„Средба со несвесното“ изложба на Ана Цветкоска Панова

„Средба со несвесното“ е насловена првата самостојна изложба на Ана Цветкоска Панова. Во Музеј на град Скопје ќе бидат изложени 40 графички дела во дигитален принт, настанати во изминативе пет години, преку кои таа „ја материјализира визуелната слика на нејзиното несвесно“. Прилог на Љупчо Јолевски
Во текот на изминатите 17 години, период посветен на интензивно творечко истражување и самоистражување, се подлабоко навлегував во определени слоеви на својата свест и потсвест. Во тие длабочини на потсвеста во која отпрвин плашливо, а потоа се похрабро потонував, се повеќе се откривав која сум, што сум, и за првпат вистински се огледував во огледалото на душата. Така започна моето авантуристичко бегство од реалноста, од разумноста, од рамките и границите...
Ова ќе го запише во резимето за својата прва изложба „Средба со несвесното“ -
М-р Ана Цветкоска Панова.
Јас успеав да осознам дека покрај сопственото или лично несвесно постои и нешто многу подлабоко, а тоа е човечкото несвесно, она што се наследува, што секој човек го носи, кога веќе ќе се роди.
Ана Цветкоска Панова, уметник.

„Јас успеав да осознам дека покрај сопственото или лично несвесно постои и нешто многу подлабоко, а тоа е човечкото несвесно, она што се наследува, што секој човек го носи, кога веќе ќе се роди.“

Цветкоска-Панова во Музеј на град Скопје на ликовната публика ќе и понуди 40 графички дела изработени во дигитална техника.

„Дигиталната техника во однос на класичните графички техники ја одбрав поради тоа што дава еден исклучително брз резултат и идејата која веднаш ќе дојде во главата на творецот, може да се реализира со голема брзина.“
Дигиталната техника во однос на класичните графички техники ја одбрав поради тоа што дава еден исклучително брз резултат и идејата која веднаш ќе дојде во главата на творецот, може да се реализира со голема брзина.
Ана Цветкоска Панова, уметник.

Родена 1969 година во Скопје, Ана Цветкоска Панова дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во класата на професор Зоран Јакимовски, под чие менторство во 2011 ги завршила и постдипломските студии во областа на графиката.

Досега учествувала на повеќе групни постановски од кои за издвојување е изложбата Транс-форм во Истанбул од пред три години, добитник е на неколку награди и признанија („Жена на годината“ за едукација според Американскиот биографски институт во 2002 година) и автор и ко-автор на повеќе учебници и прирачници за ликовно образование на најмладите и призната илустраторка на публикации за деца.

Впрочем, токму работата со нив и напорите што подобро да им ја всади љубовта кон ликовната уметност ќе ја доведат до интересни сознанија.
Таа вели дека истражувајќи зошто кругот е првата форма што ја црта било кое дете од земјината топка навлегла во праокеанот на човештвото и стигнала до констатацијата дека тоа е првиот цртеж на најстарите луѓе кога станале свесни и дека тој се пренесува генерациски преку колективното несвесно.

„Дел од мојот проект или мојата тема е поттикната токму од работата со деца од предучилишна возраст. Зошто токму кргот, така и мојата тема се разви од кругот и во моите дела преовладуваат формите во кои некогаш се повторуваат тие кругови и сфери.“