Во ред е задожување за нови хидроцентрали, автопатишта или за енергетски објекти, а не за жални врби, вели потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Господине Јовановски, додека се чека како ќе помине интерпелацијата за работата на министерот за финансии Зоран Ставрески што ја поднесе вашата партија до Собранието, да се осврнеме на тоа колку ребалансот на буџетот е резултат на влошување на економската ситуација во ЕУ, како што вели владата, а колку на лошо водени економски политики?
Погрешно водените економски политики секогаш се пресликуваат како проблеми во буџетот, така што тие не може да се скријат, тие кога тогаш ќе се појават во буџетот. Ова што сега се случува во буџетот не би било сериозно да се оправда или да се објасни со тоа што се случува во ЕУ, нели нашиот најголем трговски партнер. Станува збор за погрешни економски политики коишто се водат во еден подолг временски период и сега веќе последиците од тоа почнаа да излегуваат на површина и тоа почнаа да излегуваат на површина се порано и се повеќе.
Владата вели дека ребалансот се прави во скоро сите европски земји во сличен временски интервал. За споредба, какви се последиците по владите во други земји?
Не е работата дали е нормално или не е нормално да се прави воопшто ребаланс на буџетот. Нормално е да се прави ребалансот на буџетот во одредени околности, но не е нормално ако сите ви велат на почетокот на годината: овој буџет што се го направиле сте го направиле на начин којшто не е добар, не е реален и тоа ви го кажува главната опозициска партија, ММФ, Светска банка, Народна банка и други институции, а вие и понатаму тврдоглаво си терате и велите не, не добар е буџетот. Кога после тоа правите ребаланс на таков буџет којшто во стартот е нереален, тоа веќе е одраз на една несериозност од страна на владата.
Дали растот од 2,5 отсто е реален и дали и ова штедење е доволно?
Може да се разбере и на поинаков начин прашањето, практично дали прилагодувањето што се прави со ребалансот е доволно или ќе има потреба од нов ребаланс. Тука можам да ви кажам два податока. Едниот е дека ребалансот се прави затоа што приходите недостасуваат за она трошење што е планирано. Е сега, кај приходите потфрлањето е девет проценти, а прилагодувањето со буџетот е 4,6 отсто. Тоа значи дека не целото заостанување сега е скратено во буџетот. Тоа е едната работа, што значи дека владата се надева дека можеби во иднина нешто добро ќе се случи па ќе го компензира тоа што сега не го покрила, а втората работа е дека буџетот е сега повторно проектиран со стапка на инфлација од 2,8 отсто, што е повисока од стапката на инфлација од 2 проценти колку што е проекцијата на Народната банка. Тоа значи дека владата очекува повисоко ниво на цените и поради тоа очекува повисоки приходи. Поради овие две причини не е исклучена можноста, можеби е и реално да се очекува до крајот на годината да има уште еден ребаланс на буџетот.
Владата често ја нагласува приказната дека намалувањето на трансферите за неколку милиони евра нема да се одрази врз навремена исплата на пензиите, исплата на надоместоци за невработените, за здравствените услуги од Фондот, дека нема да има зголемување на даноците. Имате ли конкретни поинакви показатели?
Владата во целава ситуација со ребалансот се обидува да се прикаже како чувар на платите, пензиите, субвенциите, социјалната помош и затоа таа упорно истакнува дека ништо од тоа нема да се чепка, сето тоа ќе си остане и ништо нема да фали и дека поради тоа значително и многу ги крати капиталните инвестиции коишто всушност се она што треба да ја раздвижи економијата, за луѓето да се вработуваат, за да има повеќе приходи во буџетот и тн. Меѓутоа, вистината е дека има трето купче на пари коешто владата љубоморно го чува, го крие и за тоа купче не зборува. Тоа е купчето од коешто владата ги троши парите за практично да си купува рејтинг, од тоа купче за плаќаат рекламите, од тоа купче се плаќаат врбите, од тоа купче се плаќа барокот и фасадите и тн. Е сега, тоа купче владата го крие и од тоа купче не сака да скрати, а всушност може да се сочуваат и платите и пензиите и социјалните трансфери и субвенциите и не мора толку да се крати од капиталните инвестиции ако се скрати од тоа трето купче што владата го чува. Граѓаните треба да знаат, секогаш кога ќе видат реклама на телевизија, тоа значи дека на владата и било поважно на телевизија да оди владината реклама одошто на пример некој да добие подобра здравствена услуга во здравството кадешто со ребалансот се крати.
Сакате да кажете дека не е логично да се планираат проекти како аква-паркови и катни гаражи, а да се намалуваат средствата во основните сектори како што се образованието и здравството?
Видете, тоа секогаш е прашање на приоритети. Владата се луксузира веднаш, во старт, без притоа да ги задоволи основните прашања. Тоа значи дека приоритетите на владата не соодветствуваат со приоритетите на земјата. Таа си има како партија своја логика и практично потезите се насочени за доброто на партијата, а не за доброто на земјата.
Верувате ли дека во време кога за една година имаме локални избори владата ќе одолее на зголемувањето на бројот на вработени во јавната администрација, зашто тоа вообичаено се прави пред секои избори, без разлика што се намалени и средствата за капитални инвестиции?
Владата има сериозен проблем, а тоа е дека после шест години непрекинато владеење на ВМРО-ДПМНЕ ние имаме катастрофална состојба во земјата и сега граѓаните со право се прашуваат, вака ли требаше после шест години владеење на ВМРО-ДПМНЕ да изгледа Македонија преродена, надградена, реформирана, ова ли е таа Македонија, оти ако е ова таа Македонија тогаш тешко на народот. Вие имате ситуација каде што огромната сиромаштија, растечката невработеност се прашања што владата се обидува да ги тргне на страна, народот да не зборува за нив, народот да зборува за лустрација, за некаков сега нов бран и тн., значи тоа е она што владата се обидува да го направи, со ПР мерки да ја сокрие вистината за катастрофалната состојба. Во тие мерки владата во периодот досега не се стегаше да вработува во јавната администрација и кога треба и кога не треба, без разлика дали вработените имаат биро, имаат кај да работат или немаат кај да работат, така што не е ништо исклучено. Веќе кажав, оваа власт првенствено се води од партискиот интерес, а не од интересот на државата.
Сметате ли дека со законот за ново задолжување, со кредитот од Дојче банк од 250 милиони евра, Македонија може да западне во потешкотии со отплаќањето на кредитите?
Ние имаме ситуација каде што во последните три години, значи зборувам за податоци објавени од Народната банка, од крајот на 2008, значи 2009, 2010 и 2011 година, само кон странство, само јавниот долг, не приватниот сектор, само јавниот долг е зголемен за 950 милиони евра. Тоа значи дека секој граѓанин на Македонија е дозадолжен за уште околу 500 евра или секое четворочлено семејство за 1.900 евра. Тоа им е подарокот од премиерот Груевски на сите во земјава за последните три години. Проблемот е што со таква политика – купи ден помини - оваа влада ги пополнува дупките коишто се појавуваат, без разлика дали е пензиски систем, дали е образование, дали е здравство, дали е нешто друго, меѓутоа тоа е неодржливо. Значи ризикот кој се создава е огромен. Зошто? Бидејќи од 2015-та година па натаму, 2015, 2016, 2017, доспеваат вкупно во тие три години повеќе од 1 милијарда евра. Тоа е огромен износ кој Македонија од негде треба да го најде. Клучното прашање околу задолжувањето е за која намена се задолжува Македонија. Задожување за нови хидроцентрали, за автопатишта, за енергетски објекти и тн, е задолжување што секој ќе го поздрави и ќе рече да ова е разумно и има конкретна цел. Меѓутоа ние имаме ситуација во која не гледаме каде отишле парите, ефектите ги нема, а задолжувањето рапидно се зголемува, такашто кога ВМРО – ДПМНЕ зборува за некаков бран не треба да зборува за тој нивниот бран- за нивните козметички кадровски промени, туку треба да зборува за бранот на задолжување и како со тоа Македонија ќе се справи, бидејќи тоа е тоа што граѓаните всушност ги интересира.
Во кои години државната каса ќе биде на искушение кога ќе дојде напатата на каматите?
Владата се задолжува на таков начин каде што најголем дел од парите кои ќе треба да се вратат ќе се враќаат после 2015 –та година, значи таа си рачуна дека од лани 2011 до 2015- та таа ќе се задолжува и троши, а после тоа тој што ќе дојде после неа ќе треба да ги враќа долговите. Оваа власт ја става Македонија на неодржлива патека и ризиците кои произлегуваат од тоа ги става во сериозен ризик во иднина и исплатата на пензиите и одржливоста на здраствениот систем, апсолутно со своето неодговорно однесување владата ги ниша темелите на земјата.
Според економистите секое ниво на долг е високо ако нема динамично стопанско производство. Ако оваа година немаме такво производство, дали е време Владата да почне да размислува со порадикални мерки на штедење во смисла на намалување на плати или отпуштања од работа?
Во економијата имате две ситуации: имате ситуација кога вие можете да носите одлуки, имате простор да донесете одлука каква сакате или сте во ситуација да ги носите одлуките под принуда, во смисла немате избор и морате само тоа што е преостанато да го повлечете како потег. Со она што владата го прави во изминатиот период ја носи Македонија во една зона во која практично ќе нема избор, туку Македонија во иднина ќе мора да влече некои потези коишто се непопуларни.
За да не дојде до тоа СДСМ е длабоко загрижен за она што се случува во економијата, затоа презедовме иницијатива, без разлика дали тоа одговара или не партиски за партијата, црвена папка, партиски мерки ги однесовме во владата и ја повикавме владата ајде за доброто на граѓаните и на фирмите да разговараме, заедно да ги договориме и заедно да ги поднесеме во Парламентот како предлози и на крајот заедно да ги изгласаме и да тргне напред и да спасиме што може да се спаси. Вие од другата страна имате власт која за приоритет го има партискиот интерес а не интересот на граѓаните.
Што планирате да направите во нареднито период? Владата некои од вашите мерки ги отфрли, за кои мерки сметате дека таа треба да ги прифати.
Дефинитивно ние нема да се откажеме од мерките, ние ги дадовме како предлози во Парламентот, но претседателот на Собранието не сакаше да ги стави на дневен ред на оваа седница на владата, меѓутоа ќе мора да ги стави, значи тој не може да ги запре, не може да ги скрие, ќе мора да ги стави. Што е клучно во овој момент? Клучно е да се преживее оваа 2012- та година, тука нема партиски интереси, значи мора да се сочува конкурентноста на извозниците, мора на граѓаните кои немаат леб да им се овозможи да ја преживеат годината. Ние рековме дека во секое семејство во кое нема ниту еден вработен да добива месечен ваучер од 2.000 денари за да можат децата кои растат во такви семејства, а секој петти малолетник според податоците на Заводот за статистика расте во такво семејство, барем да имаат еден оброк во текот на денот. Имавме ние низа мерки кои беа насочени кон тоа да се раздвижи домашната економија, да се свртат фирмите околу себе да можат фирмите нешто наместо од увоз да го купат од домашен производител. Со парите од буџетот да се помогнат оние кои инвестираат, коишто отвараат нови работни места, меѓутоа клучната разлика меѓу СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ е во тоа што ние за секој денар кој излегува од буџетот бараме да се види каков ефект од тоа ќе произлезе, тоа сега не е случај, парите од буџетот ќе излезат ама завршуваат за работи кои воопшто не се приоритет за граѓаните во вакви тешки времиња.