Граѓаните мечтаат за брзи здравствени услуги

Илустрација.

Вработување на неколку лекари можеби привремено ќе го реши проблемот во некоја институција, но не го решаваат проблемот на глобално ниво, вели претседателот на лекарската комора Владимир Борозанов.
Со вработување на неколку лекари, нов систем на закажување и пренасочување на пацинетите од една во друга болница ќе се намалат листите на чекање за снимање на компјутерска томографија и на магнетна резонанца во Скопските болници од 3 месеци на 3 дена. Ова е дел од новото ветување на министерот за здрвство Никола Тодоров. Реалност или сон, брзата услуга за граѓаните во градските болници одамна е мисловна именка, па оттаму и нивната скептичност дека ќе закажат снимање во краток рок кое како ветување им изгледа малку нереално.
Тоа е најпотребно, меѓутоа јас не можам да сфатам дека може тоа толку брзо да биде, а ако биде тогаш заслужуваат честики.
Анкетиран граѓанин.

„Се ќе биде, ќе биде ама од тоа ништо.“

„ Не бе, ништо од тоа само го лажат народот.“

„Тоа е најпотребно, меѓутоа јас не можам да сфатам дека може тоа толку брзо да биде, а ако биде тогаш заслужуваат честики.“

Граѓаните велат дека досегашното искуство е тоа што не им дозволува да веруваат дека ќе добијат услуга за која нема да чекаат со месеци.
Јас во декември закажав ланската година за спондилоза, а во мај се снимав, ете толку се чека. Па човек поготово на радиологија, па тој ако чека три или пет месеци може да почине.
Анкетиран граѓанин.

„Чекаме со денови, со месеци за закажување.“

„Многу се чека, каде и да е многу се чека.“

Министерот за здрсвство Никола Тодоров во посета на битолската болница.


„Јас во декември закажав ланската година за спондилоза, а во мај се снимав, ете толку се чека. Па човек поготово на радиологија, па тој ако чека три или пет месеци може да почине.“

Претседателот во заминување на лекарската комора Владимир Борозанов вели дека со краткорочни мерки како вработување на неколку доктори не може да се постигне резултат. Неопходни се анализи и подготовки за рационално искористување на капацитетите на здравството, вели тој.
Не е доволно. Четири лекари каде било нема да го решат проблемот. Проблемот треба да се разгледа голобално, колку навистина рендгенолози, од кој профил и требаат на оваа држава и во кои делови на државата колку на број. Ова можеби ќе го реши привремено проблемот во таа институција ама не го решава проблемот на глобално ниво.
Владимир Борозанов, претседател на лекарската комора.

„Не е доволно. Четири лекари каде било нема да го решат проблемот. Проблемот треба да се разгледа голобално, колку навистина рендгенолози, од кој профил и требаат на оваа држава и во кои делови на државата колку на број. Ова можеби ќе го реши привремено проблемот во таа институција ама не го решава проблемот на глобално ниво“, вели Борозанов.

Тој додава дека дополнителен проблем е тоа што нема доволно квалификуван кадар да ја користи новата апаратура во болниците. Со новита мерки радиолозите ќе треба да работат на норма затоа што мерката предвидува во еден ден да се извршат околу 25 смимања, што повлекува и квантитет што може да влијае врз квалитетот на здравствената услуга што ќе ја добиваат пацинетите.

„Сознанијата, и стручни и сознанијата од кај пациентите, бараат и повеќе и поубава и поквалитетна дијагностика и тука станува тоа тесно грло, така што апаратите сами по себе не можат да решат ништо, ако нема систем во нивната употреба и ако нема соодветен и доволен број на медицински работници кои ќе ги вршат тие услуги“, вели Борозанов.

Министерот најави дека новиот план ќе се реализира до крајот на годината, а планот ги опфаќа Клиниката за Радиологија и двете градски болници во Скопје, кои меѓусебно ќе разменуваат пациенти, а за таа цел веќе се одобрени и осум нови вработувања во „8 Септември“ и четири во Клиниката за хируршки болести. Следните прегледи кои ќе ја опфатат оваа мерка ќе бидат мамографија и ехо-кардиологија.