Македонија да се справи со ситуацијата не дозволувајќи да дојде до посериозни последици и да покаже дека е зрела демократија, советуваат експертите.
Моменталната ситуација, тензиите и стравот од нарушување на безбедноста во земјата, влијаат врз нашите евроинтегративни процеси, велат експертите со кои разговаравме. Пред неколку денови и чешкиот премиер Петр Нечес при посетата на земјава рече дека тензиите по убиството на петтемина кај Смилковци можат да влијаат на интеграцискиот пат на земјава.
Сето она што се случува на домашен план влијае и на надворешната политика. Земјата се наметнува како несериозна и неподготвена земја за започнување на преговорите за членство во ЕУ и НАТО, вели професор Алјадин Демири.
„Впечатокот дека овие настани се режирани, дека овие настани ја блокираат Македонија, дека овие настани служат на одредена структура која сака да ја држи Македонија во таков грч, се порака дека имаме незрела политичка елита за вакви евроатлантски интеграции.“
И покрај кризите, и покрај чудовишните настани кои ни се случуваат деновивие, мислам дека македонското општество покажа зрелост, состојбата ја менаџираше на високо ниво и не дојде до посериозни последици, вели поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле. Македонија може да биде пример за другите земји во регионот кои не се членки на ЕУ, вели Чашуле.
„Туку да им покажеме како ние тие прашања ги расчистуваме и во моментот при овие тешки денови да биде пример како еден зрел граѓански мозаик од народи може да се справи со чудовишна ситуација, која никој од нас не ја посакува.“
Алијансата досега не сакала во своите редови да прими земја која има внатрешени проблеми. И сето она што се случува во Македонија на безбедносен план секако влијае врз одлуките на оние кои го мониторираат капацитетот на државата која сака да влезе во НАТО , вели поранешниот амбасадор во организацијата, професор Нано Ружин. Од нивна страна може да има само совети како земјата да се справи со ситуацијата, но не и сожалување врз база на кое би ја примиле земјата во семејството.
„Постои едно јавно мислење во рамките на самата Алијанса кое што бдее, кое што набљудува, кое што анализира, што се случува во една држава, кој може да провоцира, одредени дестабилизаторски инпут елементи, но од друга страна, како што реков, приемот на државата е пред се прашање на консензус и пред се прашање на стабилност на државата.“
Впечатокот дека овие настани се режирани, дека овие настани ја блокираат Македонија, дека овие настани служат на одредена структура која сака да ја држи Македонија во таков грч, се порака дека имаме незрела политичка елита за вакви евроатлантски интеграции.Алјадин Демири, универзитетски професор.
Сето она што се случува на домашен план влијае и на надворешната политика. Земјата се наметнува како несериозна и неподготвена земја за започнување на преговорите за членство во ЕУ и НАТО, вели професор Алјадин Демири.
„Впечатокот дека овие настани се режирани, дека овие настани ја блокираат Македонија, дека овие настани служат на одредена структура која сака да ја држи Македонија во таков грч, се порака дека имаме незрела политичка елита за вакви евроатлантски интеграции.“
Да им покажеме како ние тие прашања ги расчистуваме и во моментот при овие тешки денови да биде пример како еден зрел граѓански мозаик од народи може да се справи со чудовишна ситуација, која никој од нас не ја посакува.Слободан Чашуле, поранешен министер за надворешни работи.