СДСМ денеска поднесе интерпелација за работата на вицепремиерот Зоран Ставрески. Тензична комисиска расправа за ребалансот на буџетот.
Опозицискиот СДСМ денеска поднесе интерпелација за работата на вицепремиерот Зоран Ставрески до претседателот на Собранието, затоа што сметаат дека тој е одговорен за, како што велат, погрешната економска политика со која Македонија е прогласена за најмизерна земја и има највисока стапка на сиромаштија во регионот.
Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ вели дека со политиката што ја води оваа влада не се креира економски развој, туку долгови кои треба да ги платат граѓаните.
„Поради ваквата лоша фискална и економска политика, Република Македонија стагнира, назадува, граѓаните се се посиромашни, а стопанството не може да се извади од тешката неликвидност.“
Предложениот ребаланс на буџетот денеска се најде пред пратениците на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Со ребалансот е предвидено намалување за околу 4,5 отсто, односно намалувањето на вкупните буџетски расходи за 7,6 милијарди денари и намалување на буџетските приходи за 7 милијарди и 390 милиони денари.
Вицепремиерот Ставрески најави дека кратење ќе има во секое министерство.
„Со понудените измени и дополнувања на буџетот првенствено се зачувува фискалната дисциплина преку одржување на буџетскиот дефицит на одмерено ниво од 2,5 проценти од БДП. Тоа е ниво на дефицит кое истовремено овозможува соодветна поддршка на стопанството и економијата во услови на нарушена состојба во европската економија при истовремено задржување на долгот на државата на ниско до умерено ниво.“
Тој објасни дека причините за поранетиот ребаланс е рецесијата во Европската унија која почнала да влијае врз македонската економија.
Опозициската СДСМ најави дека ќе гласа против овој ребаланс, затоа што според нив, владата ќе штеди на се освен на својот комодитет.
„На пример, за патни и дневни расходи и кратите на владата 2,2 милиони евра, за мебел зголемувате за 444 илјади евра или од вашата комоција кратите 5,4 милиони евра. Што кратите од граѓаните? Кратите од здравствената заштита на лицата кои се третираат со дијализа, кратите од лекување на ретки болести, кратите од обезбедување инсулин“, изјави претседавачот со Комисијата Марјанчо Николов од СДСМ.
На тоа реплицираше вицепремиерот Ставрески, кој изјави дека опозицијата доаѓа недоволно подготвена со податоци за дебата, но се користи исклучиво со политички говори.
„Ако саката да дискутирате за тоа за кои проекти оделе средствата исто така сум подготвен со конкретни податоци. Еве за што владата на СДСМ, којашто нели беше домаќинска, не задолжуваше, не правеше лоши работи, ги зима кредитите што ги земаше во периодот 2002-2006. Проект за управување со здравствен сектор - 10 милиони долари, многу беше унапреден со овој проект здравствениот сектор во тоа време. Втор проект за буџетска поддршка 30 милиони долари. За што отидоа да ве прашам со вашето прашање тие пари?“, рече Ставрески.
За власта, ребалансот на буџетот е навремена и адекватна реакција која ќе даде придонес во натамошното одржување на макроекономската и социјалната стабилност, како и за подобрување на ликвидноста на стопанството и остварување на предвидениот економски раст за 2012 година.
СДСМ критикува дека предложениот ребаланс не води кон развој и очекува во блиска иднина владата да предложи уште еден ребаланс. Тие велат дека владата во последниве 3 години ја задолжила земјава за над една милијарда евра.
Албанските опозициски партии сметаат дека комисиската седница е непродуктивна затоа што наместо да се фокусира на она што треба навистина да се скрати и заштеди се зборува за политикантство и докажување кој бил подобар.
Опозицијата предложи вкупно 773 амандмани, а пленарната седница ќе се одржи на 9-ти мај. Седницата беше накратко прекината, откако пратеник од ВМРО-ДПМНЕ упати навредливи зборови кон претседавачот на комисијата.
На пример, за патни и дневни расходи и кратите на владата 2,2 милиони евра, за мебел зголемувате за 444 илјади евра или од вашата комоција кратите 5,4 милиони евра. Што кратите од граѓаните? Кратите од здравствената заштита на лицата кои се третираат со дијализа, кратите од лекување на ретки болести, кратите од обезбедување инсулин.Марјанчо Николов, СДСМ.
Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ вели дека со политиката што ја води оваа влада не се креира економски развој, туку долгови кои треба да ги платат граѓаните.
„Поради ваквата лоша фискална и економска политика, Република Македонија стагнира, назадува, граѓаните се се посиромашни, а стопанството не може да се извади од тешката неликвидност.“
Предложениот ребаланс на буџетот денеска се најде пред пратениците на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Со ребалансот е предвидено намалување за околу 4,5 отсто, односно намалувањето на вкупните буџетски расходи за 7,6 милијарди денари и намалување на буџетските приходи за 7 милијарди и 390 милиони денари.
Вицепремиерот Ставрески најави дека кратење ќе има во секое министерство.
Ако саката да дискутирате за тоа за кои проекти оделе средствата исто така сум подготвен со конкретни податоци. Еве за што владата на СДСМ, којашто нели беше домаќинска, не задолжуваше, не правеше лоши работи, ги зима кредитите што ги земаше во периодот 2002-2006. Проект за управување со здравствен сектор - 10 милиони долари, многу беше унапреден со овој проект здравствениот сектор во тоа време. Втор проект за буџетска поддршка 30 милиони долари. За што отидоа да ве прашам со вашето прашање тие пари?Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.