Во НАТО може и без самит, ама не и без решение за името

Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен и премиерот на Македонија Никола Груевски.

Во пресрет на самитот на НАТО во Чикаго, веќе е извесно дека Македонија не е на дневната агенда. Што се се случуваше во периодот меѓу Букурешт и Чикаго, имавме ли шанса за затворање на прашањето за името и дали ја пропуштивме?
„Утре НАТО ќе донесе историска одлука за прием на трите балкански нации Хрватска, Албанија и Македонија. Соединетите Држави силно ја поддржуваат поканата за членство во НАТО на овие три нации.“ Оваа изјава на поранешниот американски претседател Џорџ Буш непосредно пред самитот на НАТО во Букурешт во ноември, во 2008 година, влеа малку надеж дури и кај најголемите песимисти околу членството на Македонија во Алијансата.
Најидеалната шанса сме ја пропуштиле пред Самитот во Букурешт. Да не навлезевме премногу во таа далечна античка историја, провокации кои немаше потреба да ги направиме, тогаш и потоа ние најверојатно откако претседателот на САД еден ден претходно се изјасни дека и Македонија е во групата три која ќе биде примена, мислам дека работата ќе се завршеше многу побезболно и многу подобро.
Исмет Рамадани, Евроатлански Совет на Македонија.

„Овие земји го поминаа тешкиот пат на реформите и изградија слободни општества. Тие се подготвени да придонесат за НАТО и нивните граѓани ја заслужуваат безбедноста која ја носи НАТО“, порача Буш, вечерта пред официјалниот почеток на Самитот.

Официјалното лого на Самитот на НАТО во Чикаго.


Но, наспроти сите очекувања дека земјава можеби и ќе ја добие посакуваната покана за членство во НАТО клубот, тоа не се случи поради несогласувањето на Грција како рамноправна земја членка на Алијансата.

Во заклучокот на Самитот беше кажано дека Македонија ќе стане дел од НАТО во истиот момент кога ќе го реши долгогодишниот спор за името со Грција. Моралната сатисфакција беа пофалбите дека земјава има постигнато напредок во реформите и дека Алијансата очекува да продолжи соработката со Македонија.

Тогаш Буш изрази жалење што не бил постигнат консензус по прашањето околу членството на Македонија и додаде дека спорот со Грција за името треба да биде брзо решен.
Не случајно во февруари дојде посредникот Нимиц, мислам дека тогаш се уште имаше шанси да се најде формула која ќе ги отвореше вратите на НАТО. Мислам дека ни треба и од грчка страна контра партнер за да можеме сериозно да влеземе во разрешување на овој спор. Таму за жал работите не стојат добро, сето тоа ќе не доведе во позиција да го пропуштиме идеалниот период кога би можеле да го решиме ова прашање, а тоа е на почетокот на мандатот на новата грчка влада и на условно речено почетокот на мандатот на нашата влада, затоа што дури во јуни ќе биде првата годишнина од новата влада на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ.
Владо Бучковски, поранешен премиер на Македонија.

„Ние и ветуваме на Македонија дека што е можно поскоро ќе влезе во Алијансата. Тие остварија многу реформи и непрекинато ги помагаат странските мисии во НАТО“, рече тогашниот американски претседател.

Македонија пред вратите на НАТО

На домашен терен веднаш по самитот следуваше лавина реакции за неправдата која ни е нанесена, но веднаш стана јасно дека правилата по кои се раководи овој клуб подразбираат донесување одлуки со консензус и ништо не можеше да ја поправи веќе донесената одлука. Албанија и Хрватска ги добија очекуваните покани, а Македонија остана пред вратите на НАТО.

„Најидеалната шанса сме ја пропуштиле пред Самитот во Букурешт. Да не навлезевме премногу во таа далечна античка историја, провокации кои немаше потреба да ги направиме, тогаш и потоа ние најверојатно откако претседателот на САД еден ден претходно се изјасни дека и Македонија е во групата три која ќе биде примена, мислам дека работата ќе се завршеше многу побезболно и многу подобро,“ изјави Исмет Рамадани, потпретседател на Евроатланскиот Совет на Македонија.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг.


Во периодот што следуваше имаше средби меѓу преговарачите од грчка и македонска страна и посредникот Нимиц, посети на медијаторот во Скопје и Атина, обиди да се постигне каков и да е напредок во преговорите. Имаше писма за разговори на повисоко ниво и отфрлени иницијативи. Најпосле, се случи и средба меѓу Пападемос и Груевски но и таа не донесе конкретни заклучоци, освен заложбите дека двете страни остануваат посветени на процесот за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение. Опозицијата обвинува дека за македонската влада евроатланските интеграции се само декларативни стратешки приоритети, и дека недостига вистинска политичка волја за решавање на проблемот со името.
Од друга страна политички гледано добро е што Македонија склучува договори и со земји кои не се членки на НАТО, а се и во иднина ќе претставуваат значајни фактори на светската политика. Значи алтернативата прво ја гледам во развој на домашните капацитети и во соработка со држави кои на некој начин можат да помогнат во безбедноста на Македонија, а при тоа тоа да не биде на штета на нашето НАТО интегрирање.
Емил Димитриев,заменик министер за одбрана.

„Не случајно во февруари дојде посредникот Нимиц, мислам дека тогаш се уште имаше шанси да се најде формула која ќе ги отвореше вратите на НАТО. Мислам дека ни треба и од грчка страна контра партнер за да можеме сериозно да влеземе во разрешување на овој спор. Таму за жал работите не стојат добро, сето тоа ќе не доведе во позиција да го пропуштиме идеалниот период кога би можеле да го решиме ова прашање, а тоа е на почетокот на мандатот на новата грчка влада и на условно речено почетокот на мандатот на нашата влада, затоа што дури во јуни ќе биде првата годишнина од новата влада на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ,“ изјави поранешниот премиер Владо Бучковски.

Надлежните пак велат дека Македонија го дала максимумот за нашето зачленување во НАТО. Од министеството за одбрана велат дека нема простор за сомневање дека властите не сториле се што можат за да го решат прашањето за името и на тој начин да ги отворат портите на НАТО. Се над тоа би било непроценлива штета за националниот идентитет, перспективата и иднината на Македонија, вели заменик министерот за одбрана Емил Димитриев.

Димитриев - Со НАТО ги делиме и пријателите и непријателите
Треба да бидеме многу внимателни и да го очекуваме од Чикаго секој сигнал, да го испитуваме, да го анализираме. Но исто така и тука во Македонија да се почуствува една поголема раздвиженост, бидејќи колку што знам Советот за евроатлански интеграции со кој раководи премиерот мошнеретко или воопшто не се има сретнато во последните две години.
Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО.

РСЕ: Господине Димитриев, ние сме предолго во таа чекалана за НАТО. Дали Македонија останува посветена на стратешкиот приоритет – НАТО, или можеби треба да бараме некакви алтернативни решенија за развој на сопствената безбедност?

Министер за надворешни работи, Никола Попоски.


Во ситуација кога Република Македонија не е членка на НАТО, ние мора да инвестираме во одбранбениот, безбедносниот сектор да се штитиме како земја нечленка на НАТО. Значи да имаме капацитети кои ќе гарантираат почитување на Уставот, бидејќи во главните делови на Уставот тоа е наведено. Се наведени мисиите на Армијата, на Министерството за внатрешни работи, дека тие се грижат за штитење на уставниот поредок, независноста, територијалниот интегритет. Од друга страна, политички гледано, добро е што Македонија склучува договори и со земји кои не се членки на НАТО, а се и во иднина ќе претставуваат значајни фактори на светската политика. Значи алтернативата прво ја гледам во развој на домашните капацитети и во соработка со држави кои на некој начин можат да помогнат во безбедноста на Македонија, а при тоа тоа да не биде на штета на нашето НАТО интегрирање.

РСЕ: На кои држави конкретно мислите?
Апосолутно сме посветени на процесот на заедничко изнаоѓање на решение.Тоа е политика која во континуитет ја водиме и ќе продолжиме да ја водиме.
Никола Попоски, министер за надворешни работи.

Премиерот Никола Груевски и поранешниот грчки премиер Лукас Пападимос.

Јас не би можел да кажам некоја конкретна официјална соработка, меѓутоа на билатерален план Република Македонија е активна со повеќе земји дали се тоа членки на НАТО или не, на некој начин развиваме интензивна соработка во одбраната, во суштина тоа е и од наша полза. Пример, ние имаме блиска соработка со Кина, потенцијалот на оваа држава, па и на безбедносен план е јасен, Кина има 3 милиони активен персонал на вооружени сили. Кинески инструктори по разни вештини борење, карате, ги обучуваат нашите специјални единици. Тоа е пример како Македонија може да соработува со земји кои се подалеку и не се дел од овој блок за кој зборуваме.

РСЕ: Ако станавме цел на терористи, барем според последните случувања во земјата, има ли шанси да се зголеми наклонетоста на земјите членки н Алијансата во однос на нашето зачленување во НАТО?
Може на првиот нареден состанок Македонија да биде поканета, не мора да чекаме нареден голем самит, но како што одат работите веројатно ќе има и друг голем самит на кој Македонија повторно ќе чека.
Никола Дујоски, универзитетски професор.

Стратегијата на овие организаци меѓу другото е да се обидат на направат одредено безбедносно загрозување на земјите кои испраќаат војници на мировни операции, на пример во Авганистан. И Македонија фактички е преставена како земја непријател и оттука гледам дека има простор да размислуваме дека и ние сме „легитимна цел“ на тероризмот. Во однос на тоа дали тоа доведено во корелација ни оди во прилог, јас мислам дека ни оди. Бидејќи нашите партнери ќе видат дека Македонија не само што испраќа свои војници на операции, со нив го дели и ризикот од терористички акции на својата територија. Значи ние со НАТО сме заедно на терен и заедно ги делиме и пријателите и непријателите.

Ништо без името

Во меѓувреме, можноста дека некоја земја членка би можела да го покрене прашањето за членството на Македонија во НАТО по завршувањето на претходниот самит во Вашингтон не се реализираше. Поранешниот амбасадор на земјава во НАТО, Нано Ружин смета дека покрај прашањето за името, земјава мора да се посвети на реформите кои од нас се бараат.

„Треба да бидеме многу внимателни и да го очекуваме од Чикаго секој сигнал, да го испитуваме, да го анализираме. Но исто така и тука во Македонија да се почуствува една поголема раздвиженост, бидејќи колку што знам Советот за евроатлански интеграции со кој раководи премиерот мошнеретко или воопшто не се има сретнато во последните две години.“

Македонија е посветена на своите стратешки приоритети, вели министерот за надворешни работи Никола Попоски. Во однос на прашањето за името, нашата позиција е конструктивна, вели Попоски.

„Апосолутно сме посветени на процесот на заедничко изнаоѓање на решение. Тоа е политика која во континуитет ја водиме и ќе продолжиме да ја водиме. “

Токму прашањето за името е главниот услов за влез на Македонија во Алијансата. А, кога тоа ќе се случи, нема да ни биде потребен самит за зачленување, вели професорот Никола Дујоски од Факултетот за безбедност.

„Може на првиот нареден состанок Македонија да биде поканета, не мора да чекаме нареден голем самит, но како што одат работите веројатно ќе има и друг голем самит на кој Македонија повторно ќе чека.“

На 5 декември минатата година Македонија ја доби правната битка против Грција, откако судот во Хаг пресуди во корист на земјава, односно потврди дека Грција го прекршила членот 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Букурешкиот самит.

Судот утврди дека има надлежност да постапува во однос на апликацијата на Македонија за прекршување на членот 11 од Времената спогодба. Судот заклучи дека обидот на тужената страна да го попречи приемот на апликанотот во НАТО, односно Македонија, претставува прекршување на Времената спогодба. Судот го одби барањето на Македонија да и наложи на тужената срана да преземе мерки со кои ќе и наложи на Атина да ги почитува своите обврски предвидени со Привремената спогодба и да не го блокира македонското членство во меѓународни организации, соопшти Меѓународниот суд во Хаг.

Тоа што претставуваше надеж дека неправдата од Букурешт ќе биде исправена на самитот во Чикаго, пред се поради хашката пресуда во наша корист, набрзо згасна. Генералниот секретар на НАТО Андрес Фон Расмунсен јасно порача дека пресудата нема да влијае на веќе утврдениот став на НАТО за наше зачленување, оти без решение за името, нема да има членство во клубот.

„Македонската официјална политика смета дека пресудата која е поволна за Македонија треба да претставува наша директна влезница за членството во НАТО, додека сите други битни, влијателни референтни меѓународни организации велат дека одлуката, таква, каква што е на судот да биде поттик за интензивирање на преговорите, значи не за директно влегување во Алијансата“, изјави професорот Стево Пендаровски.

Во март годинава земјава беше домаќин на конференција на министрите за одбрана на САД-Јадранската група. Во заедничкиот заклучок на министрите за одбрана на земјите од Јадранската група беа потврдени заложбите на целиот регион за сеопфатна евроатланска заедница во која секоја земја го пронаоѓа своето место и се чувствува сигурно.
Шефот на македонската држава Горѓе Иванов тогаш изјави дека сакаме да бидеме дел од тие што ја градат новата Европа и дека сме силно фокусирани на она што е наш дел од обврските.

„Исправноста на нашето досегашно одговорно однесување беше потврдена со пресудата во Хаг. Почитувањето на пресудата, на меѓународното право и конечно на Времената спогодба налага во Чикаго да биде преиспитан заклучокот од Букурешт“, рече во своето обраќање претседателот Иванов.

Сега кога е повеќе од јасно дека Македонија не е на дневната агенда на самитот во Чикаго, и кога не се знае уште колку долго ќе бидеме во чекалната пред НАТО, некои од екпертите посочуваат дека земјава треба да размисли за други алтернативни решенија за развој на сопствената безбедност.

„Треба своите интереси да ги прошири и надвор од ЕУ и надвор од НАТО пактот, односно и безбедноста и економијата и демократијата да ги развива во соработка или создавање на нови пријателски и интересни односи и со земјите од југоисточна Европа, но и со земјите од азискиот дел, па зошто да не и со земјите од поранешниот Советски сојуз“, изјави Благоја Марковски, претседател на Балканскиот форум за безбедност.

Во ситуација на зголемени тензии и влошени меѓуетнички односи, не може да се исклучи опасноста од нарушување на државната безбедност. Но Марковски предупредува дека членството во НАТО нема да ги реши внатрешните проблеми.

Рамадани пак вели дека Македонија нема друга алтернатива освен евроатланската. Последните случувања по убиствата кај Смилковското езеро и операцијата Монструм во која според МВР беа уапсени приврзаници на радикалниот ислам, според Рамадани го зголемија немирот и несигурноста кај граѓаните. По сето ова тој очекува поголема и поексплицитна поддршка од земјите членки на Алијансата во однос нашето членство во НАТО.

„Овојпат ќе имаме многу посилна политика подршка, но во исто време и барањето овојпат ќе биде многу поексплицитно кон владата на Македонија, да се најде решение за името.“

Во меѓувреме, Македонија и понатаму останува најголемиот контрибутор пер капита во мировните мисии на НАТО. Во моментот 200 македонски војници се дел од мисиите на Алијансата, а тоа досега земјава ја чинеше 85 милиони евра. Ставот на владата и министерството за одбрана останува непроменет. Ние и понатаму ќе учествуваме во НАТО операциите и во согласност со стратегиите на Алијансата, Македонија ќе се однесува како партнер на НАТО. Засега не се планира зголемување на бројот на војници кои ќе учествуваат во мировните мисии, оти тоа според надлежните, ќе предизвика значително исцрпување на државната каса.