Основниот проблем е што политичката ситуација во Македонија е директно засегната од политичката криза во Грција. Ова во коментар под наслов „Зборувајќи зад затворена врата: справување со македонските етнички тензии“, го оценува Оксфордската истражувачка група со седиште во Лондон. Станува збор за група која 30 години работи на градење доверба и посредува меѓу политичарите за избегнување безбедносни ризици.
Етничките тензии во Македонија секогаш се блиску на површина, како што се покажа по откривањето на петкратното убиство под мистериозни околности пред Велигден, оценува Оксфордската истражувачка група, додавајќи дека тоа следело по серијата инциденти кои ги зголемија тензиите.
Со оглед на слабиот политички дијалог меѓу двете заедници, лесно може да дојде до ескалација на тензиите.
„Но, она што охрабрува овој пат е дека сите партии повикаа на смирување“, вели управниот директор на Оксфордската група Крис Лангдон кој, како што се наведува, работел со лидерите на македонските партии во парламентот уште од 2007 година.
Според него, Рамковниот договор направил многу за намалување на тензиите и за потребните реформи, но не го покрил клучното прашање: парламентарната реформа. Македонскиот парламент е единственото место каде што меѓусебно се ангажирани политичките партии.
Како и да е, според Крис Лангдон, парламентарната соработка има тенденции да биде многу негативна. Тој додава дека Оксфордската група била поканета да помогне во изградба на парламентарниот капацитет да стане национален простор за политичка борба.
Но, не станува збор само за несогласување меѓу заедниците, туку, како што се додава, најнерешливите политички конфликти често пати биле меѓу партиите кои претставуваат иста заедница.
Првата дискусија за олеснување била одржана во јануари 2008 година и, како што се наведува, во македонските политички кругови е позната како Вилтон парк, местото во Сасекс каде што се состанале спикерот на парламентот и претставници на другите партии.
Дискусијата резултира со согласност за серија реформи за деблокада на собрансиките процедури. Промените им овозможија на албанските пратеници да употребуваат албански јазик и за време на пленарните седници и во комисиите.
Повторно во ноември 2011 Крис Лангдон и Џонатан Дадинг од Институтот за културни работи биле поканети во Македонија да посредуваат зад затворена врата во парламентот, а на барање на бритснкиот амбасадор во Македонија и Вестминстер фондацијата за демократија.
Сега, политичката клима е многу потешка. Поттикот за реформи минува со продолженото грчко вето на влезот на Македонија во НАТО се додека не го смени името.
„Овој процес зема многу време и политичка волја. Во Македонија има посветени пратеници кои не се предаваат. Често е потребно трпение. Тоа е природата на оваа работа, чекор по чекор. Годинашните тензии не го олеснуваат процесот.“
Но, основниот проблем е што политичката ситуација во Македонија е директно под влијание на политичката криза во Грција.
„Со оглед на продолжената грчка блокада во НАТО и Европската унија, а во моментов има малку изгледи за надминување на надворешната блокада, значително се намалува и поттикот за внатрешни политички реформи во Македонија“, оценува Оксфордската истражувачка група.

Со оглед на продолжената грчка блокада во НАТО и Европската унија, а во моментов има малку изгледи за надминување на надворешната блокада, значително се намалува и поттикот за внатрешни политички реформи во Македонија.