Фокус пишува за пораките на Филе, Глобус за кражбите на икони од црквите, а Капитал ја анализира индустријата.
Вниманието во најновиот Фокус, покрај неколкуте интересни истражувачки стории, го привлекува анализата на однесување на Брисел, покажано преку изјавите на еврокомесарот Филе за време на минатонеделниот престој во Скопје.
Фокус - Чувај се од Филе кога те фали
Насловот на анализата е со интересна игра на зборови: „Чувај се од Филе кога те фали“, а авторот на текстот е заинтригиран зошто толку оптимистички настапил европскиот дипломат. Дали овојпат тој му играше „пиперевка“ на премиерот Груевски? - прашува. Претера ли со фалбите, има ли нешто „во четири очи“ или, пак, тоа е некоја нова тактика на Брисел? Од се' по малку. Прво, педагошки го пофали, како што рече, сопственикот на реформите и на агендата на дијалогот. Но, истовремено, стави до знаење дека одговорноста за остварување на Патоказот е лично на премиерот. Едноставно, пишува Фокус, го охрабри Груевски и го пушти во „ЕУ арената“. Па, сега, тој нека му ја мисли. Се чини дека ова е еден од последните моркови што Брисел и' го понуди на Владата. Од неа зависи дали ќе уследат стапови!
Глобус - Додека црквата гледа чуда истовремено покажува голем немар кон богатствата во нејзините објекти
Најновиот он-лајн Глобус има интересна сторија полна со податоци за тоа колку нашата црква се грижи за своето богатство, па во насловот констатира дека „Додека црквата гледа чуда истовремено покажува голем немар кон богатствата во нејзините објекти“. Следуваат вџашувачки факти дека само за шест месеци од годинава се украдени 50-60 икони од непроценливо културно и историско значење. Минатата година биле украдени 84 икони, а во 2009 година - 79. Се' на се', за неколку децении наназад се исчезнати околу 20 илјади икони! Иако никој не ја знае точната бројка на икони во Македонија, и на постојните и на оние украдените. Ниту една од украдените икони досега не е вратена во Македонија, истражил Глобус, за да поентира дека колку што тежи ова културно богатство толкава е и негрижата на државава и на црквата за заштита од оваа мафија, која има свои јатаци и во сите надлежни институции.
Капитал - Петте проблеми што ја уриваат нашата индустрија
За петте проблеми што ја уриваат нашата индустрија пишува најновиот неделен Капитал: намалувањето на извозот, падот на продажбите на домашниот пазар, скапите енергенси, големите студови и ненавременото плаќање од страна на државата ги намалија приходите и добивките на компаниите во првите три месеци. Поголем дел од менаџерите, тврди Капитал, очекуваат намалените продажби да продолжат, а второто тримесечје од годинава да биде уште полошо.
Фокус - Чувај се од Филе кога те фали
Само за шест месеци од годинава се украдени 50-60 икони од непроценливо културно и историско значење. Минатата година биле украдени 84 икони, а во 2009 година - 79. Се' на се', за неколку децении наназад се исчезнати околу 20 илјади икони!Глобус.