Повеќе од 5 илјади главно млади луѓе протестираа денеска во Скопје. Протести се одржаа и во неколку други градови каде што живеат Албанци. Повод за протестите се апсењата во полициската акција „Монструм“ во врска со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро од 12 април. Демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, а настрадаа и два прозорци на владината зграда. Не дојде до посериозни инциденти во Скопје.