Децата не си ги знаат своите права, па според тоа не си ги ни уживаат доволно, а во училиштата нема доволно документи каде правата на децата се стриктно наведени.
Децата во општина Дебар го немаат потребното учество во процесот на одлучувањето, како во основните и средните училишта, така и во локалната заедница. Ова покрај другото се наведува во Извештајот од Мониторингот што се спроведе во оваа општина, а во врска со почитувањето на меѓународната Конвенција за правата на децата во Република Македонија.
Извештајот од извршениот мониторонг има цел да се даде објективна слика за состојбата со примената на наведената Конвенција во нашава земја.
„Мониторингот покажа дека децата не ги уживаат целосно своите права. Треба да се нагласи фактот дека децата немаат доволно познавања за нивните права. Поради оваа состојба потребно е да се создаваат механизми со цел децата да се едуцираат и да се информираат за тоа како тие можат да си го имаат своето право и како тие треба да ги користат своите права особено во процесот на одлучувањето“, вели координаторот на мониторинг групата во Дебар, Фламур Муладаути.
Тој подвлекува дека самите институции како што се училиштата но и другите локални институции го немаат соодветно поставено правото на децата во нивната документација и акти.
„Во Институциите нема доволно акти и документи каде правата на децата се стриктно наведени. Во институциите често стихијно се занимаваат со правата на децата и во нивните акти нема доволно одредби за правата на децата. Ние настојуваме во актите да се децидно внесени правата на децата кои им следуваат со Конвенциите.“
Преку граѓанските организации во Дебар се прават напори деца, односно ученици од средните училишта преку разни обуки да помагаат на своите врсници за познавањето на нивните права.
Фатима Мифтар е ученичка во Дебарската гимназија и е заменик дете правобранител. Таа по реализираните обуки помага на децата за да ги знаат своите права во процесот на одлучувањето.
„Според нашите контакти кои ги имаме со децата, произлегува дека тие не си ги знаат доволно своите права во сферата на одлучувањето. Наша оценка е дека има потреба децата да покажат поголем интерес во овој поглед и да знаат се за нивните права. Децата треба да се јавуваат кај нас, бидејќи ние имаме завршено обуки и сега си ги знаеме правата.“
Во насока на подобрување на правата на децата во сферата на одлучувањето, граѓанскиот сектор прави напори наскоро да го формира и Детскиот Парламент на локално ниво за што поддршка добива и од училиштата.
Мониторингот покажа дека децата не ги уживаат целосно своите права. Поради оваа состојба потребно е да се создаваат механизми со цел децата да се едуцираат и да се информираат за тоа како тие можат да си го имаат своето право и како тие треба да ги користат своите права особено во процесот на одлучувањето.Фламур Муладаути, координатор на проект во општина Дебар.
Извештајот од извршениот мониторонг има цел да се даде објективна слика за состојбата со примената на наведената Конвенција во нашава земја.
„Мониторингот покажа дека децата не ги уживаат целосно своите права. Треба да се нагласи фактот дека децата немаат доволно познавања за нивните права. Поради оваа состојба потребно е да се создаваат механизми со цел децата да се едуцираат и да се информираат за тоа како тие можат да си го имаат своето право и како тие треба да ги користат своите права особено во процесот на одлучувањето“, вели координаторот на мониторинг групата во Дебар, Фламур Муладаути.
Тој подвлекува дека самите институции како што се училиштата но и другите локални институции го немаат соодветно поставено правото на децата во нивната документација и акти.
Наша оценка е дека има потреба децата да покажат поголем интерес во овој поглед и да знаат се за нивните права. Децата треба да се јавуваат кај нас, бидејќи ние имаме завршено обуки и сега си ги знаеме правата.Фатима Мифтар, ученичка во Дебарската гимназија.