Супер, влегов во државна квота, што се 200 евра годишно? Добро де... и 1500 денари за електронски индекс... и 400 за обнова на книжен фонд... и 200 за штета на сметка и 300 за прирачник и 750 за ИКСА, 1000 за казнена сесија, 1000 за пријави + таксена марка со провизија во банка, и... Некако не се 200 евра повеќе! Образованието никогаш не било поскапо, пишува Ива Додевска од студентското движење Слободен Индекс во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Да живее нашето јавно „бесплатно“ образование! Тоа што е финансирано од јавниот буџет за кој нашите мајки и татковци секој месец двојат од трошната им плата. Она истото чија цена за партиципација власта ја намали на 200/400 евра пред некоја година. „Па тоа е скоро џабе!“ Аха, џабе. Само што од моментот кога цената на партиципацијата беше намалена, образованието НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОСКАПО.
И јас самата подзастанав да размислам како е можен овој парадокс. Супер, влегов во државна квота, што се 200 евра годишно? Добро де... и 1500 денари за електронски индекс... и 400 за обнова на книжен фонд... и 200 за штета на сметка и 300 за прирачник и 750 за ИКСА, 1000 за казнена сесија, 1000 за пријави + таксена марка со провизија во банка, и... Некако не се 200 евра повеќе!
Е, ама некои факултети не се задоволуваат со стандардниот рекет што им го маваат на студентите. Некои факултети просто вчудоневидуваат со креативни идеи за како да се избричи студентската раја и да се накалемат дебели пари без многу мака. Во клубот на „мафијашките легла“, Економскиот факултет неодамна доби конкуренција и тоа токму од неговиот најблизок сосед: Правен факултет. Си имале тие некоја седница, со сите свои бирократски процедури и одеднаш некому му паднало на ум: Како да го приватизираме факултетов, а никој да не дознае за тоа? Па конечно, доста се влечкавме, веќе цела деценија полека и неприметно носиме реформи за комерцијализација на јавното образование, ту ЕКТС, ту по некој закон, ту по некоја такса – време е да се пресече, од некаде мора да се почне! А како? Едноставно: да им ги укинеме сесиите на бруцошиве и да ги соголиме до гожа!
Овој фиктивен разговор сосем лесно можел навистина да се одвива на седницата на деканатот, зашто тој реши на студентите од прва година, кои се предмет на експериментална наставна програма, да им воведе таков еден систем на студирање што просто да не знаат од каде да почнат да се жалат. Начинот на кој се изведуваат полагањата на оваа генерација се од единствен тип во земјава: студентите прво полагаат два „влезни“ колоквиума од по 15 бода, а потоа и устен или писмен испит од 70 бода. Колоквиумите се услов за да се пристапи кон испитот, при што еден предмет секој студент мора да го полага најмалку три пати (прв+втор колоквиум+испит) и студентите немаат избор дали да полагаат колоквиумски или преку испит, туку и двете опции им се задолжителни. Настрана што ваквиот сосема нелогичен, преоптоварувачки и конфузен систем на полагање беше воведен годинава; пред извесно време добивме уште полоши вести во однос на испитните сесии, односно дека истите практично се укинуваат.
Имено, студентите немаат по три сесии за да го положат испитот пред да мораат да го презапишат, како што е на другите факултети; овде ако еднаш се паднат колоквиумите, тогаш се дава термин за поправен колоквиум (најчесто во текот на истата недела) и ако втор пат се падне, студентот, без воопшто да оди на испит, автоматски го презапишува предметот по цена од 8 евра по кредит. Ако, пак, успее да ги положи колоквиумите и потоа падне на испитот, има една шанса да го преполага испитот, по што, доколку го падне, исто така мора да го презапише предметот.
Која е идејата зад една ваква небулозна практика? Идејата е таа, една и многугодишна: ПРОФИТ. По стариот систем(кој се уште важи на сите други факултети), за да ја добие еден студент таа „чест“ одново да презапише предмет, треба прво убаво да се „испоти“; на Правен процедурата е скратена: паѓаш еднаш – паѓаш два пати – плати си, па клати си одново, и се така.
Да земеме во прости бројки: ако 1000 студенти во еден семестар презапишат секој по еден предмет што тежи 8 евра по 5 кредита = 40 евра, контото на факултетот ќе натежне за 40.000 евра повеќе и тоа за само еден семестар. Како го вика ова факултетската управа? Зајакнување на критериумите за проодност/едногласна одлука на седницата на комисијата/практично решение/сметките за парно се големи/блакурумскр блукуранбулум. Како го викаат тоа студентите? ГРАБЕЖ НА МРТВО!
Малку се сите трошоците за пат, сместување, административни такси, храна, партиципација, кои десетиците илјади родители едвај ги двојат од својот леб за да му овозможат на детето „виза за подобра иднина“. Малку се, натрупајте уште, земете ни ја и кожава! Додека има, грабајте, а кога ќе снема, грабајте погрубо. Сите вие што во ваше време студиравте бесплатно, сега ви се падна улогата на потешкиот начин да не научите дека ништо не е беспари?
Ова нема да помине! Дури ни покрај вашата мудра одлука да ја премолчите изменава се додека не дојде испитна сесија и додека не завршат предавањата, мислејќи дека така ќе не спречите да се организираме. Ако ви дозволиме и овој последен удар да ни го зададете, тогаш сите дружно можеме на подобен ден да го погребаме Македонскиот Студент, кој ќе си умре како без`рбетник и полтрон.
П.С. Нашиот декан Давитковски, како и многу купени души пред него и многу што по него ќе дојдат, достојно ја продолжува традицијата на човекот чие име го носи Правниот факултет. Еве што за нашиот патрон Јустинијан I пишува неговиот личен секретар Прокопиј во делото Anekdota (VI век):
„Тој создаде многу монополи, а богатството на своите поданици им го продаде на луѓе кои не одбија да го примат тој грев врз себе... А, поданиците беа принудени да си купуваат сè по ТРОЈНА ЦЕНА, немајќи кому да му се пожалат за тоа. [...] А тоа не го правеше воден од некаков закон, или од некакво право, туку отворено подведуван од своето СРАМНО СРЕБРОЉУБИЕ. Императорот воопшто не сметаше дека му е под достоинството да прима поткупи - неговата ненаситност му имаше одземено секаков срам!“
Да земеме во прости бројки: ако 1000 студенти во еден семестар презапишат секој по еден предмет што тежи 8 евра по 5 кредита = 40 евра, контото на факултетот ќе натежне за 40.000 евра повеќе и тоа за само еден семестар. Како го вика ова факултетската управа? Зајакнување на критериумите за проодност/едногласна одлука на седницата на комисијата/практично решение/сметките за парно се големи/блакурумскр блукуранбулум. Како го викаат тоа студентите? ГРАБЕЖ НА МРТВО!Write your quote footer here...