Пратениците расправаат за интерпелацијата на министерот за финансии Зоран Ставрески поднесена од опозицијата.
Ставрески мора да си оди затоа што во изминатите четири години не покажа резултати за подобрување на економската состојба и за отворање на нови работни места за граѓаните, смета опозицијата. Покрај ова од Социјалдемократскиот сојуз велат дека постојат неколку причини поради кои треба да се поддржи интерпелацијата на актуелниот министер за финансии.
„Постојаното и континуирано задолжување коешто го прави Министерството за финансии на државата и на граѓаните. Потоа неплаќањето на обврските кон компаниите и креирањето на висока фиктивност во македонската економија, неповикувањето на одговорност на надлежните институции, како што се Царината и Управата за јавни приходи, во случајот Детонатор и четврта причина е тоа што се уште не можеме да добиеме информација колку е долгот на државата кон компаниите, податок којшто постојано не се изнесува во јавноста и државата го крие“, изјави Марјанчо Николов од СДСМ.
Економскиот раст е зголемен, остварен е најголемиот раст на инвестиции во последните пет години, бројот на невработени лица е намален, меѓународниот углед на земјава е стабилен, рече во своето обраќање пред пратениците министерот Ставрески.
„Буџетот на државата, како процент од БДП-то во 2012 година е помал од оној во 2005 година, а даноците во исто време се пониски за 50 проценти. Како е можно тоа, прашувам. Или е во прашање знаење на ВМРО-ДПМНЕ или незнаење на СДСМ или двете заедно.“
За Демократската партија на Албанците, предлогот за интерпелација на Ставрески е прифатлив. Партијата смета дека министерот за финансиии е одговорен за како што велат нерамноправната распределба на парите.
„Господинот Ставрески е тој што има направено масакар со парите на Албанците во Република Македонија. Албанците го полнат буџетот со над 30 отсто од средствата, а за возврат, во вид на инвестиции, добиваат само два отсто од средствата и тоа се ребалансот се укинува и резултатот секоја година е нула отсто од буџетот“, вели Зијадин Села од ДПА.
За разлика од опозицијата, од Демократската Унија за интеграција не ги прифаќаат барањата за интерпелација на Ставрески. Без да аргументираат зошто се неоправдани причините за интерпелација, оттаму кратко изјавија дека нема да ја поддржат.
„Интерпелацијата е еден од најсилните демократски инструменти, особено во рацете на опозицијата и добро е што нашата опозиција го користи меѓу другото и овој многу важен демократски инструмент, но се разбира дека ние пратениците на ДУИ ќе гласаме против интерпелацијата“, изјави Сузана Салиу од ДУИ.
Ова не е првпат опозицијата да бара интерпелација на Ставрески. Пред две години, Либерално-демократската партија и Нова алтернатива поднесоа предлог за интерпелација до тогашниот вицепремиер и министер за финансии поради лошите економски состојби во државата. По долгата собраниска расправа, овој предлог не беше прифатен од владиното мнозинство.
Постојаното и континуирано задолжување коешто го прави Министерството за финансии на државата и на граѓаните. Потоа неплаќањето на обврските кон компаниите и креирањето на висока фиктивност во македонската економија, неповикувањето на одговорност на надлежните институции, како што се Царината и Управата за јавни приходи, во случајот Детонатор и четврта причина е тоа што се уште не можеме да добиеме информација колку е долгот на државата кон компаниите, податок којшто постојано не се изнесува во јавноста и државата го крие.Марјанчо Николов, СДСМ.
„Постојаното и континуирано задолжување коешто го прави Министерството за финансии на државата и на граѓаните. Потоа неплаќањето на обврските кон компаниите и креирањето на висока фиктивност во македонската економија, неповикувањето на одговорност на надлежните институции, како што се Царината и Управата за јавни приходи, во случајот Детонатор и четврта причина е тоа што се уште не можеме да добиеме информација колку е долгот на државата кон компаниите, податок којшто постојано не се изнесува во јавноста и државата го крие“, изјави Марјанчо Николов од СДСМ.
Економскиот раст е зголемен, остварен е најголемиот раст на инвестиции во последните пет години, бројот на невработени лица е намален, меѓународниот углед на земјава е стабилен, рече во своето обраќање пред пратениците министерот Ставрески.
„Буџетот на државата, како процент од БДП-то во 2012 година е помал од оној во 2005 година, а даноците во исто време се пониски за 50 проценти. Како е можно тоа, прашувам. Или е во прашање знаење на ВМРО-ДПМНЕ или незнаење на СДСМ или двете заедно.“
Буџетот на државата, како процент од БДП-то во 2012 година е помал од оној во 2005 година, а даноците во исто време се пониски за 50 проценти. Како е можно тоа, прашувам. Или е во прашање знаење на ВМРО-ДПМНЕ или незнаење на СДСМ или двете заедно.Зоран Ставрески, министер за финансии.