Демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, а настрадаа и два прозорци на владината зграда. Не дојде до посериозни инциденти во Скопје.
Повеќе од 5 илјади Албанци, главно млади луѓе протестираа денеска во Скопје. Протести се одржаа и во неколку други градови каде што живеат Албанци. Повод за протестите се апсењата во полициската акција „Монструм“ во врска со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро од 12 април.
Демонстрантите велат дека протестираат против монтираните процеси и бруталните полициски акции против Албанците. На протестите имаше повеќе луѓе отколку минатиот петок. За разлика од тогаш, сега имаше многу повеќе албански знамиња, но повторно можеше да се забележат и неколку исламски залени и црни знамиња. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Албанците не се терористи“, „Сопот 2“, „Јас сум муслиман, а не терорист“.
Забележавме повозрасни луѓе кои им делеа транспаренти на млади и на малолетни деца. Повторно настрада автобуската постојка кај Владата.
Демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, а настрадаа два прозорци на владината зграда. Редарите главно успеваа да го држат протестот под контрола, но забележавме дека некои млади луѓе ги полнеа џебовите со камења на градилиштето на плоштадот „Скендер бег“.
Протестите официјално немаат организатор, туку се организираат на социјалните мрежи.
Групата извикуваше „Оставка“, „УЧК“, „Убијци“, „Алах е голем“, „Никола терорист“ и „Етничка Албанија“.
Протестот почна по завршувањето на петочната молитва пред Јаја-пашината џамија во Скопје. Од таму демонстрантите се упатија кон Основниот суд Скопје 1 за да заврши пред зградата на владата.
Демонстрантите велат дека протестираат против монтираните процеси и бруталните полициски акции против Албанците. На протестите имаше повеќе луѓе отколку минатиот петок. За разлика од тогаш, сега имаше многу повеќе албански знамиња, но повторно можеше да се забележат и неколку исламски залени и црни знамиња. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Албанците не се терористи“, „Сопот 2“, „Јас сум муслиман, а не терорист“.
Забележавме повозрасни луѓе кои им делеа транспаренти на млади и на малолетни деца. Повторно настрада автобуската постојка кај Владата.
Демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, а настрадаа два прозорци на владината зграда. Редарите главно успеваа да го држат протестот под контрола, но забележавме дека некои млади луѓе ги полнеа џебовите со камења на градилиштето на плоштадот „Скендер бег“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5