Турција ја поддржува Македонија, но НАТО е НАТО

Претседателот на Големото турско национално собрание Џемил Чичек се сретна со претседателот на Македонското собрание Трајко Вељаноски во Скопје.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Џемил Чичек, кој е во посета на Македонија уште еднаш ја повтори турската поддршка во однос на евроатланската интеграција на Македонија.
Барањето на Македонија за членство во НАТО е праведно, но зачленувањето има некои пречки. Тоа членство ќе биде придонес кон мирот и стабилноста на балканските простори, изјави претседателот на Големото национално собрание на Турција, Џемил Чичек по средбата со претседателот на Македонското собрание, Трајко Вељаноски.
Познат е турскиот став околу зачленувањето на Македонија во НАТО и придонесот нејзин отпорано па и сега, меѓутоа знаете како е сега. За време пред Самитот и на Самитот нашите двајца претседатели ќе бидат заедно, ќе разговараат и ќе го направат потребното.
Џемил Чичек, Големо национално собрание на Турција.

„Мирот и стабилноста на балканските простори е голема придобивка за сите балкански земји, посебно на оние кои денес ставаат пречки за зачленувањето на Македонија во НАТО.“

Во однос на Самитот на НАТО во Чикаго и тоа дали Турција ќе го отвори прашањето за Македонија, Чичек одговори:

Претседателот на Големото турско национално собрание Џемил Чичек се сретна со претседателот на Македонското собрание Трајко Вељаноски во Скопје.


„Познат е турскиот став околу зачленувањето на Македонија во НАТО и придонесот нејзин отпорано па и сега, меѓутоа знаете како е сега. За време пред Самитот и на Самитот нашите двајца претседатели ќе бидат заедно, ќе разговараат и ќе го направат потребното.“

Турција и Македонија имаат сестрана соработка, политичка, воена, економска, културна, се согласија двајцата соговорници.
Политиката што ја има Турција кон Македонија за нас е многу значајна и секако Турција која написмено даде подршка во однос на пресудата на Меѓунадорниот суд за правда е значајно за една членка на НАТО која во секој момент дава подршка за Македонија и за зачленувањето во НАТО.
Трајко Вељаноски, Собрание на Македонија.

Претседателот на Македонското собрание се заблагодари за подршката што земјава ја добива од Турција за интегрирањето во ЕУ и НАТО.

„Политиката што ја има Турција кон Македонија за нас е многу значајна и секако Турција која написмено даде подршка во однос на пресудата на Меѓунадорниот суд за правда е значајно за една членка на НАТО која во секој момент дава подршка за Македонија и за зачленувањето во НАТО.“

По средбата со Вељаноски, Чичек имаше обраќање и пред пратениците во собранието. Тој апелираше етничките и културните различностите да не бидат причина за поделби, туку повод на Балканот да се втемелат мирот и сигурноста.

„Македонија е една успешна земја која во овој измешан балкански регион ги надминала проблемите на етнички план. Наша искрена желба е жалосните настани кои се случија во последно време, а кои имаат карактер да ја разнишат слогата помеѓу заедниците, да не фрлат сенка на овие успеси.“

Гостинот од Турција им одржа лекција и за политичко однесување на пратениците, велејќи дека само со дијалот пратениците од различни партии ќе овозможат парламентарниот ситем да функционира непречено.