Владата со герила маркетинг за туризмот

Контроверзната кампања за туризмот во Македонија, според министерот за економија Ваљон Сарачини, е „герила маркетинг“.
Камп за подготовка на туристи, строг американски полковник ги подготвува странски туристи за доаѓање во Македонија, земја на ендемски видови како келнери, домаќинки и продавачки кои ќе ви го загорчат животот за време на одморот. Туристите се подготвуваат за средба со страшни угостители кои ќе им го ограбат паричникот, нема да ги остават да спијат, со саати ќе чекаат кафе, не дај боже да нарачаат ручек, а младите луѓе во дискотеки и ноќни барови може да ги нападнат само затоа што се странци.
Тие реклами кои се обидуваат или би требало да дадат потстрек за совесно и одговорно однесување, најчесто тие или во добар случај тие сами по себе се извор на корупција и по прашањето на транспарентноста за избор на агенциите кои ги изработуваат и висините на хонорарите кои ги плаќаат за нив, навистина рекламите се сериозен проблем кој го имаме веќе подолг период наназад.
Драган Малиновски, поранешен антикорупционер.

Ова се дел од новите рекламни кампањи чија цел е подобрување на состојбите во туризмот. Основен заклучок што може да се изведе од рекламите кои се уште не се емитувани во медиумите е дека келнерите, домаќинките, таксистите и продавачките само со насмевка ќе го спасат туризмот, па земјава нема да може глава да крене од туристи, откако тие ќе станат покултурни.

Експертите сметаат дека овие реклами од една страна создаваат негативна слика за Македонија и ги бркаат туристите, а во тоа најмногу помага фактот што рекламите се претежно на англиски јазик и се објавени на интернет каде што таргет група не е само од Македонија. Од друга страна, пак, сметаат дека со нив се дефокусира јавноста дека единставен проблем во македонскиот туризам е неуслужливоста на домаќините и угостителите.
Доколку опозицијата се позанимава малку околу функционираноста и тоа што се вика „герила маркетинг“ ќе дознаат дека рекламите имаат ефект на привлекување на внимание.
Ваљон Сарачини, министер за економија.

Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски предупредува на уште еден проблем, дека доколку овие реклами не завршат во етер значи дека парите се фрлени во ветер и за тоа некој ќе треба да понесе соодветна одговорност. Тој додава дека голем дел од владините реклами сами по себе носат сомнеж за корупција.

„Тие реклами кои се обидуваат или би требало да дадат потстрек за совесно и одговорно однесување, најчесто тие или во добар случај тие сами по себе се извор на корупција и по прашањето на транспарентноста за избор на агенциите кои ги изработуваат и висините на хонорарите кои ги плаќаат за нив, навистина рекламите се сериозен проблем кој го имаме веќе подолг период наназад.“

Вчера, опозицската ЛДП побара од премиерот да не дозволи да се прикажуваат овие реклами во медиумите затоа што тоа е навреда за граѓаните и ќе му нанесат штета на туризмот во земјава. Според нивните проценки за Владата за правењето на овие реклами потрошила 550 илјади евра.

Од друга страна, пак, министерот за економија Ваљон Сарачини смета дека рекламите не се навредливи и дека тоа е таканаречен „герила маркетинг“.

„Доколку опозицијата се позанимава малку околу функционираноста и тоа што се вика „герила маркетинг“ ќе дознаат дека рекламите имаат ефект на привлекување на внимание. Така да мислам дека со ова ние самите ќе станеме свесни, до некаде, можеби не сите граѓани го прават тоа, но тие што го прават тоа што се прикажува на рекламите ќе влијае позитивно врз основа на добар пречек на сите туристи што доаѓаат во Македонија.“

Според интернет енциклопедијата Википедија, пак, герила маркетингот е рекламна стратегија која, користејќи евтини и неконвенционални средства(графити, летоци, флеш-мобови и сл.), треба да промовира одреден прозивод или идеја.

Рекламите до сега на интерет страната Youtube се гледани над 300 илјади пати.