Потребно е злосторствата од омраза правовремено да се препознаат, да се истражат на соодветен начин, да се казнат сторителите и да се осудат од јавните претставници на власта за да им се испрати јасна порака на жртвите и на малцинските заедници дека таквите дела нема да бидат толерирани, вели заменик-шефицата на одделот за толеранција и недискриминација во ОБСЕ/ОДИХР, Азра Јунузовиќ во интервју за Радио Слободна Европа.
Во Македонија нема податоци ниту за осудени, ниту воопшто за евидентирани настани коишто се однесуваат и на говор на омраза и на злосторства од омраза. Како може да се толкува тоа?
Што се однесува на податоците што ги добиваме од овие простори, ние блиску соработуваме со претставниците на власта и тие податоци говорат дека во овој момент не постои начин за прибирање на тие податоци. Знам дека во текот на 2009 година постоеше работна група што се занимаваше со прашања за проблемите на злосторствата од омраза и дека сега постојат иницијативи за тоа како би можело да се обнови работата на оваа група.
Какви се вашите сознанија за Македонија во однос на злосторствата од омраза?
Податоците што ние ги добиваме од државите не се базираат само на официјалните податоци, туку ние прибираме податоци и од претставници на мисиите на ОБСЕ, а исто така и од невладините организации и многу често може да кажеме дека невладините организации доставуваат податоци кои говорат за тоа дека постојат злосторства од омраза, односно тие не може да бидат квалификувани како такви се додека тоа не го утврди правосудниот систем, но дека постојат инциденти кои одредени заедници ги перцепираат како инциденти кои се мотивирани од предрасуди. Од истата причина можам да кажам дека нашите сознанија, не само за овие простори, туку и за просторите во целиот регион на ОБСЕ, се дека злосторствата базирани на предрасуди се присутни секаде. Она што е различно е одговорот што ќе се пружи на тоа прашање и затоа е битно повторно да се работи на изградбата на доверба за претставниците на граѓанското општество и претставниците на малцинските заедници да имаат доверба да и ги пријават тие инциденти на полицијата и на другите правосудни органи.
Какви може да бидат последиците од ваквите појави?
Последиците од злосторствата од омраза може да бидат многу сериозни, како што се наведува во низа документи кои ги усвоија многу земји членки на ОБСЕ, злосторствата од омраза може да ескалираат и да доведат до сериозни последици и насилство од широки размери. Во основа самото злосторство од омраза е злосторство на порака затоа што им испраќа порака на заедницата и на поединците кои се членови на таа заедницата дека не се добредојдени на тие простори. Токму нивното влијание и пораката што ја испраќаат имаат посебно значење и затоа е потребно сите претставници на власта да преземат посебни мерки, како би се одговорило и како би се дефинирале мерки за превенција за соочување со ова прашање.
Со оглед на околностите и случувањата во Македонија како меѓуетничките тензии, а во основа и ова е дел од тие тензии, што би можеле да им препорачате на македонските власти за да се подобри ситуацијата?
Во одговор на тоа прашање можам да кажам дека нашата институција во секоја земја има национално лице за контакт со кое блиску соработуваме. И во овој случај во земјава блиску соработуваме со нашиот претставник за да разговараме околу конкретни мерки и тоа е една од причините зошто сме денеска тука.
Какви се предизвиците во однос на законската регулатива за оваа проблематика?
Она што е една од нашите препораки што се базираат на низа извештаи што ние ги претставивме е дека постои потреба за ефективно имплементирање на правните одредби и исто така дека е потребно злосторствата од омраза како такви правовремено да се препознаат, да се истражат на соодветен начин, да се казнат сторителите на тие дела и да се осудат таквите дела од страна на јавните претставници на власта за да им се испрати јасна порака на жртвите и на претставниците на малцинските заедници кои можеби се таргетирани жртви дека таквите дела нема да бидат толерирани во општеството.
Последиците од злосторствата од омраза може да бидат многу сериозни. Злосторствата од омраза може да ескалираат и да доведат до сериозни последици и насилство од широки размери. Во основа самото злосторство од омраза е злосторство на порака затоа што им испраќа порака на заедницата и на поединците кои се членови на таа заедницата дека не се добредојдени на тие простори. Токму нивното влијание и пораката што ја испраќаат имаат посебно значење и затоа е потребно сите претставници на власта да преземат посебни мерки, како би се одговорило и како би се дефинирале мерки за превенција за соочување со ова прашање.Азра Јунузовиќ, заменик-шефица на одделот за толеранција и недискриминација во ОБСЕ/ОДИХР.