и консензус околу ова прашање чие решавање е од највисок интерес за земјава.