Достапни линкови

Скопје маршираше за мир


Марш за мир во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00
Директен линк

Марш за мир во Скопје

Илјадници граѓани маршираа за мир, за промовирање на соживотот, за општество без насилство, без предрасуди и манипулации.

Неколку илјади граѓани денска маршираа за мир низ центарот на Скопје. Пред почетокот на маршот во Градскиот парк на неколку јазици беше прочитан манифестот за мир.
Да не чекаме војна за да маршираме за мир, да маршираме за мир за да нема војна.
Сабина Ајрула Тозија, актерка.

Претседателот Ѓорге Иванов учествува на Маршот за мир во Скопје.
Претседателот Ѓорге Иванов учествува на Маршот за мир во Скопје.
Ние сме за мир,
за живење едни со други, наместо едни покрај други,
за смирување на тензиите,
за доброто на сите луѓе,
за пријателство,
за општество без насилство,
без предрасуди и манипулации,
Добредојдени се сите луѓе кои се залагаат за смирување на тензиите и подигнување на јавната смест за заеднички живот.
Ова е прашање на граѓанска и човечка освестеност.
Да го посадием семето на љубовта, сакаме и можеме.

Тоа е порака до сите оние поединци кои на некој начин сакаат да го нарушат мирот и спокојството на граѓаните дека мнозинството од овој народ како во минатото така и сега и во иднина ќе знае да ги направи сите потребни чекори за да не дозволи на такви поединци и структури да ги реализираат своите идеи кои не се во правец на зачувување на мирот и спокојството на граѓаните.
Никола Груевски, премиер.

„Да не чекаме војна за да маршираме за мир, да маршираме за мир за да нема војна“, рече актерката Сабина Ајрула Тозија, пред да го прочита манифестот на турски јазик.

Повод за Маршот се неодамнешните инциденти при што беа повредени над 20 луѓе од различна националност.

Маршот започна од Градскиот парк, преку Илинденска до Камениот мост и назад по Кејот на Варадар пак во Парк, каде на Школката продолжи забавата со познати музичари.

Пред за започне маршот, во Градскиот Парк се појави и претседателот на државата Ѓорге Иванов, а меѓу илјадниците граѓани кои носеа транспаренти со пораки за мир на неколку јазици, можеа да се забележат и политичари и пратеници.

Премиерот Никола Груевски не се појави, но го поддржа Mаршот за мир.

„Тоа е порака до сите оние поединци кои на некој начин сакаат да го нарушат мирот и спокојството на граѓаните дека мнозинството од овој народ како во минатото така и сега и во иднина ќе знае да ги направи сите потребни чекори за да не дозволи на такви поединци и структури да ги реализираат своите идеи кои не се во правец на зачувување на мирот и спокојството на граѓаните. Се разбира, заедно со силите на државата, на МВР и сите институции одговорни за одржување на мирот и спокојството на граѓаните, една ваква демонстрација на граѓаните и на општствено познати личности секако ќе биде од корист“, рече премиерот Никола Груевски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG