Старите и нови планови за изградба на сообраќајници и булевари се пречка за легализацијата на дивоградби.
Старите и нови планови за изградба на сообраќајници и булевари се пречка за легализација на дивоградбите. Дел од граѓаните кои не можат да го завршат процесот на легализација, се жалат дека со години живеат во неизвесност дали ќе го сочуваат својот дом, затоа што во плановите на општините низ нивниот имот со децении се предвидува да се изгради сообраќајница или пак булевар, но тоа се уште не е реализирано.
Еден од многубројните примери се жителите на Долно Нерези кои се во паника, откако службеникот кој го води предметот за легализацијата на нивните дивоградби, ги одбил со објаснување дека на тоа место има донесено одлука за градење на сообраќајница и стравуваат дека ќе останат на улица без нивните домови во кои живеат повеќе од 50 години.
Благица Тодоровска е една од нив и вели дека ќе остане на улица заедно со целото семејство, доколку се одлучи низ нејзиниот имот да поминува сообраќајница.
„Сега викам дајте да легализираме, ние ќе изумреме, а децата ќе ни останат на улица ако се изгради тој булевар. Ни велат -чекајте, чекајте! Е, до кога да чекаме? Сите си имаат пријатели, кој од овде, кој од онде сите си направија, си легализираа, си направија куќи по 4 спрата, ние останавме така. За нас нема излез никаков, ни лево, ни десно.“
Тодоровска, заедно со уште стотина жители во населбата, собираат потписи за петиција за измена на деталниот урбанистички план.
Но за нив тука започнува голготата, општините со оглед на локалните избори кои се ближат се внимателни и во говорот и во делувањето. Декларативно, градоначалниците велат дека сакаат да им излезат во пресрет на граѓаните, но кога побаравме одговор што ќе се случи со овие луѓе и нивните домови, тогаш топката ја префрлија кај други институции.
Од општина Карпош велат дека градењето на булевари е во надлежност на Град Скопје и дека тие не можат тука ништо да сторат, додека, пак, од Град Скопје велат дека граѓаните треба да си го бараат спасот во општината Карпош затоа што станува збор за детален, а не генерален урбанистички план. На ова, одговорот од општината Карпош е дека доколку град Скопје го измени генералниот урбанистички план, тие по него ќе го сменат и деталниот и тогаш ќе постапуваат.
Многу жители на општините Гази Баба, Аеродром, Куманово, слично како нережани не можат да си ги легализираат нивните дивоградби. Во Куманово околу 3 илјади барања за легализација нема да добијат потврда за легализација.
„Некои поситни објекти, тоа не се куќи, најчесто не се куќи, сигурно ќе бидат урнати, бидејќи не може да урбанизираме нешто што излегува од контекст на генералниот план и особено го руши сообраќајниот систем“, вели градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.
Поранешниот претседател на ЗЕЛС Горан Ангелов вели дека ова е сериозен проблем кој не бил решен во изминативе 20 години и во ваква ситуација има само две можни решенија.
„Значи можна е измена на планот, но ако не постои простор физички, ние тогаш не можеме да зборуваме за легализација. За жал голем дел од тие граѓани ќе останат со празни раце, бидејќи не можете да легализирате ако нема соодветен простор каде во иднина наместо таа предвидена сообраќјница да се предвиди друга сообраќајница.“
Тој додава дека самата легализација на дивоградба не им гарантира на сите граѓани дека ќе им ги легализира објектите, ризикот за изградба на дивоградба паѓа на граѓаните и во одредени ситуации постои можност граѓаните да не добијат ни надомест доколку им го урнат домот поради изградба на сообраќајници.
Сега викам дајте да легализираме, ние ќе изумреме, а децата ќе ни останат на улица ако се изгради тој булевар. Ни велат -чекајте, чекајте! Е, до кога да чекаме? Сите си имаат пријатели, кој од овде, кој од онде сите си направија, си легализираа, си направија куќи по 4 спрата, ние останавме така. За нас нема излез никаков, ни лево, ни десно.Благица Тодоровска, граѓанка на Скопје.
Еден од многубројните примери се жителите на Долно Нерези кои се во паника, откако службеникот кој го води предметот за легализацијата на нивните дивоградби, ги одбил со објаснување дека на тоа место има донесено одлука за градење на сообраќајница и стравуваат дека ќе останат на улица без нивните домови во кои живеат повеќе од 50 години.
Благица Тодоровска е една од нив и вели дека ќе остане на улица заедно со целото семејство, доколку се одлучи низ нејзиниот имот да поминува сообраќајница.
Значи можна е измена на планот, но ако не постои простор физички, ние тогаш не можеме да зборуваме за легализација. За жал голем дел од тие граѓани ќе останат со празни раце.Горан Ангелов, поранешен претседател на ЗЕЛС.