Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески нуту потврдува, ниту негира дека и него може да го зафати „новиот бран“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Господине Јанакиески веќе подолго се зборува за усогласување на македонската со европската регулатива во сферата на медиумите. Што точно ќе биде опфатено со регулативата која ја подготвувате, а се однесува на медиумите?
Работиме на можни законски решенија со кои ќе се направи потребно усогласување на македонското законодавство со европската директива за аудиовизуелна политика, потоа препораките на Советот на Европа како и пред се законски подобрувања на постојните закони, со што на некој начин ќе ја подобриме ситуацијата во Република Македонија од аспект на законска регулатива во однос на медиумската сфера.
Ќе напоменам дека тоа го правиме заедно со ТАЕКС експерт, имаме точни насоки каде да се движиме и она што е најбитно за целокупнит процес е потоа таа законска рамка, законско решение да биде предмет на една опсежна и долга јавна расправа, бидејќи многу е битно во овој процес да ги слушнеме сите заинтересирани страни, сите конструктивни забелешки да ги вградиме во законското решение, а потоа тој закон би го презентирале и пред Владата и пред Собранието.
Што точно ќе биде вметнато и ќе биде опфатено со тие законски решенија? Што ќе значи тоа за медиумите?
Имаме три цели што треба да ги оствариме со овој закон: Усогласување со европска директива, постапување по препораките на Советот на Европа и подобрување на постоечките законски прописи, тоа значи сите оние забелешки кои ни ги даваа во изминатиот период. Но, исто така многу е битно и вградување на директивата, бидејќи ние како влада сакаме од 1-ви јуни 2013-та сигналот целосно да се префрли на дигитално ниво што е многу битно и за квалитетот но и за прогресот на Република Македонија во делот на аудиовизуелните политики. Тоа генерално се столбовите на законот, а ќе има подобрување и во работата на регулаторните тела, но исто така и допрецизирање на некои одредби кои не беа до крај проследени. Но, сепак тоа ќе биде еден драфт текст кој ќе биде подлежен на јавна расправа и секако ќе бидеме спремни да ги прифатиме сите позитивни критики. Нема нешто што ќе значи ограничување, загушување на слободата на медиумите и тн.
Спомнавте дека станува збор за аудиовизуелни медиумски услуги. На конференцијата во Охрид дел од уредниците кои подоцна пренесуваа ставови и мислења во своите колумни, изнесоа дека сте спомнале дека ќе бидат регулирани и печатот и интернетот.
Не е добро да се зборува за нешто, кога не е видено. Но сепак јас ги разбирам дел од уредниците. Знате воопшто не се планира да се регулираат печатените медиуми, туку ќе се направи евиденција, како што има во многу земји, јас кажав така е и во Словенија и во Германија, идејата е, но ќе видиме што ќе биде на крајот, што ќе излезе на крајот како текст, е да се евидентираат, односно да имаме еден регистар, да знаеме кои се печатени медиуми во Република Македонија. Тоа воопшто нема да биде пречка некој да започне со работа, значи ќе се прави само една техничка евиденција на печатените медиуми во Република Македонија, тоа е идејата.
Значи во основа ќе се регулираат техничките аспекти на работата на медиумите.
Ова што го кажав за печатените медиуми, тоа е предлог. Ќе има допрецизирање во електронските медиуми или телевизиите. Друго е од аспект на веб медиуми. Така да има повеќе типови на медиуми и различна превидена регулација, но како и да е, опфатени се сите медиуми во зависност од типот на медиумите, во зависност од праксата на европските земји ќе има различна регулација, но нема да излеземе од рамките на она што е во Европа, она што е пракса и она што функционира на пазарот. Ние покрај ТАЕКС експертот, побаравме експерт и од Конрад Аденауер, тоа е еден експерт од Германија кој има доста искуство од аспект на организација на медиумите во Германија, и од земјите од регионот, тоа многу ни помогна во концепирање на таа законска рамка.
Спомнавте дека не треба да коментираат нешто што не го виделе, тогаш зошто досега новинарската фела нема увид во она што се подготвува?
За почеток ние во месец декември пред целокупната македонската јавност го презентиравме концептот, односно ја презентиравме рамката за тоа што би сакале да постигнеме со овие измени. Врз база на таа рамка добивме голем број на забелешки од релевантни институции и врз база на тие забелешки и врз база на искуствата и на компаративните анализи, ние подготвивме некое предлог решение кое веќе е во финална фаза можам да кажам, тоа ќе биде презентирано. Значи мора нешто да имаш за да презентираш. Не е логично повторно да излезам на јавна расправа со истата работа. Сега имаме нешто ново да им понудиме на сите заинтересирани страни.
Кога ќе биде презентацијата?
Очекувам многу скоро, во текот на овој месец или на почетокот на наредниот месец.
Велите дека ова ќе биде ставено на јавна расправа. Дали тоа на некој начин може да се смета за дупла работа, со однос на тоа што претпоставувам дека очекувате да стигнат повторно нови забелешки.
За нас најбитно е да има јавна расправа и да се слуште гласот на секој еден чинител на пазарот, без разлика колку ќе трае процесот сакаме да имаме закон во кој на крајот ќе бидат вградени сите позитивни критики. За нас најбитно е целокупниот процес да биде транспарентен и јавен, не менува многу дали расправата ќе трае месец или два месеци, битно е да се слушнат сите чинители на пазарот, бидејќи сакаме да направиме законски решенија кои на некој начин ќе направат добро поле за игра на медиумите во Република Македонија.
Зошто досега не беа вклучени медиумите во изготвувањето на можните законски решенија, немаше ли да биде полесно?
Ќе бидат вклучени во финалниот текст. Ние ја презентиравме рамката, добивме од нив забелешки, врз база на тие забелешки, врз база на искуствата, врз база на компаративните анализи, врз база на експертите што претходно ги споменав, направен е некој текст и сега ќе биде на јавна расправа, така што сега ги вклучуваме.
На последната средба на ЗНМ со евроамбасадорот Орав, ЗНМ се пожали дека владата не ги почитувала роковите и дека оставила впечаток дека само декларативно води дијалог. Тие стравуваат дека со непочитувањето на роковите не се покажуваат резултати. Како го коментирате тоа?
За мене е најбитно дијалогот да трае, бидејќи кога има дијалог може да се најде решение и ние ќе водиме дијалог со повеќе здруженија, не само со едно здружение и со сите релевантни чинители на пазарот и исто како и за сите законски решенија и за ова законско решение треба да се дискутира. Битно е да има дијалог, а преку дијалогот се надевам дека ќе најдеме едно решение кое ќе биде добро, бидејќи ние како влада се прокламиравме дека ќе има декриминализација, а сега остануваат уште некои детали, така што ние она што сме го ветиле ќе го направиме. Има таму некои работи што треба да се усогласат, но ние како влада стоиме се уште зад тоа дека ќе има декриминализација и ќе се дискутира и ќе се води дијалог со повеќе чинители на пазарот.
Тоа значи дека и МАН наскоро ќе биде вклучена во дијалогот?
Па сите релевантни здруженија ќе бидат вклучени во дијалогот.
Повеќе од 350 илјади луѓе поднеле барање за легализација на дивоградби, но само околу 3,5 отсто, односно 10 илјади луѓе, добиле потврда дека нивниот имот е легален. Се добива впечаток дека легализацијата како да подзаглави во втората фаза. Во што е проблемот?
Значи точната бројка е некаде околу 20 илјади легализирани и запишани во катастарот, или точната бројка од пред две недели е 18.500 објекти кои се легализирани и запишани во катастарот, бидејќи имате еден процес каде што луѓето ги легализираат, па малку подоцна ги запишуваат во катастар. Сепак, бројката е добра, но секогаш може да биде подобра, се разбира. Ние ги увидовме сите слабости во претходното законско решение, иако законот беше добар и во соработка со ЗЕЛС направивме измени на законот, кои се веќе испратени во Собранието. Она што го лоциравме како најголем проблем во моментот е тоа што веќе граѓаните не прават геодетски елаборати, а геодетски елаборат е она основно мерење што е неопходно да се легализира објектот и да се запише во катастарот. Ставивме еден рок од 18 месеци дека сите физички и правни лица мораат во тој рок од 18 месеци да ги достават геодетските елаборати до општините, инаку ќе немаат право за легализација, така што на некој начин со ставање на тој рок, претходно немаше таков рок, ќе овозможиме побрзо правните и физички лица да достават геодетски елаборати до општините, а потоа и до кастастарот. Тоа е прв проблем. Втор проблем е, треба општините да го зголемат бројот на лица кои работат на решенија на легализацијата, ако сега работат 3-4 тима да направат 10-15 тима, да вработат поголем број на луѓе за побрзо да одговорат на барањата на граѓаните, а потоа имаше некои технички аспекти. Имаше прашања, а тоа го дорегулиравме во законот, што е ако е една намена во ДУП-от, а има друг тип на градба, на пример во ДУП-от е индустрија, а има изградено куќа или на пример првиот кат е изграден, а вториот кат е само карабина, како тоа да се легализира. Такви технички аспекти се допрецизирани во законот, а исто така ќе ги допрецизираме и во подзаконските прописи. Очекуваме дека со измените на законот што се од техничка природа ќе се забрза процесот на легализација.
Споменавте подобрување на капацитетот на општините. Сега со оглед на тоа што е предизборна година стравувате ли дека тие нови вработувања во администрацијата би можело да бидат протолкувани поинаку.
Не. Јас затоа споменав тоа да биде времено вработување додека ги решат предметите и тоа е во интерес на граѓаните. Граѓаните ги бираат градоначалниците за да им завршат работа, за да им завршат услуга согласно законските прописи. Обврска на градоначалникот е да ја систематизира општината и големината на бројот на вработените да ја направи согласно потребите на граѓаните. Оценуваме дека во моментот мал е бројот на луѓето кои работат на легализација во општините. Затоа градоначалниците под итно треба времено да вработат луѓе кои ќе работат на тој процес.
На што конкретно ќе се крати во вашето министерство со ребалансот на буџетот?
Конкретно во Mинистерството за транспорт и врски се скратија определени средства. Да ви кажам што направивме. На пример за изградба на локалните мостови предвидено беше сите плаќања да бидат оваа година, но општините во моментот подготвуваат проекти, додека да распишат постапка, додека да склучат договори, дел од плаќањата ќе бидат наредната година. Истото тоа го направивме и со други проекти. На пример за изградба на зградата на министерството, министерството ќе биде сместено во новата зграда на министерството за надворешни работи. Дел од градежните работи ќе започнат оваа година, но плаќањето ќе биде наредната година. Нема ниту еден проект да застане, туку дел од плаќањата ќе се одложат, дел од проектите може ќе одат со забавено темпо, но за нас е најбитно сето она што сме го ветиле пред граѓаните да го реализираме.
Тоа значи дека проектите, изградбата ќе тече и ќе се врши годинава, но градежните фирми парите ќе ги земат догодина?!
Не, значи тоа е микс на политики. Значи како што кажав некаде можеби проектите ќе одат со позабавено темпо и ако на пример требало да извршат работа за 5 милиони евра, ќе извршат за 3 милиони, но проектот ќе си тече, можеби ќе има задоцнување од 3 до 6 месеци, но сепак сето тоа ќе го направиме во договор со оние компании со кои имаме склучено договор. Најлошо е на компаниите да не им плаќаш. Сега ние можевме да не правиме ребаланс и ќе кажевме вршете ни работа, ние не ви плаќаме, тоа е најлошо нешто. Тое е еден маѓепсан круг кадешто ако не платиш на првиот, тој нема да плати на неговите подизведувачи и тоа е најлошо. Ние како први менаџери на министерствата треба во соработка со компаниите да се договориме но притоа не треба да се откажеме од проектите, тоа за нас е најбитно.
Започнаа шпекулации со имињата за „новиот бран“ на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив во некои медиуми се најде и вашето име, дека вие од оваа министерска функција ќе заминете на амбасадорска во некоја од европските земји. Има ли вистина во тоа?
Па јас се уште сум министер за транспорт и врски, ја обавувам оваа функција, времето ќе покаже дали тоа е шпекулација или вистина. Времето некогаш е најдобар показател за сите оние шпекулации. Јас го водам министерството секој ден како да ми е прв ден и секој нов ден имам се повеќе мотив и елан да остварувам нови проекти бидејќи во овие шест години успеав да реализирам голем број на проекти, но секогаш има нови предизвизи, нови проекти, така да имам се уште елан да го водам ова министерство.
Потврдувате или негирате можна замена?
Па времето ќе покаже дали ќе бидам амбасадор или не.
Какви промени ќе донесе новиот бран во вашето министерство? Се очекуваат ли тука некои драстични промени, веќе се зборува за смена на некои директори.
Видете ВМРО – ДПМНЕ е на власт последните шест години и дел од луѓето се заморуваат, дел од луѓето веќе не можат да го издржат оваа темпо, дел од луѓето сами сакаат да се одморат, но сепак има и нови сили, млади сили.
Вие лично се чуствувате ли заморен?
Јас кажав дека секој ден работам како да ми е прв ден, но сепак во период од шест години има многу проекти зад мене, има и уште проекти кои треба да се реализираат.