Утревечер од 20 часот, во Дом на култура „Ацо Шопов“ во Штип, започнува четвртото издание на „Астибо џез фестивал“.
Осум состави во три вечери, од 24 до 26 мај, со шаренолика програма која се движи од меинстрим, преку комбинација на џез со етно музика, фри-џез па се до вкрстување на најслободарската звуковна форма со хип-хоп, е годинешната понуда на „Астибо џез фестивал“ како манифестација чија примарна цел е да ја афирмира домашната сцена.
„Оваа година имаме бендови во кои членуваат афирмирани џез музичари од странство, меѓутоа во постави со наши џез музичари од Македонија“, вели Бошко Симоновски, музички уредник во Дом на млади Штип, кои заедно со Џез одделот на Музичката академија на универзитетот „Гоце Делчев“ и локалната самоуправа како покровител ја потпишуваат организацијата на ова случување.
Фестивалот ќе го отвори „Баце трио“ во кое покрај Александар Петров на ударни инструменти и Васил Хаџиманов на пијано, овојпат ќе свири и познатиот француски гитарист со меѓународна репутација Мишел Делпјиер.
Следува настапот на интернационалниот квартет на извонредниот македонски саксафонист Иван Иванов во кој се и контрабасистот Кирил Туфекџиоски, пијанистот Сава Милетиќ од Србија и Хрватот Анѓелко Ступар на тапани.
Втората фестивалска вечер ќе започне со настапот на германското дуо Владислав Надишана – Дејвид Кушерман, потем ќе биде претставен проектот на гитаристот Тони Китановски, неговиот музички сопатник тапанарот Александар Секуловски и извонредниот басист и композитор од соседна Грција – Костас Теодору - „Оди на Исток млад човеку!“, за да атмосферата кулминира со првиот поголем промотивен концерт на „Кабадајас“, бендот во кој членуваат искусните Максимовски, Милосављевиќ, Бојчевски и Костадиновски.
И конечно, во сабота љубителите на џезот ќе имаат можност да ги проследат уште три разнородни перформанси. Финалната ноќ ја отвора перкусионистот Оскар Салас, музичар кој подолго време живее во Македонија и кој најчесто во клубовите настапува со пијанистот Дамир Имери, Оливер Јосифоски на бас и тромбонистот Сашо Николовски. Следува изведбата на „Димитар Карамфилов квартет“, во кој покрај софискиот контрабасист и неговиот сограѓанин Емил Тасев на тапани се и битолчаните Сашо Поповски на гитара и Сашо Тасевски на саксафон, за да музичката понуда биде заокружена со звучниот експеримент на Димитри од Чаир и Тони Китановски.
Кон ова само уште информацијата дека со нагласен интерес се очекуваат и планираните пополноќни џем-сејшн свирки на сцената во Дом на млади, а за ваквите искуства кои по практика се извонредно корисни за студентите на џез оделот, професорот и уметнички директор на „Астибо џез фестивал“ - Китановски забележува дека се клучни за развојот на секој инструменталист.
„Има луѓе што го промениле својот стил затоа што слушнале некого во живо.“
Оваа година имаме бендови во кои членуваат афирмирани џез музичари од странство, меѓутоа во постави со наши џез музичари од Македонија.Бошко Симоновски, музички уредник во Дом на млади Штип,
Фестивалот ќе го отвори „Баце трио“ во кое покрај Александар Петров на ударни инструменти и Васил Хаџиманов на пијано, овојпат ќе свири и познатиот француски гитарист со меѓународна репутација Мишел Делпјиер.
Има луѓе што го промениле својот стил затоа што слушнале некого во живо.Тони Китановски, уметнички директор на „Астибо џез фестивал“.