Новинарите заборавиле на етиката и на професинализмот кога известувале за случувањата поврзани со убиството кај Смилковци.
Новинарската етика и професионалните стандарди уште еднаш беа ставени на тест, овојпат со известувањето за убиството кај Смилковци. Квалитативната анализа на Високата школа за новинарство и односи со јавноста, покажува дека некои медиуми го нарушиле принципот на презумпција на невиност при известувањето, ја нагласувале етничката припадност на жртвите, користена е стереотипизација, некритички пренесувале изјави, користеле шпекулации, непрецизно наведувале информации, користеле насилен, емотивен јазик.
Но, анализата покажала и позитивна пракси во известувањето на медиумите во прилог на смирување на тензиите и намалување на негативните ефекти, како и тоа дека медиумите се обиделе да вклучат повеќе агли во истражувањето и да отворат широк спектар на информации за да може публиката да има посеопфатно разбирање за случувањата.
На презентацијата на резултатите, неколку уредници на медиуми во земјава, новинари и луѓе кои се занимаваат со работа на медиумите дискутираа за тоа кои се проблемите, зошто не се почитуваат стандардите и како да се надмине целата ситуација - има ли надеж за медиумите во Македонија?
Уредникот на Алсат-М телевизија, Мухамед Зекири вели дека можеби еден од проблемите е што има многу „падобранци“ во медиумите, а дел од вината лоцира и кај самите уредници.
„Ние уредниците сме виновни за оваа состојба затоа што не посветуваме многу внимание на младите новинари кои се претворени во држачи на микрофони кога одат на прес-конференции и кога земаат изјави и не ги поставуваат суштинските прашања. Можеби е дојдено време и уредниците сами да излегуваат на терен.“
И уредникот на интернет порталот МКД.мк Александар Дамовски се согласува дека дел од вината ја имаат уредниците.
„Што ние како уредници, кои сме првиот ѕид на одбраната од влијанието на газдите, од влијанието на политичарите, направивиме? Како ние постапивме во таквите случаи? Што направивме ние кога добиваме купони наместо плата? Што правиме ние кога газдите ќе ни кажат избркајте го овој новинар затоа што направил вака и вака. За жал многу често се согласуваме да го избркаат новинарот. Треба и ние да покренеме некаков отпор, да покажеме дека не сме тесто.“
И со овој случај повторно се потврди дека најголем дел од грешките се случуваат што поради незнаење, а и поради слепото следење на соопштенијата од институциите, вели Столе Наумов од Советот за радиодифузија.
„Тоа десет илјади пати сите го повторуваме, меѓутоа не го правиме и на сите тие семинари и од релевантни организации сите велат внимавајте најмногу со соопштенијата на институциите, особено на МВР, тие најмногу треба да се проверуваат, а кај нас сите новинари обратно прават.“
Новинарството помеѓу теоријата и праксата. Професионализам наспроти борбата за рејтинг, за наслов, за преживување. Овие дилеми ги отвори новинарот Драган Антоновски.
„Мора да се игра, тоа е новинарството денес. Првин треба да си признаеме дека ова не е новинарство, па потоа да почнеме да градиме. Стана сосема нормално да си потпалувач, стана сосема нормално да редиш вести, се знае кој е аголот, аголот е тој што наредува, а наредува тој што плаќа.“
Зоја Наскова од УНЕСКО вели дека состојбата на медиумите не е никаде идеална, правејќи споредба со медиумите во земјите во кои живеела.
„Постојана е дискусијата, постојана е борбата дали известувањето е добро или не, постојано има критика и тоа е нормален дел на еден демократски дискурс во едно општество.“
Можеме да си помогнеме ако постапиме како во приказната за дедото и репката, вели уредникот на Алфа телевизија Зоран Иванов.
„Ако соработниците не даваат отпор на своите уредници, уредниците на главните уредници, главните уредници на директорите, а директорите на сопствениците на медиуми, нема напредок.“
Од Високата школа истражувале за тоа како медиумите(7 телевизии, 9 весници и 4 он-лајн информативни медиуми) известувале за убиствата кај Смилковци и за настаните што следуваа потоа.
Ние уредниците сме виновни за оваа состојба затоа што не посветуваме многу внимание на младите новинари кои се претворени во држачи на микрофони кога одат на прес-конференции и кога земаат изјави и не ги поставуваат суштинските прашања. Можеби е дојдено време и уредниците сами да излегуваат на терен.Мухамед Зекири, уредник на Алсат-М.
Но, анализата покажала и позитивна пракси во известувањето на медиумите во прилог на смирување на тензиите и намалување на негативните ефекти, како и тоа дека медиумите се обиделе да вклучат повеќе агли во истражувањето и да отворат широк спектар на информации за да може публиката да има посеопфатно разбирање за случувањата.
На презентацијата на резултатите, неколку уредници на медиуми во земјава, новинари и луѓе кои се занимаваат со работа на медиумите дискутираа за тоа кои се проблемите, зошто не се почитуваат стандардите и како да се надмине целата ситуација - има ли надеж за медиумите во Македонија?
Што ние како уредници, кои сме првиот ѕид на одбраната од влијанието на газдите, од влијанието на политичарите, направивиме? Како ние постапивме во таквите случаи? Што направивме ние кога добиваме купони наместо плата? Што правиме ние кога газдите ќе ни кажат избркајте го овој новинар затоа што направил вака и вака. За жал многу често се согласуваме да го избркаат новинарот. Треба и ние да покренеме некаков отпор, да покажеме дека не сме тесто.Александар Дамовски, уредник на МКД.мк.
Уредникот на Алсат-М телевизија, Мухамед Зекири вели дека можеби еден од проблемите е што има многу „падобранци“ во медиумите, а дел од вината лоцира и кај самите уредници.
„Ние уредниците сме виновни за оваа состојба затоа што не посветуваме многу внимание на младите новинари кои се претворени во држачи на микрофони кога одат на прес-конференции и кога земаат изјави и не ги поставуваат суштинските прашања. Можеби е дојдено време и уредниците сами да излегуваат на терен.“
И уредникот на интернет порталот МКД.мк Александар Дамовски се согласува дека дел од вината ја имаат уредниците.
„Што ние како уредници, кои сме првиот ѕид на одбраната од влијанието на газдите, од влијанието на политичарите, направивиме? Како ние постапивме во таквите случаи? Што направивме ние кога добиваме купони наместо плата? Што правиме ние кога газдите ќе ни кажат избркајте го овој новинар затоа што направил вака и вака. За жал многу често се согласуваме да го избркаат новинарот. Треба и ние да покренеме некаков отпор, да покажеме дека не сме тесто.“
Ако соработниците не даваат отпор на своите уредници, уредниците на главните уредници, главните уредници на директорите, а директорите на сопствениците на медиуми, нема напредок.Зоран Иванов, уредникот на Алфа телевизија.