Со изведбата на претставата „Исклучоци од гравитација“ на Американецот Авнер Ајзенберг, утревечер од 20 часот, во МНТ започнува петтото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар – ПАНФИЗ.
Еден мој пријател вели дека ние пантомимичарите на некој начин сме како диносаурусите – скоро да сме исчезнати, но никој тоа не ни го кажал! Ова ќе го забележи американскиот артист г-дин Авнер Ајзенберг или Авнер Ексцентричниот во пресрет на неговата претстава „Исклучоци од гравитација“ со која ќе биде отворено петтото издание на Интернационалниот фестивал за пантомима и физички театар – ПАНФИЗ. Говорејќи за значењето на оваа уметност тој дополнува дека пантомимата не е само основа на театарот туку и воопшто на целата човечка комуникација.
„Пантомимата е основа не само на глумата туку на целата комуникација воопшто. Од таму навистина е жално што не и оставено повеќе простор за изучување на универзитетите и на другите образовни институции насекаде во светот. Има делови од планетата каде и се обрнува посебно внимание и мислам дека пантомимата полека се шири затоа што е универзална. Не зависи ниту од кој било национален јазик, ниту од културата на одреден народ и затоа колку што светот станува поразличен толку повеќе ни треба универзален јазик за полесно да се разбереме. Можеби ова не е вистина, но тоа е она во што јас сакам да верувам!“
По неговиот 70-минутен перформанс кој припаѓа на жанрот физичка комедија, веќе следниот ден ќе имаме можност за средба со прочуеното германско дуо Бодекер и Неандер, последните асистенти на славниот Марсел Марсо и нивната претстава „Дежа ву?“.
Следува аргентинското трио Театарот на Ескобар и Лерчунди кои својот проект „Мимови во акција“ сем на сцената „Потковица“ во Универзална сала, ќе го одиграат и во рамките на манифестацијата „Кочани град на културата – 2012“. Натпреварувачкиот дел од манифестацијата ќе биде заокружен на 28 април со прикажувањето на жанровски интегрираниот проект - „Собирачот“ на ЕМ СТУДИО МУВЕМЕНТ од градот Свети Ѓорѓи во Романија, а за единствената награда „најдобра претстава“ на ПАНФИЗ 2012(патем спонзорирана од Росен Пацов – поклоник на пантомимата од Ботевград, Република Бугарија кој подолго време живее во Париз) ќе одлучува жирито во состав – Дарко Велиќ - пантомимичар, драматургот Дарко Спасов и актерката и режисерка Ѕвезда Ангеловска.
Инаку, од ова издание на фестивалот започнува интегрирањето на пантомимата во разните сфери од живеењето во Македонија, па така по минатогодишната изведба на перформансот на семинарот „Спречување на трговија со луѓе“ благодарение на Германското друштво во Скопје ќе биде промовирано видеото од ова случување, а ќе биде претставен и проектот на УНЕСКО, ПАНФИЗ и Театар Страница – Интеретнички дијалог.
„Работиме со десетина млади луѓе на тема интеретнички дијалог и се обидуваме да ги воведеме тие млади луѓе кои студираат политички науки, социјални науки и тн. во светот на театарот, преку една театарска едукација и преку одредени техники од жанрот на пантомимата“, објаснува Трајче Георгиев, актер, пантомимичар и уметнички директор на фестивалот.
Кон ова само уште информацијата дека ПАНФИЗ со 350.000 денари е спонзориран од Министерството за култура, неговата реализација ја помагаат неколку амбасади во земјава(САД, Сојузна Република Германија, Романија и Унгарија), а на ова издание како коорганизатор се јавува и Театар 007. Конечно фестивалот е влезен во агендата на светските случувања од овој ранг, но за да ги користи благодетите од тоа членство допрва ќе треба да се избори за средства за котизација за учество на некои од овие манифестации.
Пантомимата е основа не само на глумата туку на целата комуникација воопшто. Од таму навистина е жално што не и оставено повеќе простор за изучување на универзитетите и на другите образовни институции насекаде во светот.Авнер Ајзенберг, актер, пантомимичар.
Работиме со десетина млади луѓе на тема интеретнички дијалог и се обидуваме да ги воведеме тие млади луѓе кои студираат политички науки, социјални науки и тн. во светот на театарот, преку една театарска едукација и преку одредени техники од жанрот на пантомимата.Трајче Георгиев, актер, пантомимичар и уметнички директор на фестивалот.