Достапни линкови

Кои се ефектите на владините кампањи?


Владина кампања, Агенција за електронски комуникации.
Владина кампања, Агенција за електронски комуникации.

Да бидеме подобри, да бидеме толерантни, да се смееме, да читаме книги, да фрламе отпадоци во корпи и уште ред други реклами. Но колку владините реклами суштински го менуваат на подобро животот на граѓаните?

Да бидеме подобри, да бидеме толерантни, да се смееме, да читаме книги, да фрламе отпадоци во корпи, па потпиши се, излези гласај, избери живот, и уште ред други реклами.
Мене немаше потреба да ми помагаат, тоа си го знаев.
Анкетиран граѓанин.

Владина кампања: Едно семејство еден дом.
Владина кампања: Едно семејство еден дом.
Никој досега не направил анализа на тоа колкаво влијание имале рекламите и дали грѓаните ги сфатиле пораките на Владата. За некои категории не можеме да зборуваме, како на пример за тоа колку сме подобри или не од порано, но може да видиме дали луѓето се смеат повеќе, дали научиле ѓубрето да го фрлаат во корпа наместо по улиците и парковите. А за попишувањето да не зборуваме, тоа одамна пропадна.
Се трошат добар дел средства што владата ги плаќа на медиумите и мојот општ заклучок е дека освен некоја корист што го имаат медиумите во таа смисла, не би се заклучило дека има ефект во смисла на подобрување на една ситуација во Македонија.
Илија Ацески, социолог.

Но колку владините реклами суштински го менуваат на подобро животот на граѓаните? Колку луѓето се потолерантни, понасмеани, колку станале подобри?

Тој што знае како треба да се однесува, ќе знае и без рекламите велат граѓаните.

„Мене немаше потреба да ми помагаат, тоа си го знаев.“

„Ни кажаа дека секаде има контејнери да не фрламе ѓубре по улица, не е добрo за народот, има деца, треба хигиена малку да се одржува, ама кај нас народот така е научен, што да правиме.“

„Тоа само од нас зависи, сите треба да се свесни и да се придржуваат до тоа.“

„Уште малку живот ми останува, јас допрва тие ќе ги гледам.“

Живееме во стварност на медиумите и од нивното влијание нема бегање, вели социологот Илија Ацески. Но што се однесува до рекламите, тие треба да имаа поента која ќе биде недвосмислена. Рекламите се направени во една форма дека тие значат еден исчекор во смисла на подобрување на некоја ситуација во Македонија, што е многу проблематично, вели Ацески.

„Дури би рекол дека некои реклами имаат еден обратен ефект, она што нас не опкружува во едно секојдневние, ни е некако презентирано низ слика и збор дека ако ние постапуваме на таков начин ќе бидиме подобри, што може да биде една голема заблуда, ако е на таков начин презентирано.“

Дел од рекламите се збунувачки, дел од нив контрадикторни, па дури и смешни вели Ацески. Тој вели дека зад овие реклами се кријат други работи.

„Се трошат добар дел средства што владата ги плаќа на медиумите и мојот општ заклучок е дека освен некоја корист што го имаат медиумите во таа смисла, не би се заклучило дека има ефект во смисла на подобрување на една ситуација во Македонија.“

Но затоа пак владините рекламите се извор на испирација за јунаците на К-15.

„Мене ми е криво што сите не веруваат. Јас не знам зошто не веруваат, но ете оваа кампањата е инзворедна, оваа „оствари се“, па „осмехни се“, „оклешти се“.
Абе не е битно, не е битно, се е прва лига, се е едукационо, се е афирмативно, се е просперитетно“, велат тие во нивниот скеч „Владини реклами“.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG